The Neighbourhood

  • Креатор на темата Креатор на темата Sapphire
  • Време на започнување Време на започнување

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Локација
Valyria
neighbourhood970600.jpg


Инди рок бенд формиран 2011 година. Нивниот прв албум I love you излезе 23 Април 2013 година, опишан е како меланхоличен, носталгичен и мистериозен.
Првата песна од албумот која доби свое видео беше "Sweater Weather" и е изработена во црно-бело што остана препознатливо за бендот и во понатамошните видео записи.
Бендот има настапувано на многу престижни фестивали како Коачела а исто така ги придружуваше и Imagine Dragons на нивната турнеа во Септември 2013.
Неодамна им заврши и нивната голема Европска турнеа а наскоро спремаат и нов материјал.
Во составот се:
Јesse Rutherford (22) - водечки вокал
Zach Abels (22) - гитара
Michael "Mikey" Margott (20) - бас
Jeremy Freedman (21) - гитара
Brandon Fried (23) - тапани




 
Знам ги овија, комшие су ми :ROFLMAO:
 
Наликуваат на новите Арктик Манкис, а јас новите многу многу и не ги мирисам :D

Повеќе би ги класифицирал и поблиски ми се до Indie pop со примеси на рокче. Неутрален став имам, музиката во позадина ми е ок, но вокалот ми е некако пренежен за вкусот.
 
Воопшто не наликуваат на Арктик Манкис, и срамота е да се споредат со нив.. стилот само им е горе долу сличен, но гласот на Алекс спрема на Џеси е гласиште да бидиме искрени.

Пошто сум љубител на ваков стил музика можам да кажам дека добро напредуваат без сомнение ќе се популаризираат уште повеќе зошто се гледа дека работат на уникатниот стил, а и со оглед на тоа што сите се млади им претстои добра кариера. Само малце дел од настапите во живо ме подразочараа, но јасно е дека имаат потенцијал и ќе се подобрат со тек на време.
А Џеси богами и за око и за уво е :love:

NeighbourhoodAHW.jpg
 
Воопшто не наликуваат на Арктик Манкис, и срамота е да се споредат со нив.. стилот само им е горе долу сличен, но гласот на Алекс спрема на Џеси е гласиште да бидиме искрени.

Пошто сум љубител на ваков стил музика можам да кажам дека добро напредуваат без сомнение ќе се популаризираат уште повеќе зошто се гледа дека работат на уникатниот стил, а и со оглед на тоа што сите се млади им претстои добра кариера. Само малце дел од настапите во живо ме подразочараа, но јасно е дека имаат потенцијал и ќе се подобрат со тек на време.
А Џеси богами и за око и за уво е :love:

NeighbourhoodAHW.jpg

Као демек првиве легенди ,а овие пилиштари :) ? И Арктик преминаа во пилиштари од ок бенд. А музиката ито како наликува, вокалот можеби не, но основата и картата на која играат двата бенда е тука некаде. Од два линка шо чув од бендов, можам да кажам дека музиката во позадина (бркам вокалот оти не ме бендисува) ми е подобра од онаа од последниот албум на A.M.
 
^
Музиката да, се согласувам дека е подобра од на АМ, само јас направив споредба на вокалите..
Алекс има далеку посилен вокал од Џеси.. но горе долу тука се, инаку мислам дека рано е сеуште да ги споредуваме зошто NBHD сеуште немаат стекнато слава како нив и покрај тоа што се гледа дека имаат квалитет.
Мене вокалот ми е баш прикладен, дава некоја меланхоличност, мекост во песните..одма влегува во уво.. Но сепак мислам дека треба малце да поработат на лириксот, имаат некои со одлична музика а текст безвезе. :)
 


И овие им се јаки :cool:
 
Кул бенд.
Го имам преслушано I love you, океј музика ;). Што се однесува до текстот се согласувам со Sapphire, треба малку (многу :D) да порабодат на текстовите.Омилена песни од албумот: Flawless, Alleyways и нормално Sweater Weather(таман за во јули).
 

Еве нешто шо го нема на албумот, посебно ме бендиса.. и изведбата исто така :love:
 
од нив само оваа и тоа каверов :) башка и типкава на видеото ми е WOW
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom