Не знам на која група си член, дали си битолчанец или кавадарчанец, ама се гледа дека за инает зборуваш некои работи или си некој ретард од оние 10-тина (какви што има и кај нас) што коментираат глупсоти на фб страни цело време.
Како тоа 2 години Комити не кажале ништо против Миленко?
Прво и основно, новите генерации во Комити ВЕДНАШ влегоа во клинч со свињата, уште пред да се објави јавно дека влегува во клубот.
Од сам старт се пееше против него, а на сметка на тоа он почна војна со навивачката група. Пишуваше глупости за наши членови, дури и за нивни фамилии. На крај се усра, остана со обезбедувањето, скриен зад партиската поддршка, со блокиран профил на ФБ затоа што место поддршката која мислеше ќе ја добие, доби сосема друго.
Комити јавно излегоа на пресконференција во која кажаа директно каква уцена добивме - Или Миленко или Вардар нема да постои.
Комити се единствена група која цело финале навивала против управа и не прифати наместена титула. Главната кореографија беше против Миленко.
И ти доаѓаш и викаш 2 години никој ништо не направил против Миленко.
Ваљда си бил во подрум.
Кога НИШТО не вреди со плод, групата донесе одлука која за мене е неприфатлива и требаше да се оди контра па макар се распаднеме. А тоа е навивачката група да тера своја приказна, престанува војната меѓу двете страни, со статус кво, никаков контакт. Групата си тера со свои финансии, единствено по барање на управа пуштаат еден автобус за Лозана, за клубот да има поголема поддршка во реваншот од второ квалификациско коло.
Се тера неутрално една полусезона, скоро со никаков контакт со играчите кои не доаѓаат ни да се поздрават со публика.
После се случуваат внатрешни преписки, кои засега се решени.
Ако некој губи од Миленко, тоа се Комити, затоа што имаш газда на клуб кој никој на светот не би го сакал. Па на 90% од луѓето што ги знам им се повраќа од моменталната ситуација и единствено одат на стадион ради групата.
Инаку, за Кавадарци ме врзуваат многу работи, близок сум бил со бивши воџи, дружам или сум дружел со кавадарчани кои биле Лозари, со луѓе кои пратат спорт итн. Често одам, што веќе го знам градот како Скопје и кај најблискиве другари од Комити веќе добивам надимак Лозарот

Групата последно време на обични утакмици е составена од ептен помлади членови (да не речам деца до 15 години) и неколку постари и е во толку мала бројка што апсолутно никаков фактор не е во споредба со лик ко Мито. Може да ги згасне за 5 минути ако сака и за разлика од порано, истиот има ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА врз групата.
Вакво корео без негов амин, нема теорија да помине и се гледа дека он води некоја битка со ФФМ на овој начин. Не знам кои му се задните намери, дали сака да го откачи клубот и да рече ете ФФМ намерно не згасна, дали сака да издејствува рефлектори и реновирање, Господ знае.
Кој што сака нека каже, не може Лозари толку гласно да се бунат за форсирањето на Вардар од ФФМ кога:
1. Апсолутно не влијае на нивната позиција.
2. Притисок да пуштат на Вардар имаа откако два пати изиграа сомнителни 1-4 со Шкендија и тоа мина без никакво бунење од публика. Имаше и ливчиња со големи уплати за вториот меѓусебен дуел. Се вадеа демек Шкендија била прејака, за истата таа екипа да изгуби дома од Пелистер и Башкими. Факт е дека Тиквеш мести утакмици во вторава полусезона, ама на Лозари им сметаше баш што им пуштија на Вардар.
3. На крајот од денот, Тиквеш е тој кој се согласил да излезе со младинци против Вардар. Дополнително, забранија коментари на ФБ веднаш по дуелот. Не гледам некој да ги критикуваше управата од клубот, туку лошиот Миленко им наредил да играат така.
4. Младите категории се во толку лоша состојба што немаат терен за тренирање. По ФБ родителите плачеа дека ги шетаат до Марена за да тренираат, дека им земаат пари итн. Убедливо беа последни во многу категории, а ги фатија и како играат со лажни легитимации. За сите овие работи, никој не се пожали од Лозари.
5. Теренот е во очајна состојба. Трибините нереновирани (освен таа од страна на паркот). Соблекувалните крш.
Паркот среден, погледот на стадионот распад систем. Пола Кавадарци го купи Мито, пари чекал од ФФМ за реновирање. Салата исто. Важно затворен базен гради до стадионот.
6. Клубот на почеток на сезона отиде во раце на турци. За спортски директор беше назначен шпон, кој дојде од Слога. Никој ништо не зуцна.
Значи, не може на групата да не и сметаат овие работи и единствено трн во око да и биде Вардар.
Од друга страна, не може со Шкендија да има 15 души на трибина, а со Вардар на гостување со младински состав, да има 70

Не може Вардар да се дочекува на нож, а со играчите на Шкендија да си прават селфиња.
Секакво право имаме да јадеме гомна дека повеќе не мразите нас отколку овие што не не признаваат како нација. Не зборуваме тука за умрени клубови ко Арсими, Беса, Воска, туку за клуб што има група со име Балисти, што ти свири химна, ти скандира УЧК, не ти почитува минута молчење на починати 60+ деца во Кочани итн.
Да извадиш вакво корео е тежок резил.
Кавадарци е највмровски град во моментов. Полека, но сигурно станува идното Кратово под време на Ѕинго. На сметка на тоа што се одржува градот, се гради мол (со години) и ќе има Лидл, живурка со млади ради фабриките во околината, има ноќен живот на некое ниво, Митката буквално ја купи секоја педа земја. Почна да шиба згради ко во Скопје, во околните села се' што вреди е негово, во кафаните само негови пијалоци (му пркосат некои уште), се појавија новонастанати локални шерифи, ги дупчат лозарите (земјоделците) за откупот итн.
Муабетот ми е дека толку е станат како кмет во градот што никаква спротивставена идеја не смее да се појави. Лозари директно се финансираат од клубовите, односно од Мито и они го прават она што баш можевме и ние да го направиме.
Земај си пари од Миленко (О.К.), терај си свој филм, ќути си и не се буни за ништо. Превоз бесплатен, карта не се плаќа

И ваква група да те обвинува за тоа дека си спонзориран од партија...

Место да си тераат свој филм, убаво си навиваат редовно на ракомет и фудбал на домашни утакмици, да земат почесто да гостуваат, освен со Вардар да имаат некоја утакмица која ќе се памети и против друг клуб, да бараат промени во фудбалот во Кавадарци и да бидат некаков фактор во истите. Дај боже Тиквеш да ни биде конкрент за титула, заедно со други македонски клубови. Убава навивачка енергија има градот, графити на секој чекор, еден клуб зад кој стојат сите. Греота е што за повеќето поважно им е Вардар што направил (после секоја објава за утакмица на Вардар има по 10000 коментари од кавадарчани и битолчани), отколку да си го гледаат својот двор.
Им чинеше и на двата клуба кога добија поклон куп титули, ама тогаш арна беше лигата.
П.с. кога веќе се зборува за Миравци. Тиквеш се фузираше со Љубанци, по вмровска линија. Јохан му го даде клубот на Мито. За разлика од нас, пола година играа под име ФК Љубанци.