The Making Of

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.313
Поени од реакции
57.759
Не се сеќавам дали имавме ваква тема, ако има едниот модератор (тој што не е заглавен во снегот) нека спои.

Значи тема за видеа „Од Снимањето На...“. По едно видео во пост би ве замолил. Дискусија пожелна.

Да почнеме со


Кој бил повикан за аудиција, како во Парамаунт не ги сакале Ал Пачино и Марлон Брандо, како Роберт ДеНиро се појавува на аудиција за Сони, како резервен режисер му виси над главата на Копола кој очекува да биде отпуштен во секој момент и како му викаат дека филмот ќе биде ѓубре и дека нема појма што прави...
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Интересен ми е моментот од снимањето на 2ката ЛОТР.Во една сцена,Арагорн треба нервозно да шутне шлем од Урук Хаи но никако не можел да ја погоди правата емоција додека тоа го прави.
И после неколку обиди шутнал лошо и го скршил прстот,и у истиот момент се дере.Таа сцена официјално ја има во филмот одбрана како најреална :D Vigo u r the man!

 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
https://www.youtube.com/user/DinnerForFive

Dinner for five е интересна програма и нешто слично на тоа што го сакаш. Џон Фавро собира глумци, режисери, комичари и уз вечера и шљокање се присеќаат на филмовите и на луѓето со кои што ги правеле. Епизодите со Берт Рејнолдс се поготово добри.

И доказ дека Винс Вон е тешко ѓубре :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.313
Поени од реакции
57.759
Еве уште едно видео за „Роки“ франшизата кое (се надевам) ќе ви го промени ставот за Сталоне, ако е негативен:


Одличен сценарист и дечко кој самиот себеси се проби во Холивуд од никаде и без ничија помош :cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom