ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Паѓа изданието во втор план, бидејќи трибината повторно изгуби млад редовен член.
Греота...
Испогубивме еден куп млади членови, што од болести, незгоди, срцеви удари итн.
Страшно нешто колку млади умираат изненадно. Деца по 15-20 години што се бават со спортови (ко Марче), до 30-40 годишни навивачи. Од ФА исто изненадно починаа еден неколку млади членови низ годиниве.

Ама и многу дрога се користи (не зборам за конкретен случај, туку општо). Се вежба, се мешаат хемии, алкохол, дрога и толку треба. Премногу ми е криво кога ќе видам некои со кои ко дете сум тргнал на трибина, исушени во мозокот од дрога, со празни погледи. Умрени меѓу живите што се вика... Се' треба да се прави умерено.
Сочуство нека почива во мир златно дете не можам да поверувам упм
 
Браво за комити се гледа дека вложиле многу труд за кореографиите, сепак мислам дека навивањето беше малку слабо еве јас на пример седев на средина на јужна и на многу моменти ги слушав повеќе лозари него комити. Исто така, јужна трибина многу мртва. Знам дека не е навивачка трибина ама сепак луѓето изгледаа како да се присилени да дојдат на утакмица, не знам на што се должи тоа ама ете тоа е мое мислење
Изгледа на различна јужна сме биле.
 
Дени ултрас дете во секоја смисла на зборот ултрас . Живееше за Вардар,таква енергија носеше на трибина што дури и во најлоши моменти трибината знаела да грми поради него и неговата енергија,гласчиште..Нека ти е лесна земја и светол патот брату наш,до следно видување..
 
Не ми е верно уште, ко видов сликава пуштив да видам на месенџер... последно активен пред 5 сати. Жално многу, уште од пред 10 год го знам како голем ултрас уште од дете, преокупиран 24/7 за вардар, за навивање и дружба. Дете шо во 00:00 за нова година можеше да објави статус вардар македонија...
 
Back
На врв Bottom