Иако е од страна на фудбалериве песнава, ќе пишам тука, дека е ист случај кај навивачките групи. Да не испадне, секој си го критикува туѓото, а си молчи за своето, еве јас сметам дека е краен сељачизам пеење на песнава за Каролина Гочева од страна на фудбалериве, исто колку што е глупава и дебилна песната со истиот ритам на Дирлада со "Скопје и вашата држава". Особено дебилно ми е тоа што станува збор за личност која има зад себе албуми со наслов Македонско девојче и промовира македонска традиционална музика. Упорно си плукаме по своето што вреди, а бараме кривец во секој, освен во нас самите. Ова “нас“ зборувам како Македонци, а не како членови на некоја група. И ова е и тешко да се искорени, прво секогаш ќе се најде некоја будала што ќе почне песна без да размислува, како и десетина околу што без размислување се приклучуваат водени по ритамот, па дур трепнеш веќе делува како сите да пеат, иако можеби не пее ни четвртина од групата. Почитувам мајтап, закачки, ама нека биде иновативен, а не примитивен. Нека се покаже дека доаѓа од возрасни, зрели луѓе, а не да се покажува сељачизмот по којзнае кој пат. Ова беше сега за фудбалериве, истата приказна е и за навивачите со “И да ми ја понудат“ песната. Можеби некогаш и ќе дојде до промена, се менуваат генерации, сфаќања, можеби еден ден, до тогаш за жал отидоа во заборав доста песни кои се за љубовта на клубот и не се пеат, а просторот го пополнија вакви глупости...