The White Lotus

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
18.090
Поени од реакции
45.599
Локација
Скопје
1743797593460.png1743797614328.png1743797632037.png

The White Lotus е американска црна комедија-драма антологиска серија креирана од Мајк Вајт за HBO. Премиерата ја имаше на 11 јули 2021. Серијата ги следи гостите и персоналот на луксузен глобален ланец на ресорти за одмор кој се вика The White Lotus. Првата сезона е снимена и сместена на Хаваи, втората на Сицилија, третата во Тајланд, а четвртата е планирано да биде сместена на Миконос, во Грција. Серијата добила зелено светло во октомври 2020 како мини серија, но подоцна е променета во антологиска серија (секоја сезона е различна приказна, со само неколку ликови кои се вкрстуваат).

Серијата е многу фалена од критиката за сценариото, глумата, хуморот, и продукцијата и како таква има освоено многу награди меѓу кои: дури 15 ЕМИ награди меѓу кои и награда за најдобра limited или антологиска серија и два Златни Глобуси, меѓу кои исто така за најдобра limited серија. Џенифер Колиџ освои неколку награди за портретирањето на нејзиниот лик Тања во првите 2 сезони меѓу кои и 2 ЕМИ и 1 Златен Глобус.

Приказната е едноставна: група посетители одат на одмор во луксузен ресорт и серијата ги следи нивните десетина дена одмор, како и истите денови на дел од персоналот во ресортот. Интеракциите на посетителите на ресортот се под влијание на нивните различни психосоцијални дисфункционалности. По секој поминат ден некоја нова заврзлама се појавува и ги спречува и гостите да уживаат во одморот, и персоналот да си ја работи работата.

Во првата сезона во главните улоги се: Мареј Бартлет, Кони Брајтон, Џенифер Колиџ, Александра Дадарио, Џејк Лејси, Британи О'Грејди, Сидни Свини, Стив Зен, Наташа Ротвел и Моли Шенон.
Во втората сезона: Ф.Мареј Абрахам, Џенифер Колиџ, Адам ДиМарко, Тео Џејмс, Том Холандер, Мајкл Империоли, Обри Плаза, Вил Шарп, Симона Табаско, Лео Вудал и др.
Во третата сезона: Лесли Биб, Кери Кун, Валтон Гогинс, Сара Кетрин Хук, Џејсон Ајзакс, Мишел Монахан, Сем Нивола, Наташа Ротвел, Патрик Шварценегер, Ејми Лу Вуд, Сем Роквел, Скот Глен и др. Еден од ликовите во оваа сезона требаше да го глуми српскиот актер Милош Биковиќ, но во февруари 2023, заради наводната поддршка на руската инвазија на Украина, истиот беше исклучен од кастот за серијата и беше заменет со бугарскиот актер Јулијан Костов.

Во јануари 2025 серијата е обновена за нова, четврта сезона која ќе се случува на Миконос во соседна Грција. Моментално во тек е третата сезона на серијата и може да се следи на Max платформата. Ова е уште една серија која е доста ценета и следена на форумов, но до сега никој не отворил тема за неа. Па еве, бујрум!
 
Како разочаран ентитет од Severance дали да гледам Белиот Лотус? Имињата ветуваат, а приказната?
 
Како разочаран ентитет од Severance дали да гледам Белиот Лотус? Имињата ветуваат, а приказната?
Не е толку мрачна оваа серија како Severance. Црна комедија е, мислам дека ќе ти се допадне.
 
Две епизоди изгледав и не можам да сфатам зошто толкав хајп околу серијава. Сега за сега, не ми се допаѓа.
 
Јас ја изгледав скоро цела уште финалето на 3та сезона ми остана, првата сезона беше најинтересна со најдобра музика а третава сезона најслаба.

Тие што очекуваат класична комедија ќе бидат разочарани, поблизок опис би рекол е сатирична драма. Мене ми беше слична на Shameless со помалку хумор, но за разлика од Shameless каде го следиме животот на една фамилија од ниската класа, тука фокусот е ставен на развратот на богатите.

Не очекувајте премногу и ќе бидете задоволни. Не е топ тиер серија ама е сепак HBO квалитет со топ глума, локациите на кои е снимана се eye candy a исто има и одличен саундтрак.
 
Супер е серијата, моментално чекам да излезе последната епизода од Season 3.
Одамна не сум гледал серија што ми задржала внимание. Глумата е одлична, локациите се феноменални (луксузни резорти на скапи дестинации), музиката е одлична - цело време е таква eerie и suspense.
 
Пред да ја гледам вечер последната епизода, сполјери се изначитав. хехе
 
Unpopular opinion, од две сезони изгледани, ликот на Џенифер ми беше најлош.

Трета ќе ја гледам кога ќе излезе целосно.
Единствена добра сцена и беше кога несакајќи потона
 
Unpopular opinion, од две сезони изгледани, ликот на Џенифер ми беше најлош.

Трета ќе ја гледам кога ќе излезе целосно.

Се согласувам. Многу лоша глума а во други серии е одлична.
 
Топ серија. Треба да ја догледам последнава сезона.

Би ја тресел Мишел Монаган многу јако.
 
Да, малце тапа завршница, посебно со некои ликови, некако незаокружено испадна. Најглавно, тие што навивав да умрат - не умреа :)
 
Back
На врв Bottom