Тиковите претставуваат неволни, интeрмитентни, стереотипни, репетитивни движења или звуци.
Простите тикови се јавуваат во порана возраст, за разлика од комплексните, сензорните тикови и обсесивно-компулсивното нарушување кои се јавуваат подоцна во животот. Клиничка слика
Тиковите може да се ритмични и неритмични
Клинички се презентираат како: движење (моторни), вокализација(фонаторни), сензација (сензорни).
Дистибуција: лице, врат, ларингс, рамења, аксијално торзо, но можат да се јават на речиси секој дел од телото.Се карактеризираат со јасен почеток и крај. Се јавуваат често, во нееднакви интервали.
Тиковите се на граница мегу волевите и неволевите движења,представуваат комплексен феномен со сензорна, емоционална и волева компонента.
•Пациентот е свесен за својата „мана„( во анамнеза вели:„ја нишам главата„ наместо „главата ми се ниша„) и често се труди да ги инкорпорира тиковите во целоисходни движења за да го избегне срамот.
•На тиковите им предходи неволна, итна, ургентна потреба (нагон) за нивно изведување, а ги следи чувство на олеснување.
•Често им предходи субјективна, сензорна дразба (пр.децата со вокални тикови чувтствуваат гребење во грлото...)
•Детето одлучува кога да го иницира или супримира тикот, но не може засекогаш да ги спречи.(по долга супресија се јавува „rebound„ феномен)
•Преципитирачки фактори: стрес, анксиозност, досада.
Тиковите често се асоцирани со обсесивно- копулсивно нарушување однесување или со синдромот на хиперактивност и намалено внимание.