ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Последно уредено:
Денес пративте, веднаш ви беше испратен одговорот, повели слика.

Секој пост ти е лага до лага, среќа што за се има докази, освен за тоа дека паролата ,,Дојде главната група" е напишана на стадион, иако ваши членови и Чкембари со маички, беа веднаш до Комити за да гледаат се што се случува во копот и повеќе од јасно е дека ќе се забележеше тоа. Ама лажи си се, исто како и пред година дена. :)

А поголеми плачковци од вас немало ниту ќе има. Почнувајќи од најистакнатиот ,,воџа" кој бега од ситуација 2 на 2, додека неговиот другар останува и јаде ќотек од екипа 45+ :)

Тој па е посебен случај, нападна, се изрезили пред цела јавност, па уште и пријави во Полиција напад и дека бил повреден во главата. Е па има ли бе поголемо дно?:)

А ,,тивко, тивко" беше во Охрид, каде што копот ви беше празен, дур вие уште еднаш одлучивте помеѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер да го изберете второто.

Затоа, жити се не се резили со вакви глупости. :)
Сега ќе излезе дека касно им стигнал емалот и нема да дојдат, дека немаат време да се организираат.
 
Продолжуваме со уште посилно темпо!

Среда, повторно сите во сала, да ги бодриме нашите ГЛАДИЈАТОРИ, во уште една битка, и нова голема победа!

Работите сакаа точно така да се поклопат и на големиот ден 23 Октомври, денот на основањето на Македонската Револуционерна Организација, ние сите здружени, рамо до рамо, да бидеме дел од РИБАРСКАТА ЧЕТА и гласно да запееме за Охрид и Македонија!

:oeoeoe::oeoeoe:
 

Attachments

  • FB_IMG_1729529452682.jpg
    FB_IMG_1729529452682.jpg
    60,6 KB · Прегледи: 25
Ако успеат да се задржат тие три четири помлади екипи за 10 години би им немало рамен.
Ова е муабет на секоја група која што после години стагнација, доживува мал подем :D
Не за 10 години, јас ќе се кладам дека за 2 години од сега, 95% од тие нема да одат на трибина. Нека ги надраснат средношколските денови прво, па ќе правиме муабет, ќе заборават салата каде е.

Во сите македонски групи да преброиш колку од тие што оделе пред 10 години, редовно одат и сега, се кладам дека не се повеќе од 100 луѓе, од кои 90% се кај Комити и Чкембари.
Колку вакви генерации сум поминал на трибина. Ќе се појави некоја маалска екипа, ќе биде ука бука една сезона, ќе се истакнуваат и после ќе ги видиш само на некој јубилеј по 100 години, како дремат, не пејат, мислат се некои заслужни членови.
 
Продолжуваме со уште посилно темпо!

Среда, повторно сите во сала, да ги бодриме нашите ГЛАДИЈАТОРИ, во уште една битка, и нова голема победа!

Работите сакаа точно така да се поклопат и на големиот ден 23 Октомври, денот на основањето на Македонската Револуционерна Организација, ние сите здружени, рамо до рамо, да бидеме дел од РИБАРСКАТА ЧЕТА и гласно да запееме за Охрид и Македонија!

:oeoeoe::oeoeoe:
Како ни тргна работава во последно време камо вака да продолжит, уште ГФК да си го вратиме на нозе и никој не ни мојт, ГРК играт Европа, копот наш е полн, на еден од најголемите празници во Македонија имат утакмица кј шо сме сите слободни, буквално Узуновци, фантазија. :pistoldz:
 
ФОТОГАЛЕРИЈА:
ПЕЛИСТЕР 0:0 Слога (шкупи)

Како и шо најавивме...
"Утакмица после која ќе се зборува во јавноста"

Моќно чкембарско издание кое боди очи кај непријателите, но

ТУКА НЕ ЗАСТАНВАМЕ РЕЖИМОТ ПРОДОЛЖУВА!

Утре ПЕЛИСТЕР игра во купот на Македонија против Детонит во Битола на домашен терен.

Време е да ја почувствуваме и победата!

УТРЕ СИТЕ НА СТАДИОН 14Ч.
ПЕЛИСТЕР - Детонит (куп на Македонија)

ГАЗИ СЕ ПРЕД СЕБЕ И ЧКЕМАБРИ ДА БИДАТ
ГОРДИ СО ТЕБЕ!!
1000001794.jpg
1000001795.jpg
1000001796.jpg
1000001797.jpg
1000001798.jpg
1000001799.jpg
1000001800.jpg
1000001801.jpg
1000001802.jpg
1000001803.jpg
 
БИДИ НА ГОТОВС - БИДИ НА ЗАПАД!

Народот го брани својот клуб!
•РК Вардар - РК Порто [22.10.2024]
•ФК Вардар - ГФК Тиквеш [23.10.2024]

Црвено-црната армија од денес е ставена на највисоко ниво на борбена готовност. Потребна е ОПШТА МОБИЛИЗАЦИЈА НА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ - ВЕДНАШ!

Вечерва во СЦ. ,,Јане Сандански" и утре на Градскиот стадион во Скопје, нека ја видат сите силата и сплотеноста на навивачите на Вардар. Нека грмне нашиот заеднички став од полната западна трибина!

Собирот денес започнува во 19:30ч. пред влезот на салата, наменет за нашата група.

Билети ќе се продаваат на собир:
•100 денари со членска карта
•200 денари без членска карта

НАРОДЕН ФРОНТ - ЗА ВАРДАР!
 
Одлична атмосфера денес на Вардар - Порто, на моменти Јане пак грмеше како во старите добри денови, супер најава за утрешниот куп натпревар со Тиквеш каде јасно ќе го кажеме нашиот став.

Падна и запросување, нека му е со среќа на нашиот другар од трибина, среќни и вечни да се!
FB_IMG_1729634021457.jpg
 
Последно уредено:
131 година ВМРО!

Братски поздрав од Узунов и Револуционерен Охрид!

Најчистиот, без ни една дамка, душата на организацијата!

Нека е за многу години!

Да живее НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА :oeoeoe:
 

Attachments

  • FB_IMG_1729638028171.jpg
    FB_IMG_1729638028171.jpg
    92,8 KB · Прегледи: 47
  • FB_IMG_1729638030494.jpg
    FB_IMG_1729638030494.jpg
    49,4 KB · Прегледи: 47
  • FB_IMG_1729638033135.jpg
    FB_IMG_1729638033135.jpg
    72,5 KB · Прегледи: 40
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom