ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Велигденски попуст
По повод велигденските празници започнува нашиот најголем попуст на сите производи!
10% на еден производ
20% на два производи
30% на три или повеќе производи
Искористете ја можноста и изберете ги вашите омилени производи по специјални празнични цени.
Пишете ни во порака за нарачка.
 
Денес се игра словачкото дерби, познато како „Traditional Derby“, најсилното дерби во Словачка и во спортска и во ултрас смисла.

Навивачите на клубот ШК Слован Братислава се познати како Сектор Ц, по нивното стоење во Сектор Ц каде што се наоѓа нивниот копот. Пред тоа, главната навивачка група се викаше „Беласа Шлахта“ (Небесно сина аристократија), додека најсилната подгрупа на хулигани се нарекува „Ултрас Слован Пресбург“.
Тие имаат солидни пријателски односи со навивачите на ФК Збројовка Брно, ФК Австрија Виена, како и со навивачите на Висла Краков.
Сектор Ц има препознатлив италијански стил на навивање, со голем број транспаренти на ограда, барјаци, бакљи и кореографии.
Навивачите на Слован ги следеа неколку скандали со крајно десничарска идеологија. Еден од најпознатите инциденти се случи во 2007 година, кога го прославија роденденот на Адолф Хитлер за време на натпревар, истакнувајќи голема шеталица со неговиот лик, поздравувајќи и пеејќи националистички песни. Исто така, треба да се напомене дека навивачите на Слован се силно антиунгарски настроени и негуваат антиунгарски сентимент, поради што често има екцеси и инциденти со клубот ФК ДАЦ 1904 Дунајска Стреда. Клубот ДАЦ го сочинуваат унгарското малцинство во Словачка. Како кај нас Фк Шкендија што е етнички албански клуб така и кај нив ДАЦ 1904 и затоа често се во конфротации и сукоби.
Од друга страна навивачите на ФК Спартак Трнава се нарекуваат Ултрас Трнава и се наоѓаат во Сектор 3. За разлика од многу други ултрас групи, тие немаат класични подгрупи и фракции, туку работат под едно име ,,Ултрас Трнава".

Имаат пријателски односи со навивачите на ФК Баник Острава, познати како „,Bad Boys“, додека нивните најсилни ривали сe секако, навивачите на ШК Слован Братислава.

Имаат изразен посебен италијански стил на навивање, а на словачката сцена често се рангираат на прво место во однос на иновативните и креативните кореографии. Изгледаат брутално и сурово, на светско ниво дури би можеле лесно да ги споредиме, а специфичен шмек дава и аргентинското влијание, особено преку фрлањето конфети и хартиени ленти.
Јадрото на ултрасите на Трнава е главно составен од провинцијалци и работничка класа луѓе, додека Слован се смета за „урбан“ клуб од главниот град на Словачка Братислава. Навивачите на Спартак се сметаат за пофанатици и полојални, со изразено непријателство кон главниот град, кој го гледаат како средина во која клубовите честопати биле фаворизирани во однос на нив, кои биле деградирани бидејќи се клуб од страна.
Спартак Трнава се смета за потрадиционален и народски клуб. ,,Ултрас Трнава" се рангирани меѓу најдобрите навивачи на словачката сцена во многу анкети, првенствено поради нивниот силен идентитет, бројност, квалитет на кореографиите и изразениот бунт кон главниот град.

Слован и Трнава се одалечени 50 км како Скопје и Куманово, што овозможува масовни гостувања, мобилизација и висок ритам. Дербито датира уште за време на Чехословачка кај што двата клуба беа силни конкурентни и самото дерби доби статус "западнословачко дерби".
Слован се многу хардкор по прашање на идеологија, крајнодесничарски се настроени и на нивните трибини често можат да се видат келтски крстови, естетика околу СС и Тотенкомпф и слично.

ULTRAS SPARTAK
Screenshot_20260227_223809_Chrome.jpg


SLOVAN SECTOR C
Screenshot_20260227_223716_YouTube.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom