Мене ме радува што во Комити си остана тоа да никој не коментира по фејсбуци и инстаграми, а и повеќето не ни имаат профили. Има неколку што океј дискутираат и 2-3 пациенти кои не се дел од групата, што знаат да коментираат на фб секакви глупости, мислиш се некои воџи на Комити. Во реалноста еден од тие што највеќе лупа глупости во коментари личи на Боки 13 и шета пудлица низ град, од дома не го знаат дека постои.
Не ги знам веќе помладиве членови на другите групи, ама каков канцерај има во коментариве од битолско/кавадаречка страна и од постари фаци, срам да те фати.
Нема објава за Вардар или Комити каде што нема едно 50 души да се наредат со глупи коментари. Не знам што треба да ме натера да се замарам на секоја објава да коментирам едно исто и да ширам лаги и невистини.
Еве за вчерашнава случка, коментари на фаци на балканскиве страни на фб.
Прегледај го приврзокот 454469
Ова се битолчани. Значи автобусот празен бил?
Одиме во Кавадарци.
Прегледај го приврзокот 454470
Пишал дека сме бегале за баражот, а Комити им прават собир во Росоман саати пред утакмица и доаѓаат со коли на стадион саати пред утакмица. Напаѓаат само една комитска екипа од стари Комити и рандом други луѓе дојдени за натпреварот.
Претходно два напада јадат во свој град, од кои едниот влетување во сопствена сала.
Лани двајца воџи јадат шамари откако напаѓаат еден постар член на комити и вработен во клубот и после тоа ТУЖАТ ДЕКА СЕ НАПАДНАТИ.
Им парадираа 2000 шпонови во два баража за два дена, 0 напади имаа.
Се изнаславија наместен куп, а серат дека Вардар го местеле. Им најдоа турски газди, клубов им оди кон бездна, они наше гајле берат.
Секој да си го гледаше својот двор и да не чекаа да дојде Вардар за да се соберат повеќе од 50 души и да направат корео, тифо сценава ќе беше далеку подобра.