Најретардирано беше тоа, се сеќавам на една утакмица пред 99 мислам беше Вардар играше фудбал (преку ден) не ми текнува со кого (слабо ме држи меморија) а попладне дерби МЗТ - Работнички. Јас тогаш одев со Лојал фанс и добар дел од тие што беа со мене на трибина отидоа на дербито, дел со МЗТ дел со Работнички. Истите тие што заедно навиваа на Вардар во фудбал се искинаа од мавање после утакмицата во кошарка, тоа беше лудило низ цел Аеродром брканици, тепање, хаос. Како и да е мило ми е што младиве генерации полека полека се освестуваат и дека почнуваат да навиваат само за еден тим како и што треба да биде. Исто така ме радува кај помладиве генерации што не се палат на таа YU 4, партизан, ѕвезда, хајдук и динамо, што во мое време ги имаше премногу. Единствено што ме лути кај младиве е што немаат никаква почит, мора да поработат малку на тоа.