Tibicos (Воден кефир)

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
@ Vanlok-си пробал од млечен кефир да добиеш воден?Има ли предности водениот кефир во однос на млечниот?
Не ама планирам деновиве да пробам (да направам воден кефир со зрна од млечен кефир).

Предности на воден кефир?
Ако имаш проблеми со млечни производи, тогаш воден кефир е решение/опција. Нутриционистички и здравствени предности нема (во однос на млечен кефир) ама сепак задржува доста од добрите особини на кефирот.

Проблем е што се прави со шеќер. Но при ферментацијата се троши 80% насто од шеќерот а тоа што останува е генерално фруктоза и понешто глукоза. Од друга страна со соодветни додатоци за вкус (лимун, џумбир, сушени овошја:грозје, смокви итн) може да се добие нешто како (полу)газиран освежителен напиток кој е далеку поздрав од газираните сокови како Кока Кола, Пепси, Спрајт итн итн. За вкусот, нормално тоа е лична работа но од здравствен аспект ваквиот кефир е неспоредливо поздрав од набројаните комерцијални газираните сокови.


Чисто од здравствен аспект, ако се мислиш помеѓу млечен и воден кефир... по мене покорисен е млечен кефир.
 
дали некој успеа да најде воден кефир , да даде да го размножиме пак??
 
многу ми се намножи водениот кефир , кој сака да му дадам нека пише!!!!
 
Воден кефир дали има некој да ми даде? Со мојот мислам дека нешто не е во ред бидејќи воопшто не се размножува скоро една година.
Инаку вишокот комбуха/кефир-млечен и воден е корисно да се јаде, особено при запек, односно ако добивате дијареа, земајте во многу мали парчиња.
 
Здраво, да прашам нешто, вчера добив култура за кефир, и пошо прв пат во живот се срекавам со такво нешто, си мислев дека е млечен па веднаш го ставив во млеко да преноки, но од утрово читам и ми се чини дека јас всушност го имам водениот кристален кефир, дали мислите дека го оштетив и можам ли истата култура сега да ја измијам и ставам со вода? Исто ако има некој кој знае од каде да си порачам култура за млечен кефир
 
Ако е воден кефир, само убаво изплакни го со ладна вода, и потоа стави го во соодветна средина: незагреана вода, шеќер, +состојки по желба (свежо или сушено овошје, итн).

За млечен кефир пријави се овде:
http://forum.kajgana.com/threads/Кефир.66444/
Само да знаеш моментално има многу пријавени за маја, и не можам да постигнам да им дадам на сите што бараат (барем не без озбилно чекање). Мајата секако расте количински, и по некое време треба да се одстрани... а нема подобра намена за вишокот освен да подариш на некој на кој му треба. Штета што луѓето не ја следат таа тема одвреме навреме откако ќе добијат маја (култура) за кефир, пошто нели ако никој не подарува маја тогаш ни тие немало да добија од некој.
 
Собна. Ако е добро за тебе, добро е и за него. Пониска температура = поспора ферментација, и обратно.
 
25-27 ми е дома цело време, мислев да не е многу иако еве веќе цела недела е супер.

Ама паника дека животинче чувам, па сакам да му е убаво. :)
 
Тоа е бајачки топло, ама во границите на поднесување. Така вајаги бурна е ферментацијата, можни се појави на „чудни“ вкусови, повеќе алкохолен состав, итн... Можеби е подобро да го ставиш не некое понезагревано место, кујна? ходник? 20с до 24с е идеално.
Важно е и да е на темно, и никако на директна дневна светлина (посебно не на сонце).
 
Темава ја имаше создадено и пред тоа, но не е активна неколку години затоа решив да создадам нова. Има големи придобивки од водениот кефир и би сакал да знам каде можам да го најдам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom