ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Krivo vi e so vlegovme prva liga
Mesteno bilo za F.c Skopje vaka taka
Se gledame vo kraj na Avgust navijaci
I ne zaboravajte ligata ni e 50 50 so Albancite.....
Nikoj nema nisto protiv vas se nadevam.no ako go bodris fc skopje bodri go i vtora liga treta vas ve nema po 10 godini vo scenava ve zaboraivme deka postoite inace bilo interesno vo zelezarnica sekogas u edna tribina zguzvani 2 grupi pa u poluvreme ke iskocite nadvor nekoj kamen ke frlite pa ve nema so godini.
 
39 ГОДИНИ КОМИТИ ЗАПАД |
РЕЗИМЕ СЕЗОНА 2025/2026

НАТПРЕВАРИ / ДОМА-ГОСТИ

Групата беше присутна на 45 натпревари!
*29 фудбалски и 16 ракометни натпревари.

Вкупно број на гостувања: 13
*9 фудбалски и 4 ракометни гостувања

Натпреварите против екипите од Скопје на кои гостуваше нашиот клуб не се вбројани, додека оваа сезона имавме добра бројка на европските гостувања како на фудбалските, така и на еден од ракометните натпревари против екипата на Мелсунген.

Обработени беа двата европски натпревари против Ла Фиорита и Лозана. На првата иако беше се решено во Скопје, во Сан Марино се упатија стотина членови на групата. Екипите се сместија некој ден порано, а главна точка беше Римини. Цел ден навивање, песна како и кортео до стадионот, каде заедно со УГЕ го бодревме клубот до победа. Покрај одлично навивање, имаше и солидно пиро шоу.

Против Лозана, во бројка слична на таа која беше во Сан Марино пристигнавме дента на натпреварот. Кортео, песна и пиро низ град, а вечерта заедно со УГЕ на стадион. Имаше обид од наша страна да организираме една средба со локалната тифо група но по нивна желба, не дојде до тоа.

Групата исто така гостуваше и три пати на натпреварите на Тетекс и Шалке 04 во знак на поддршка за братските клубови и групи.

ФК Тетекс - ФК Слога Виница (14.09.2026)
ФК Хановер - ФК Шалке 04 (17.10.2026)
ФК Шалке 04-ФК Динамо Дрезден (7.2.2026)

КОРЕОГРАФИИ И ПИРО СПЕКТАКЛИ

Групата реализираше 18 кореографии како и 17 пиро спектакли на домашните натпревари но и на гостински терен. Фокусот сезонава
беше ставен на тоа да се зголеми бројот на корео и пиро во рамки на еден натпревар и што е можно повеќе да се допринесе кон тоа тие 90 минути да бидат исполнети со голем број на навивачки моменти. Целта беше да се издигне групата на едно повисоко ниво, нешто што во голема мера успеавме да го достигнеме, а зацртаното да го оствариме.

Со големата кореографија против Лозана на цел коп, најавивме уште една доминантна и пеколна комитска сезона, која започна веќе со првиот натпревар против Пелистер на кој беше кренато најголемото цртано покривно знаме на групата, а покрај тоа имаше и два пиро спектакли. Потоа следуваше солидна низа на корео/пиро изданија на речиси секој натпревар. Вреди да се истакне кореото и пиро издание против Работнички кога беше реализирана доста комплицирано корео кое бараше од секој член големо внимамие, а самиот коп беше поделен на четири посебни дела. На крајот се испадна како што треба, западот гореше а кореото уште еднаш ја докажа доминацијата и нивото на групата. Строј а не број!

Покрај најголемото цртано покривно знаме, сезонава на натпреварот против Слога ЈМ, кренато беше и најголемото покривно знаме на најлон, буквално на цел стадион на ФФМ, по што следуваше и димнијада околу целиот стадион. Уште еден голем момент за групата која во текот на целата сезона како на дерби дуелите така на натпреварите со останатите противници, забележа солидни и креативни изданија - ,, За Вардар пееме од нозе мали” против Башкими и ,,Вардарови востаници” против екипата на Работнички.

Покрај тоа, сезонава реализиравме и корео на гостувањето во Битола, одиграно во прва полусезона (05.11.2026 година) каде и покрај тоа што се играше во среда, три автобуси со Комити беа на трибините, како поддршка за клубот во борбата за победа!

Кулминацијата на изданијата сезонава беа завршните натпревари против ГФК Тиквеш, РК Еурофарм Пелистер и финалето против Шкендија. Против ГФК Тиквеш беа кренати пет кореографии, што е историја не само за групата туку и за целата тифо сцена, нешто досега невидено кај нас, а секоја од нив со посебен печат и посебна симболика. Вреди да се спомене покривното знаме кое беше составено со делчиња од сите досегашни кореографии со паролата на ограда ,,Немам око склопено”, а понатаму и сите останати (,,ТИФО Генератори”, ,,Молерите” и кореото со двомотките), додека посебен елемент на изданието беше и ретро димнијадата.

Против РК Еурофарм Пелистер беше кренато големо цртано покривно знаме на целата трибина, а во финалето на сезоната против Шкендија беше реализирано кореото со ликот на Исус и парола на ограда ,,Боже чувај го Вардар и Македонија”. Солиден број на запад по што следуваше големо пиро шоу и прослава во парк.

МОБИЛИЗАЦИЈА

Важен сегмент на кој подолг период исто му се придава важност па така и оваа сезона во пресрет на голем број на натпревари имаше и голем број на акции за мобилизација преку кои се поттикнуваа членовите и екипите да работат повеќе и да присуствуваат како на натпреварите, така и на акциите на групата.

Со тек на време овие потези допринесуваат многу, па така најавата пред натпреварот со Ла Фиорита, на само ден пред почетокот на натпреварот, кога имаше само 700 билети продадени, допринесе утредента на стадион да се појават неколку илјади навивачи.

Понатаму, пред натпреварот против Слога ЈМ на ФФМ стадионот беа запалени бакљи во формата на број 1 со што на секој начин се трудевме да мобилизираме и на нашите членови да им ја доближиме борбата која ја водеше групата.

Пред почетокот на втората полусезона беше реализирана акцијата ,,Почнува сезона ќе те видам пак” на која присуствуваа добар број на членови, како најава за полусезоната.

Во таа насока, пред натпреварот против Шкендија имавме отворен состанок, а потоа
како за крај на сезонава го имавме можеби и најголемиот караван на нашата група на кој присуствуваа повеќе од 200 навивачи на клубот и над 100 автомобили.

Важно е да се напомене дека покрај овие главни акции на групата, подгрупите беа на висина на задачата и во континуитет имавме најави од различни страни на градот, што е секогаш најголемиот успех за една група, а тоа е самоиницијативноста на членовите.

МАРКЕТИНГ НА ГРУПАТА

*Нови маички - 3.6.2025
*Нови шалови ,,костур” - 5.6.2025
*нови налепници - 27.06.2025
*нови пешкири 1987 - 1.7.2025
*нови налепници - 28.08.2025
*нови маички ,,Со тебе ќе бидам” - 7.9.2025
*нови шалови ,,за името свето” - 28.10.2025
*нови тренерки ,,1987” - 11.11.2025
*нови бандани ,,ноќна мора/VC” -
*нови ткаени прешивачи - 13.12.2025
*нови маички ,,Богојавление” - 11.01.2026
*нови налепници ,,Вез” - 13.02.2025
*нови селотејпи - 22.04.2025
*нови шалови ,,Вез” - 23.04.2025
*нови маички ,,Вардарови Востаници” 8.5.26
*нови налепници - 17.05.2026

ГРАФИТИ

Сезонава се нацртани вкупно 33 графити, а покрај тоа е реализирана уште една акција, историска за групата, под името ,,Ултра 500 трансформатори” со која беа системски обоени повеќе од 500 трансформатори во Скопје за само два месеци и со тоа градот доби уште еден препознатлив црвено-црн печат.

АКТИВНОСТИ НА ГРУПАТА

,,Биди член - секој ден” - 24.08.2025
Една од најуспешните акции кога станува збор за продажба на членски карти.

,,Во чест на отсутните” - 22.12.2025
Традиционално во чест на сите членови кои не се повеќе дел од нас, беше организиран ревијален хуманитарен натпревар.

Подгрупата Комити Лисиче донираше 300 новогодишни пакети за деца во црквата Св. ,,Петар и Павле” во Скопје. (24.12.2025)

Покрај натпреварите за бодови и титула, бевме присутни во Кочани на хуманитарен натпревар против ГФК Осогово, на кој како група купениот дрес на лицитација решивме да го подариме на млад локален навивач. (07.02.2026)

ЗА ТАТКОВИНАТА

Делегација на групата во неколку наврати присуствуваше на одбележувањата во чест на македонските херои кои дале допринос во борбата за Македонија!

Делегација на групата положи свежо цвеќе пред споменикот на Македонските херои во Волково, Скопје во чест на сите херои кои за време на војната во 2001 година ги положија своите животи при одбраната на Македонија (10.08.2025).

Во чест на 119 години од смртта на Даме Груев, положивме свежо цвеќе во селото Русиново (26.12.2025).

Во чест на 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, групата положи цвеќе во црквата Св. Спас во Скопје, на (02.04.2025)

Традиционално групата присуствуваше и во Мелник, Пиринска Македонија, каде нашата поддршка е и повеќе од неопходна, на сите нас. Во чест на Јане Сандански и во знак на поддршка на Македонците со кои веќе долг период соработуваме во насока на ширење на македонската кауза! (26.04.2026)

Во чест на одбележувањето на смртта на Гоце Делчев, групата положи свежо цвеќе пред неговиот гроб во црквата Св. Спас во Скопје (04.05.2026)

БОРБАТА НА СТРОЈОТ ПРОДОЛЖУВА!
Следува летото и нови активности!
rezime.jpg
 
Back
На врв Bottom