Тинејџер извршил онлајн самоубиство

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
266
19-годишник извршил самоубиство пред вклучена web камера откако на тој чин го охрабриле и предизвикале останатите посетители на порталот.

tin-se-ubil-so-prenos-vo-zivo-03.jpg

19- годишниот Абрахам К. Бигс, кој на интернет се нарекувал 'CandyJunkie' и 'Mr Biggs', им најавил на посетителите на еден форум дека таа вечер ќе изврши самоубиство и ги повикал да го следат чинот во живо на интернет.

Модераторите на форумот наводно го игнорирале неговиот запис, претпоставувајќи дека се работи за некоја шега, а некои корисници го навредувале па дури и го предизвикувале да го одржи зборот, пишува News,com.au.

На снимката е прикажан Богс кој како зема таблети пред да легне на креветот свртен со грбот кон камерата. И повеќе не се помрднал. Посетителите на порталот дури тогаш сфатиле дека се работи зе сериозна работа.

Камерата сеуште го снимала неговото безживотно тело кога полицијата влегла во собата. Полицајците се приближиле до телото, му го провериле пулсот, и ја покриле камерата.

tin-se-ubil-so-prenos-vo-zivo-04.jpg

Извршниот директор на Justin.tv, на кој ова видео било објавено, вели дека се очекува и апелира до корисниците да го пријават секој непристоен матријал кој на порталот би се објавувал.

После инцидентот наводно некои корисници ги избришале своите коментари, а модераторите името и презимето на Бигз.

Пријателите му оставиле навистина многу “Почивај во мир“ пораки, а имало и такви кои му ѕвонеле на мобилен затоа што не верувале дека ова е вистина.

Мотивот за самоубиство сеуште се истражува. Момчето на интернет за себе напишало:

“Се посветувам на своите пријатели и семејството и за нив би направил баш се. Навистина сумна сочен кон остврување на целите, знам што сакам да нбаправам од својот живот, и правам се за да стигнам до тоа.- напишал тој.

tin-se-ubil-so-prenos-vo-zivo-01.jpg

http://tocka.com.mk/vest.php?vest=10533

незнам шо да кажам... :jaj:
 
Ни прв ни последен.Пред некој месец имаше линк оставено на форумов за некое девојче што се самоубило поради ремет.
 
Ни прв ни последен.Пред некој месец имаше линк оставено на форумов за некое девојче што се самоубило поради ремет.
Девојчето т.е девојката која била подебелка ставила свои слики на форум за ремет (исклучиво за тоа) и си го добила тоа што го барала, милион коментари за дебелината.
 
испаднал од калта на гетото т.е сега е богат

професорката по мак.јазик во една прилика ни рече дека богати се оние луѓе кои што стануваат славни после смртта, а не оние со многу материјални вредности што поседуваат
 
слична ваква приказна имаше и на овој форум пред година ипол.

кртот, ако ви текиње.
само за среќа нашите модератори и администратори му го спасија животот. ;)
 
хм.. CJ... ова се деси иначе на бодибилдерски форум forum.bodybuilding.com misc одделот.. таму сум и јас член, и навистина настанаа фрки поради ова.. го прочитав насловот од CJ дента, но си реков овој се заебава.. и не го гледав стримингот.. пошо и претходно имаше „обид“ за убиство, и затоа модераторите и овојпат го игнорираа..

рече ке земал 8 ленти Xanax, или нашата верзија дијазепам.. и уште нешто друго..

тоа е .. јбг...
 
xanax и дијазапам не е исто.
ксанаксот е за спуштење, хелексот за дигање.
дијазапамот незнам, ама сигурен сум дека не е исто.
 
па уште мајтап си играт со него ајде бе ајде немаш срце воа ноа...ај ој ти предизвикај ги...со еден збор кажано ГЛУПО!
 
Како не ви е срам на сите што напишавте дека дечкото бил глуп и слични работи. Како не ви е срам?:uvo:
Приказнава е жална и страшна, а вие курташак си играте.
Сите такви бришења како што гледате се избришани. Не сте вие стручните кои ќе го анализирате очајното дете кое се самоубило. Ако имате трошка човечност во вас можете да напишете некое сочуство или да ја прескокнете темава. Никој не испадна попаметен со гнасните коментари.
Страшна работа!!!

А во врска со темава ... се запрепастив кога видов на вести и ми падна жал пред се` за малиот, за неговите, а потоа и за сите кои ќе си носат грижа на совест што не го сфатиле сериозно.
Навистина жалосно, немам зборови.
 
Ако овој пост со првите реченици е против мене извини али јас ли сум крив што он покажал голема храброст дека ќе се самоуби...И сепак ми е жал за него, ама зошто паѓа под туѓи влијанија? Инаку нека почива во мир...
 
Дупла тема...или избришани мислења?
Нели убаво напишав ... избришани мислења. Премногу невкусни беа за да останат и да бидат прочитани од било кој друг.

Ако овој пост со првите реченици е против мене извини али јас ли сум крив што он покажал голема храброст дека ќе се самоуби...И сепак ми е жал за него, ама зошто паѓа под туѓи влијанија? Инаку нека почива во мир...
Тебе не те имав прочитано кога пишував. Иначе не реков дека го оправдувам детето и дека треба да го издигнуваме со аплаузи, само не е во ред да се навредува, посебно не бидејќи е мртво.
Продолжете.
 
Има секакви лудаци и чудаци по светов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom