Партизан - Арсенал 2 (коеф. 1.75)
Мое Мислење: Арсенал игра добар фудбал, немаше среќа против ВБА но не мора да значи оти ќе загуби и во Белград. Не се лоши и Партизан ама немат доволно искуство во Лигата на Шампиони и тоа ќе биде пресудно. Можен резултат 1-3
Базел - Баерн М. Х (коеф. 3.1)
- На Баерн им се повредени Робен и Рибери и тешко да постигнат гол. Во првото коло едвај дадеа гол во 80мин. така да денес ќе бидат задоволни со бод. Од друга страна Базел загуби во Романија неочекувано за них а 3 бода против Баерн ќе бидат многу тешки да ги освојат. Можен Резултат 0-0 или 1-1
Рома - Клуж 1-1 (коеф. 2)
- Во Саботата Рома покажаа дека сеуште знаат да играт фудбал. Беа аутсајдери против Интер, но победија со 1-0. Во првото коло загубија од Баерн 2-0, сега ќе морат да се надеват на победи против Клуж и Базел за да влезат во следната фаза. Можен Резултат 2-0
Челзи - Марсеј 1-1 (коеф. 2)
- Челзи игра одлично на домашен терен, мора да победи вечер и да го скрши малерот од 2 пораза во низа (Ман. Сити и ЊуКасл). Од друга страна Марсеј нема на што да се надева во Лондон, уште од почетокот на сезоната играт лошо и не е истата екипа од минатата сезона. Можен Резултат 3-0
Оксер - Реал Мадрид 2-2 (коеф. 2.55)
- Реал ги изненади сите со нерешените 0-0 против Леванте, но затоа ќе се поправа во Лигата на Шампионите. Мурињо вечер можеби ќе му даде повеќе шанса на Бензема кој знае многу добро да игра во Франција, од друга страна Оксер можат да се надеват на некој голем кикс на Реал и одбраната, затоа што оваа сезона и тие како Марсеј играт очајно во Француската лига. Можен Резултат 0-2