Еве нешто оф-сезона од мене: 2017та, Спартак Москва, освојување на титула после долги години.
Спартак Москва има стадион во дел од градот каде што се неколку поголеми клубови близу едни до други. Во Москва има доста клубови со силна тифо струја. Интересно е дека атмосферата на стадион е релативно лабава, најголем дел од трибините се наполнети со фамилии, љубители на фудбал, туристи. Нормално, има и дел кој што е навивачки каде што седат Фратрија (што значи братство, и е чадор термин што опфаќа многу подгрупи во една).
На стадион има стриктни протоколи за влез (со многу обезбедување), мини-ресторани за посетители (за хот-дози, пијачки, коњопои), фан шопови. Јас седев со Фратрија, и приметив неколку работи што се различни од нашиот дел од светот.
Прво, ми падна во очи е дека се навива доста Британски (скандирање, од време на време пеење, со релативно големи паузи). Нема песна да се пее 90 минути, него е поише скандирање.
Второ, во поглед на кореографии, се креваат покривни знамиња со кран (што е веројатно за држење на мрежа позади гол, и доста се инвестира време во нив.
Трето, самата група има тифо субкултури: класични навивачки подгрупи што се Ултра во класична смисла на зборот (корео, песни, секогаш за клубот) како на пример ЗигаЗага, спортисти - што тренираат професионално или полу-професионално боречки вештини за во шума (на пример Гладиаторс), и луѓе измеѓу.
Руската сцена била доста слична на нашата или Екс-Ју во 90тите и рани 2000ти. Најголем пресврт има после еден масовен инцидент меѓу Динамо и Зенит во Санкт Петерзбург, каде што 4 луѓе губат живот (еден малолетник). После ова, групите меѓу градови почнуваат да воведуваат кодекси каде што не се користат оружја и се договараат за средби на раце и со респект за ривалот, спортски се пресметуваат. Не секој во Фратрија е фан на овој модел, али првите екипи/подгрупи им се на таа бранова должина. Имаат доста почит кон ривалите и тоа им е некоја основа зошто е можно да договорат 100/200 луѓе за фајт, и никој да не прекрши правило.
Неколку работи ја смируваат тифо сцената во Русија. Прво, fan ID, што се воведува како одговор на пораст на проблеми со навивачи. Второ, конфликтот со Украина. Најголем дел од групите се воздржани да се изјаснат како се осеќаат по ова прашање, пошто и кај нив има големи разлики по политички прашања (некои се за, некои против, и доста од нив индиферентни). Денес тифо-сцената е малку стишана и кај нив, али бројноста на навивачите е уште огромна и сцената им е интересна за следење.