The Strain

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
„The Strain“ - Серија за љубителите на хорор и фантазија

Во морето нови серии што ќе започнат да се емитуваат летово, тешко е да се посочи што од нив ќе стане хит, а што комплетно ќе пропадне. Доколку барате нешто ново, тогаш две серии особено ветуваат - „Extant“ со Хали Бери во главната улога и „The Strain“ зад која стои Гиљермо дел Торо.




Серијата „The Strain“ се заснова на трилогијата книги напишани од страна на Гиљермо дел Торо и Чак Хоган. Двајцата го напишаа сценариото за првата епизода „Night Zero“, со тоа што Дел Торо и ја режираше, а во понатамошниот тек на сите епизоди ќе се потпише како извршен продуцент. Преговорите за „The Strain“ да се појави на телевизискиот екран траеја извесно време, на Дел Торо му била потребна понуда согласно која телевизијата нема да се меша во екранизацијата и тоа го добија од FX. Планот е серијата да има три до пет сезони, ништо повеќе од тоа.

Дејството започнува со авион што се подготвува да слета во Њујорк. Кога ќе се појави на аеродромот, светлата се исклучени, ролетните спуштени, а луѓето од авионот не се обиделе да контактираат со никого преку телефон. Кога од Центарот за контрола на болести ќе пристигне Еп Гудведер (Кори Стол) заедно со неговата колешка Нора Мартинез (Миа Маестро) има што да видат во авионот.



Но, комплексноста на приказната не завршува тука. Првата епизода трае повеќе од еден час и дава мало навестување за начинот на кој ќе се развиваат работите. Освен претходно споменатите ликови, прикажан е старецот Абрахам (Дејвид Бредли) кој знае каква опасност претставува авионот и што носи тој со себе. Освен тоа, тука се клучните фигури кои се во очекување на новиот поредок и хаосот што треба да се случи во иднина.

Вирусот кој се заканува на луѓето, на сцена носи вампири. Да, Дел Торо знае како да ги меша приказните и да ги направи уникатни. За волја на вистината, ќе наидете на по некое клише, но никој досега не успеал да ги одбегне, а овде не се злоупотребени, така што лесно ќе минете преку тоа.



Дел Торо кој е познат како режисер кој е заљубен во необични суштества и овде го остава својот потпис. Неговите суштества се поинакви од она што обично го гледате и бидејќи отскокнува од вообичаеното, има луѓе на кои неговата уметност не им се допаѓа. Но, тоа е веќе прашање на вкусови. Визуелно, барем првата епизода е направена речиси совршено. Има доволен интензитет да сакате да дознаете што ќе се случи понатаму и претставува вовед кој секако дека не открива сè, но барем навестува доволно интересен тек на настани - доколку сте љубител на жанр кој меша научна фантастика, хорор и фантазија.


Во случај да сте во потрага по нешто свежо на телевизискиот екран, ова може да биде идеална опција за вас. Освен тоа, ако некогаш сте ѕирнале барем нешто од она што го сработил Дел Торо ќе ви стане јасно барем малку што може да очекувате од ваква серија. Серијата има речиси сè за да ве привлече како гледач.

Секако, ова е суд само после една гледана епизода, а ваквите серии речиси никогаш не се просечни. Или развојот ги прави неверојатно атрактивни за публиката која знае како да го рашири добриот глас или после неколку епизоди умее да здосади бидејќи сценаристите не знаат да го задржат интензитетот. Останува да видиме каде ќе се движи „The Strain“, но првата епизода има доволно потенцијал да се надевате на подобрата варијанта.

Ја ѕирнавте првата епизода? Како ви се допадна? Има ли потенцијал? :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Не дека си Ацид, ама ова е најдоброто отварање на тема за серија евер. Браво.
 
Член од
20 мај 2014
Мислења
23
Поени од реакции
19
Мене многу мерак ми направи првата епизода. Ке видиме како ке се отвори понатаму серијата.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
По прва епизода гледање добра е.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Не дека си Ацид, ама ова е најдоброто отварање на тема за серија евер. Браво.
Ти благодарам. Текстот е дело на Маја од Кајгана, јас само го пренесов на форумов затоа што ме интересираше дали сум единствениот на кој серијава му го привлече вниманието :)

Сега е малку доцна, ќе ја изгледам утре првата епизода, па ќе споделам импресии :)
 
Член од
20 мај 2014
Мислења
23
Поени од реакции
19
Тоа дека Guillermo del Toro ја режираше првата епизода.
 
H

HoT IcE

Гостин
Ја читнав неколку коментари за првава епизода, беше доволно за да ја симнам, уште не сум ја гледал бидејќи немав време, ама ќе ја гледам обавезно.
Иначе, браво до Маја.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.015
Супер беше пилотот, некој спој на Fringe со Blade, бар така ми делуваше. Интересно во секој случај. Уште една солидна серија за следење преку летово заедно со Extant и The Leftovers. Навистина има голем избор на серии во последно време, повеќето со висок буџет и квалитет на игран филм.

Некои сцени беа малку cheesy, но ок. Во главно има интересна приказна и добри актери, повеќето познати.

Walder Frey омилен лик засега. :D
 
S

staycalm

Гостин
Ја изгледав првата епизода, its good.. I like it (y)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Тој заебаниот со очите е рептилоиден хуманоид и неговиот англиски со германски акцент се вклопува во тоа. Него зошто му е на суштество кое што скоро е семоќно да мора мостот да го помине во точно одредено време... Па добро мора да има некои правила.

Хали Бери не ја познав и тоа американска работа оди на советување со жена му а швалерот надвор чека.

Добра е за тепање време Греми ни и се дава :icon_lol:.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.290
Поени од реакции
78.940
Некои сцени беа малку cheesy, но ок.
Се мислам да почнам да ја глеам, ама цело време читам по нетов, предупредувања за клише и чизи моменти (а тоа ме одвратило да глеам еден куп серии).

Како и да е, ќе ја ѕирнам.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.015
Се мислам да почнам да ја глеам, ама цело време читам по нетов, предупредувања за клише и чизи моменти (а тоа ме одвратило да глеам еден куп серии).

Како и да е, ќе ја ѕирнам.
За тепање време е топ, види го само изборот на актерите. Ѕирни ја ако ништо друго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom