Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Пелистер-Слога куп финале 2001
Еден од оние незаборавни натпревари е финалниот меѓу Пелистер и Слога Југомагнат одигран на 25.05.2001. Во едно тешко и мачно време за Македонија, а особено за Битола се одигра финалето, што со оглед на противникот, не беше само обично финале. На помалку од еден месец пред натпреварот се случи масакрот кај Вејце. На 28-ми април беа масакрирани осумина бранители, од кој 4-ца беа од Битола. Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски беа хероите од Битола кои го положија својот живот за одбрана на татковината. Веднаш по нивното загинување во Битола започнаа насилни демонстрации кои што траеа неколку денови и резултираа со десетици запалени продавници и домови.
Околу 600/700 Чкембари од Битола со воз се упатија за Скопје. За разлика од денес, кога за натпревар од ваков тип би се ангажирал цел специјален полициски батаљон, тогаш на железничка станица, Чкембари ги пречека и до стадион ги спроведе обична полиција. Кортеото до стадион било хаотично и не било добро организирано. Некаде кај центарот на Скопје се појавила и тогашната прва екипа на Комити, кои дофрлиле на групата дека денес се дојдени да навиват да изгуби Слога.
Чкембари биле сместени на западната трибина а Шверцери кои биле во поголема бројка, биле на источната трибина. Иако ќе звучи, но на тој натпревар немало ниеден инцидент со нив и никаква провокација.
Пред стадион, кортеото од Битола го пречекале и над 200 Битолчани кои во тоа време биле на воените жаришта. Натпреварот заврши со победа од 2-1 за Пелистер и конечно во Битола пристигна првиот фудбалски трофеј.
Во продолжение слики од изданија на Чкембари и Шверцери и неколку исечоци од весници.
Од ова сезона во сеќавање најпоке ми остана во Прилеп гостувањето, многу снег имаше паднато и студ голем ,и голем судир со Прилепската полиција,и плус ЕБР ,ишарани бевме од пендраците големи рани по цело тело ,пендрачење имаше од трибина до автобусите ,и та утакмица со Напредок Кичево ,не знам која сезона беше ,и таму многу тепање ,со полицијата, ко не му дадовме да уапсат наш член, ко викнаа 3 марици засилување од зајас,сега ко ми се вратат спомените какви судири сме праеле со полицијата, буквално глај пукаа ,раце се кршеа ,и на крајо се знај, навивачите криви ,после секој судир одма паѓаше надолу групата ,казни ,повреди ,репресии немаше поке деца да дојдат ,шо и не сме биле цвекиња за мирисање на многу пати али се во свое времеЧкембари/Фк Пелистер сезона 2007/08
Овие години започнуваа или веќе беа оформени одредени подгрупи на Чкембари. Во тој период подгрупите беа многу ангажирани околу мотивирањето на членството да доаѓа на натпревари, изработуваа реквизити, едноставно функционираа. Затоа и масовноста на домашните натпревари беше на завидно ниво оваа сезона. Green Front Јени Маале, Баир, Ultras Ушици, BFC на некој начин се натпреваруваа меѓу себе кој повеќе ќе има на трибина свои членови. Голем минус оваа сезона се гостувањата. Освен против Победа и Вардар на два пати, Чкембари немаа друго гостовање.
Прв натпревар на кој Чкембари започнаа да се појавуват во голема бројка беше третиот домашен меч од оваа сезона, против Работнички. Над 300 Чкембари, односно околу 3.000 публика Под Тумбе Кафе. Наредно коло Пелистер во гости ја победи МЃП, и во Битола ја пречекавме Победа. На трибини полн стадион, 5.000 публика и полн Чкембарски коп. На овој меч бевме околу 500 навивачи, се навиваше одлично и имавме голема баклијада. https://www.youtube.com/watch?v=ZbLnNuI1Th8
Нареден натпревар кој вреди да се спомне е гостувањето во Скопје на 11.10.2007. Четри автобуси и две комбиња, или некаде околу 300 Чкембари беа присутни на Градски. Супер навивање, иако на влез ни запленија доста пиротехника сепак успеавме да направиме солидна баклијада. https://www.youtube.com/watch?v=X8Zq2yrYboI
Наредно нешто навивачко, вредно да се спомне е гостувањето во Прилеп. Натпреварот се одигра на средината декември на студено и снежно време. 120 Чкембари, беа присутни на дербито. Мајмуни не беа ни 50 навивачи.
Играч кој ја одбележа полусезоната беше бразилецот Жуниор кој дојде на позајмица од Литекс. Во змискиот трансфер период во Битола пристигна уште еден бразилец од Литекс, Миранда. Со нетрпение се очекуваше стартот на продолжението на сезоната. Сезоната започна со победа над Цементарница, а нареден натпревар беше против Вардар во Битола. Еден час пред почетокот на мечот, Под Тумбе Кафе немаше игла каде да се фрли. 8000 публика, Чкембари над 1200, Комити не беа присутни. На ова дерби Чкембари имаа огромна баклијада од над 100 бакли, и а Пелистер победи со 2-1. Радоста беше огромна, цел град славеше, се славеше во секоја населба во секое маало. Битола таква еуфорија немала доживеано години. https://www.youtube.com/watch?v=JUzBNgR9uG4
Наредните натпревари стадионот беше полн. Одлична атмосфера со пиротехника и полн коп имавме на домашните натпревари против МЃП и посебно против Победа. Наредна интересна навивачки утакмица е секако гостувањето во Скопје против Вардар. Дербито се одигра на ден пред Велигден. Три автобсуи со околу 150 Чкембари беа присутни. На теренот по долго долго време Вардар го победивме среде Скопје со 1-3 и тоа со хет-трик на Миранда. https://www.youtube.com/watch?v=VkQb4mICrAQ
Фудбалската треска во Битола го достигна врвот. Следниот домашен меч, повторно се испиша историја во посетеност на домашен натпревар. Сликата од натпреварот со Вардар се преслика повторно со Милано. Одлична атмосфера 8000 публика Под Туме Кафе, надополнета со некоја димна, победа на Пелистер од 3-2 и обезбедување на местото кое водеше во квалификациите на Уефа.https://www.youtube.com/watch?v=w2MJ05hBrpQ
Последен домашен натпревар таа сезона беше против Напредок. Повторно одлича посета на стадион и полн Чкембарски коп. https://www.youtube.com/watch?v=67vBJn5P4lc
За противник во Уефа квалификациите го добивме кипарски Апоел. Првиот натпревар требаше да го одиграме на домашен терен. Поради неисполнување на никакви услови на Под Тумбе Кафе, домаќини бевме на Градски во Скопје. Натпреварот се одигра на средината од Јули. Поради големата заинтересираност се обезбеди навивачки воз. Над 800 Чкембари беа на источната трибина на скопскиот стадион. Бројката беше одлична и имавме многу нови транспаренти на ограда. На “домашениот” терен остваривме нерешен резултат со силниот противник, а во Кипар загубивме 1-0 со доцен погодок на домаќините. https://www.youtube.com/watch?v=DTAT2O0at4U
Во продолжение слики од изданијата и неколку исечоци од весници.
taa vo kicevo mozi edna od najbrutalnite da bese barem jas ja pamtam ko takva ni ja zatvorija vratata demek pocekajte avtobuso da dojdi a se gledase avtobuo deka e nadvor i se znaese so sledvaОд ова сезона во сеќавање најпоке ми остана во Прилеп гостувањето, многу снег имаше паднато и студ голем ,и голем судир со Прилепската полиција,и плус ЕБР ,ишарани бевме од пендраците големи рани по цело тело ,пендрачење имаше од трибина до автобусите ,и та утакмица со Напредок Кичево ,не знам која сезона беше ,и таму многу тепање ,со полицијата, ко не му дадовме да уапсат наш член, ко викнаа 3 марици засилување од зајас,сега ко ми се вратат спомените какви судири сме праеле со полицијата, буквално глај пукаа ,раце се кршеа ,и на крајо се знај, навивачите криви ,после секој судир одма паѓаше надолу групата ,казни ,повреди ,репресии немаше поке деца да дојдат ,шо и не сме биле цвекиња за мирисање на многу пати али се во свое време