Ја бев во едно од тие две таксиња. Требаше да идеме со комбе и ни се залепи дефендер, на кој му направивме кидавела и најдовме диви таксисти кај градежен кај што се ценкавме пола саат за цена и ради тоа закаснивме на утакмица али успеавме да отидеме. Бевме 9 души, така да еден член од групата мораше да јаде педаља пошто не беше во состојба да патува (да не навлагам во детаљи кој и зошто, али маскота лик).
Може да се знаеме!

И прав си, доста далеку од Македонија живеам веќе 10+ години. Од моја генерација што сме иделе на утакмици пола сме раселени (Европа, Америки претежно и јас во Азија). Градот кај што сум сега има популација поголема од сите Екс-Ју земји заедно плус Албанија и Бугарија.

Oд оваа дистанца (и временска и географска), капирам колку сме мали, и светов иде напред, и дека ако сакаме да ги стигнеме другите, во интерес ни е да живееме заедно/соработуваме. Често се лупаме во гради (цел регион сме со сличен менталитет) а сме назад во многу работи. Кога овде ќе кажам дека сум од Македонија, или Балкан, појма немаат кај сме, нити ги занима. Најбрзо кликаме со дечки од кај нас пошто менталитетот е сличен, и колку и да сум бил изватран на политика и такви глупости дома, со време капираш дека на сите ни е во интерес да градиме здрави односи и дека има побитни работи во живот него мржња. Со други зборови, сваќаш уствари колку си сличен кога си во култура што е далечна на твојата.
За Саздо, се слагам и тоа е дно-дна. Да славиш гроб на младо дете ради навивачки муабети кај што 3 од твоите членови губат младост е шупливост и од тоа многу тешко се пере. Се надевам и кај нив дека има здрава струја, али време ќе покаже.
Да не паламудам, не сум запознаен со Тифо сцената во детаљи како предходно кај нас, и нормално незнам што се случува, али од време на време правам муабет со другари што се сеуште активни и понекогаш паѓаме во муабет за кореографии, песни, балканска сцена и тн. Може не сум во право, али поише ми има сенс да созреваат групите со време и растат, созреваат. Може тоа нема да се деси сега, али е здраво да се садат здрави семки за поздрави генерации во иднина.

Поздрав!