Извадок од мојата омилена епизода, whoever did thiѕ.
Ралф поминува низ пекол, игра на зборови...затоа што Чејс низ целата серија Ралф го претставува како ѓаволот, но и тој влегува во сериозна криза по она што му се случи на неговиот син, Џастин.
Покажа искрено каење, каење за тоа каков е како личност, за своите дела, за влијанието врз средината, за тоа што беше menace to society...и го убија, окривувајќи дека ја спали кобилата...дали навистина го направи тоа? Јас не мислам така.
Ралф е убиен од повеќе причини, а една од тие е тоа што Тони не може да помисли некој да се промени за подобро, едноставно сите ги влече заедно со него, надоле.
Ралф Сифарето заврши, а со тоа и неговиот арк, не дознавме дали навистина сакаше да се промени како личност, но согледувајќи како Чејс ги има пишувано своите ликови, он самиот не верува во промена кај луѓето, веќе видено со Тони Сопрано.