The Madison

Член од
17 октомври 2011
Мислења
17.805
Поени од реакции
44.717
Локација
Скопје
Само што ја завршив серијава со липање на глас и прво нешто на што ми текна е веднаш да дојдам тука и да ја отворам темава. Значи буквално нема ни 30 секунди. Претпоставувам Кајгана е мојата Медисон, а?

1774700874217.png

The Madison е нео-вестерн ТВ серија креирана од сега веќе неверојатниот Тејлор Шеридан за Парамаунт+. Серијата го следи семејството Клајбурн, оригинално од Њујорк Сити и нивната „преселба“ во близина на долината на реката Медисон во југозападна Монтана, заради емоционално опоравување од огромна трагедија која ги менува нивните животи и трајно ги менува и самото семејство, но и односите во него.

Во главните улоги се тука неверојатната Мишел Фајфер (мислам дека е редно време сериите на Шеридан да бидат вклучени на ЕМИ радарот и она заслужува највисоки почести за оваа неверојатна улога) и Курт Расел. Споредните улоги ги глумат Бо Гарнет, Патрик Адамс (Suits), Ел Чапман, Амаја Милер, Ајелн Полак, Бен Шнецер, Кевин Зегерс, Ребека Спенс и Метју Фокс (Lost). Првата сезона на серијата со 6 епизоди излезе на 14 март 2026 година и веќе е обновена за втора сезона.

1774701021245.png

Првично, во февруари 2023 беше објавено дека Шеридан работи на современ spin-off и sequel на тука веќе легендарната Yellowstone и на четврта серија во Yellowstone универзумот. Истата беше креирана во неуспешните преговори со Кевин Костнер кој беше главниот актер во 90% од Yellowstone. Во мај истата година беше нарачана straight-to-series (значи без да се снима пилот првично па да помине некои филтри, па после серија, туку директно серија). Иако првично требаше да го има Yellowstone брендингот во името, во 2024 нејзиниот работен наслов беше 2024, по примерот на 1923 и 1883, другите спин-офи на Yellowstone. Подоцна истата е насловена како The Madison.

Во август 2025, уште пред да излезе во етер, серијата е обновена за втора сезона. Кога трејлерот за истата беше објавен, Paramount објави дека The Madison ќе биде standalone серија и нема да има конекција со Yellowstone универзумот, како што беше првично зацртано. Иако серијата е планирана да има limited-run, сепак актерите и екипата се надеваат и на трета сезона. Па останува тоа времето да покаже.

Како јас ја доживеав - многу, многу емотивно! Ова е prime-class Шеридан! Дефинитивно нивоа погоре од Landman, но според мене, по емоцијата која ја носи, ова е повисоко дури и од Yellowstone. За човек кој има загубено родител и кој ќе се препознае во емоциите, постапките, случувањата и размислувањата на ликовите, The Madison е емотивен ролеркостер кој го препорачувам на секој љубител на оваа уметност. Башка МОНТАНА, for God's Sake! Морам да го посетам овој рај на земјата! Какво плакнење на очи и на душа беше ова, не сте свесни! Пре-пре-пре-добро! Оставете каква глупост и да гледате во моментов и пуштете го ова. После дојдете ко за Yellowstone што дојдовте и пишете ми фала.

1774701162984.png

P.S. Нема црнци, нема педери, нема woke пропаганда во никаква мерка, и пази ова - има исмевање на woke пропагандата. Пр. додека белците вокерски се бунат дека расистички било да се вика една храна Indian Taco, еден индијанец ја вика истата таа храна, пред нив - Indian Taco. :pos: Башка, има многу добар хумор во серијава. На втората епизода, особено, се пресмеав.

P.P.S. И многу јако и многу точна ми беше една констатација од серијата - никогаш нема да ги заборавиш спомените. Само со тек на времето, истите веќе нема да болат и сеќавањата на нив ќе ти бидат многу, многу драги. :cuc:
 
Само што ја завршив серијава со липање на глас и прво нешто на што ми текна е веднаш да дојдам тука и да ја отворам темава. Значи буквално нема ни 30 секунди. Претпоставувам Кајгана е мојата Медисон, а?

Прегледај го приврзокот 473328

The Madison е нео-вестерн ТВ серија креирана од сега веќе неверојатниот Тејлор Шеридан за Парамаунт+. Серијата го следи семејството Клајбурн, оригинално од Њујорк Сити и нивната „преселба“ во близина на долината на реката Медисон во југозападна Монтана, заради емоционално опоравување од огромна трагедија која ги менува нивните животи и трајно ги менува и самото семејство, но и односите во него.

Во главните улоги се тука неверојатната Мишел Фајфер (мислам дека е редно време сериите на Шеридан да бидат вклучени на ЕМИ радарот и она заслужува највисоки почести за оваа неверојатна улога) и Курт Расел. Споредните улоги ги глумат Бо Гарнет, Патрик Адамс (Suits), Ел Чапман, Амаја Милер, Ајелн Полак, Бен Шнецер, Кевин Зегерс, Ребека Спенс и Метју Фокс (Lost). Првата сезона на серијата со 6 епизоди излезе на 14 март 2026 година и веќе е обновена за втора сезона.

Прегледај го приврзокот 473329

Првично, во февруари 2023 беше објавено дека Шеридан работи на современ spin-off и sequel на тука веќе легендарната Yellowstone и на четврта серија во Yellowstone универзумот. Истата беше креирана во неуспешните преговори со Кевин Костнер кој беше главниот актер во 90% од Yellowstone. Во мај истата година беше нарачана straight-to-series (значи без да се снима пилот првично па да помине некои филтри, па после серија, туку директно серија). Иако првично требаше да го има Yellowstone брендингот во името, во 2024 нејзиниот работен наслов беше 2024, по примерот на 1923 и 1883, другите спин-офи на Yellowstone. Подоцна истата е насловена како The Madison.

Во август 2025, уште пред да излезе во етер, серијата е обновена за втора сезона. Кога трејлерот за истата беше објавен, Paramount објави дека The Madison ќе биде standalone серија и нема да има конекција со Yellowstone универзумот, како што беше првично зацртано. Иако серијата е планирана да има limited-run, сепак актерите и екипата се надеваат и на трета сезона. Па останува тоа времето да покаже.

Како јас ја доживеав - многу, многу емотивно! Ова е prime-class Шеридан! Дефинитивно нивоа погоре од Landman, но според мене, по емоцијата која ја носи, ова е повисоко дури и од Yellowstone. За човек кој има загубено родител и кој ќе се препознае во емоциите, постапките, случувањата и размислувањата на ликовите, The Madison е емотивен ролеркостер кој го препорачувам на секој љубител на оваа уметност. Башка МОНТАНА, for God's Sake! Морам да го посетам овој рај на земјата! Какво плакнење на очи и на душа беше ова, не сте свесни! Пре-пре-пре-добро! Оставете каква глупост и да гледате во моментов и пуштете го ова. После дојдете ко за Yellowstone што дојдовте и пишете ми фала.

Прегледај го приврзокот 473330

P.S. Нема црнци, нема педери, нема woke пропаганда во никаква мерка, и пази ова - има исмевање на woke пропагандата. Пр. додека белците вокерски се бунат дека расистички било да се вика една храна Indian Taco, еден индијанец ја вика истата таа храна, пред нив - Indian Taco. :pos: Башка, има многу добар хумор во серијава. На втората епизода, особено, се пресмеав.

P.P.S. И многу јако и многу точна ми беше една констатација од серијата - никогаш нема да ги заборавиш спомените. Само со тек на времето, истите веќе нема да болат и сеќавањата на нив ќе ти бидат многу, многу драги. :cuc:
Ќе ја гледам серијава само поради тоа шо нема woke пропаганда.(y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom