The Championship Wimbledon | 24 јуни - 7 јули, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мареј нешто многу науден годинава кога е Вимблдон во прашање. Ја изгубил скромноста некако. Да не му се удри од глава прерано.
 
Чекајте бе Мареј нека го помине Бекер прво коло. Во Квинс се изнамачи да помине. Заебан е Бекер на трева.


:pos::pos:

Па му правеше брејкови кога сакаше, и експериментираше со играта за време на мечот. Единствената работа по која овој Бекер ќе биде запамтен е што го пензионира Агаси...

:)
 
Хипотетички, Надал има доста мали шанси да го освои турниров. Зошто? Затоа што треба да ги победи тројцата најдобри на оваа подлога во моментов, а тоа не е така лесно. Доколку би го победил Федерер во 1/4 финале со Мареј би било пеколно тешко, единствена работа што ми дава надеж е што до сега е 3-0 на трева за Надал мислам. Дури и да го помине Мареј оди на Новак најверојатно, доколку не се случи некое огромно изненадување.

Вака ко што видов во прво коло најтежок противник има Ноле, а и Мареј е тука, но секако ќе пројдат, да не ме сфатите погрешно.
Реков да излезе ждребот ќе дадам прогноза, според мене Новак има за нијанса поголеми шанси од Мареј заради полесниот ждреб, а Надал и Федерер се со далеку помали шанси од двајцава, но не и без истите.
 
Најинтересен меч од првото коло сигурно е Вавринка против Хјуит, само сум сигурен дека нема да го гледаме. Ќе ги гледаме возбудувањата од мечевите на Мареј, Федерер, Надал и Новак, кој најверојатно сите ќе завршат со по 3-0... :facepalm:
 
Веројатно ќе изгуби, но сигурно ќе биде многу поинтересно отколку Џокович против Мајер...

:)

Why? Маер можда е чуден тенисер али доста е добар на трева, 2011 или лани мислам играше со Новак у 1/8 финале и доста добро му се држеше. Со оглед на тоа дека ова му е прв меч на Новак на трева годинава, не сметајќи ја егзибицијата вчера, може да му се држи бар два сета колку толку, а и да се изнагледаме убави поени, го може тоа Маер со неговите чудни дроп шотови и бекхенди од скок.

Инаку глава ставам дека ќе го даваат мечот Хјуит-Вавринка, на три канали ќе пренесуваат Спорт Клуб.
 
Ноле и Надал може да бидат потенцијално ранливи првата недела, потоа....многу тешко.
 
Луѓе.....не видов ништо од жребот освен тоа што Рафа е ставен како 5ти носител и дека игра со Федерер во четвртфинале, BAD LUCK. :cautious:
 
Why? Маер можда е чуден тенисер али доста е добар на трева, 2011 или лани мислам играше со Новак у 1/8 финале и доста добро му се држеше. Со оглед на тоа дека ова му е прв меч на Новак на трева годинава, не сметајќи ја егзибицијата вчера, може да му се држи бар два сета колку толку, а и да се изнагледаме убави поени, го може тоа Маер со неговите чудни дроп шотови и бекхенди од скок.

Инаку глава ставам дека ќе го даваат мечот Хјуит-Вавринка, на три канали ќе пренесуваат Спорт Клуб.

Го гледав тој меч, и многу добро се сеќавам на него. Се држеше на почетокот, но потоа Новак притисна, и потоа мечот беше убер досаден за гледање. Нема Маер никакво оружје на трева против Новак. Тој бекендот од скок е смешен удар, за циркузанти. :)

А за Вавринка со Хјуит, се надевам дека си во право.
 
Ноле и Надал може да бидат потенцијално ранливи првата недела, потоа....многу тешко.

Мене ме радува што не му се падна некој сервер на Надал, тоа е доброто. Дарсис во прво и Кубот или Андреев во второ, овие се лесни и се надевам нема да направи од готово вересија. Па и во трето коло евентуален противник му е смешникот Паире, а во четврто Вавринка со кого знаеме каков му е скорот и дека никогаш до сега му нема земено сет. Само да не испадне Вавринка порано и да треба да игра со Иснер, сервер на оваа подлога е она што најмалце му треба на Надал, а и на останатите.

Инаку за информација, Росол е во половината на Федерер, if you know what I mean. :D
 
Абе кој Росол, кој бакрач.... 6-4 6-2 6-4 ќе изгуби од Надал да играат сега... не знам што му се деси лани...

Гулбис - Тсонга ќе биде интересен меч за во второ коло.

Малис ќе го тепа Вердаско без проблеми, Типса-Троицки може да оди во 5 сета.

Хас има океј жреб, треба без некои проблеми да оди до осминафиналето каде го чека Новак и се надевам дека ќе му земе барем сет овој пат за разлика од мечот на Ролан Гарос. :)
 
Уште од прво коло многу интересни натпревари како на пример:
Симон-Лопез
Томич-Куери
Додиг-Колшрајбер
Лодра-Ниеминен
Истомин-Сепи
Хјуит-Вавринка
Багдатис-Чилич
Типсаревич-Троицки
Цонга-Гофан

А интересно исто така дека Иснер ќе игра против Донској на Вимблдон.За информација Иснер во Хертогенбош изгуби од Донској уште во 1 коло,па незгоден противник ќе му биде.
Инаку Ханеску-Федерер сигурно глеаме тајбрејк на тој натпревар.Ако Ханеску успее да го добие првиот сет и тој натпревар може да стане интересен,иако Федерер не верувам да допушти сет до 1/4 финалето со Надал
 
Абе каков Ханеску на трева, нема он добра работа со нозе за на трева, лесни 3-0 за Федерер.

Двата најинтересни дуели од првото коло според мене се: Багдатис-Чилич и Вавринка-Хјуит.

Гледам никој не ги спомнал жените, полуфиналните парови би изгледале вака: Азаренка-Шарапова, Серена-Радванска.
Кај мажите реков ништо не се знае, ама кај жените 110% освојува Серена.
 
Sorry Stan, it's just a bad luck. :( Ај ако се имаш пријавено во двојки ќе останеш подолго во Лондон. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom