The Pitt

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.596
Поени од реакции
38.918
1743790101391.png

The Pitt (или кај нас преведено како Интензивна нега: Питсбург) е американска медицинска драмска серија креирана од Р. Скот Џемил за Max која имаше премиера на 9 јануари 2025. Секоја епизода од првата сезона покрива еден час од една 15-часовна дневна смена на персоналот од фиктивната Pittsburgh Trauma Medical Hospital. По само неколку епизоди и огромниот успех на истите кај публиката и критиката, серијата веќе беше обновена за втора сезона, која ќе има премиера во јануари 2026 (note: во моментот на пишувањето на ова првата сезона се уште не е завршена, останува уште една епизода за следниот петок). Серијата е и една од најсериозните кандидати за номинација за ЕМИ за најдобра драмска серија годинава.

Во главните улоги се Ноа Вајл како д-р Мајкл „Роби“ Робинавич, како главен и одговорен доктор во болницата кој се уште се опоравува по траумите од периодот на COVID пандемијата, Трејси Ифеачор како д-р Хедер Колинс, Патрик Бол како д-р Френк Ленгдон - и двајцата сениор доктори во болницата, Кетрин ЛаНаса како Дејна Еванс - главната сестра, потоа Фиона Дуриф како д-р Кејси Меккеј, Тејлор Деарден како д-р Мелиса Кинг, Џеран Хауел како Денис Витакер, стажант во болницата, и др. Епизодните ликови се најчесто пациентите, но дел од нив се и доктори од другите оддели на болницата.

Во август 2024 сопругата на починатиот креатор на ER, Мајкл Кричтон ги тужела Warner Bros TV, и креаторот на The Pitt кој претходно бил вклучен во ER, тврдејќи деке го прекршиле договорот и дека приказната во The Pitt била планирана како спин-оф на ER, со што наводно Џемил ја украл идејата. Но тужбата е отфрлена откако адвокатите на WB TV докажале дека ова е коплетно различно шоу од тоа кое било планирано како спин-оф на ER.

Серијата освен кај гледачите, имаше доста позитивен прием и меѓу критиката, а и меѓу медицински лица кои ја фалат за точното портетирање на медицинските постапки и состојбите во итната помош. Кај нас исто така беше една од сериите за која колку толку се зборуваше во Општи дискусии за ТВ серии, па со оглед што испуштивме да отвориме теми за многу серии кои повеќето од тука ги гледавме и коментиравме, сметам дека тоа треба да се промени и ќе се потрудам да отворам неколку теми за оние кои се најкоментирани во Општи дискусии.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.596
Поени од реакции
38.918
Типов што го глуми Роби искина со глумата! Ќе биде грев ако тоа некако не биде наградено, одамна не сум гледал така добра глума од актер што прв пат го гледам.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.625
Поени од реакции
29.548
Типов што го глуми Роби искина со глумата! Ќе биде грев ако тоа некако не биде наградено, одамна не сум гледал така добра глума од актер што прв пат го гледам.
Само што ја завршив сезоната, и се прашувам како ли само ликов успеа да се избори со се. Да не звчучам лошо, ама вакви ликови ми е сосема логично да прават mass shooting. Не дека е тоа оправдување да не бидам лошо сфатен, ама на толку притисок од сите страни, борба буквално со пациенти, родители, колеги, менаџмент, и ко шлаг на торта она малоно му вика you are not my father, we are not friends, fuck off. Бродолом јас доживеав што го гледам ова на ТВ.


Би рекол дека нема некоја медикал драма што ја немам гледано, али оваа ми е убедливо број 1.The Bear серијата со епизодата Fishes, епа ова е Fishes ама 15 епизоди. :cuc:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.596
Поени од реакции
38.918
Би рекол дека нема некоја медикал драма што ја немам гледано, али оваа ми е убедливо број 1.
Јас па ништо не сум гледал. Рандом епизоди од ER и House што сум фатил на телевизија, инаку ова ми е прва целосно изгледана. Ама феноменална серија.

Омилен лик ми беше Витакер. Гревче, такво од село дојдено, дури немаше кај да спие зашто не можел да си дозволи стан. Првиот пациент му умре. После го помочаа, го испрскаа со крв, сите глупости нему му се десија, а толку многу се трудеше... И на крај ко го видов дека си пее по цел тој хаотичен ден, уште повеќе го засакав ликот. Зрачеше со позитива и желба да помогне.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.625
Поени од реакции
29.548
Јас па ништо не сум гледал. Рандом епизоди од ER и House што сум фатил на телевизија, инаку ова ми е прва целосно изгледана. Ама феноменална серија.

Омилен лик ми беше Витакер. Гревче, такво од село дојдено, дури немаше кај да спие зашто не можел да си дозволи стан. Првиот пациент му умре. После го помочаа, го испрскаа со крв, сите глупости нему му се десија, а толку многу се трудеше... И на крај ко го видов дека си пее по цел тој хаотичен ден, уште повеќе го засакав ликот. Зрачеше со позитива и желба да помогне.
Исто, па едини лик беше што беше фул со позитива и без некои "демони". Другиве ми имаа некоја маана, баш ме интересира што ќе се случи со Ленгдон, а и Сантос ми беше чудна, ама ок се извади на крај кога му понуди смештај на Витакер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom