Навистина ли е се така бенигно?
Епа не знам колку е розов светот во кој ти живееш, ама еве неколку ОЧИГЛЕДНИ моменти (кои од авион може да се видат и) кои велат дека реалноста не се согласува со твоето мислење. Ја знаеш Реалноста? Она заебано нешто што не мава по глава секогаш кога премногу ќе забегаме?
Не? Нејсе, еве ги моментите за кои зборував:
- војната со претставниците на увезениот „албански проблем„ во кој „борци за права„ со оружје убиваа луѓе за да ги подобрат „малите права и слободи„ на малцинството кое ги има НАЈГОЛЕМИТЕ права и слободи кои некогаш некое малцинство ги имало било каде.
- отворениот етнички конфликт со кој нашава држава се држи како заложник повеќе децении.
- огромната количина нелегално оружје, кое во најголема мерка е во посед на албанската етничка заедница, оружје кое е алатка во дефакто заложништвото на Македонија.
- последната територијална поделба со која процентуално се намали бројот на македонските пратеници во собранието.
- огромна стапка на корупција на сите нивоа на власта.
- власт под заложништво на странскиот фактор.
- корумпиран најголемиот блок на опозицијата, под директна контрола на странскиот фактор.
- држава каде најголемиот дел од популацијата се зомбифицирано стадо овци.
- јавност без критичка свест и гласачко тело кое на изборниот процес му пристапува навивачки, со се знамиња и скандирање, без и најмала доза на разбирање на суштината на процесот преку кој се одбираат тие што ти ја одредуваат непосредната иднина.
- Итн, итн...
Можам бачка многу странци текст да пополнам набројувајќи ги проблемите од внатрешен план. Пак ќе ти кажам, не знам во кој свет ти живееш - ама во реалниов свет ПРОБЛЕМИТЕ НАМЕТНАТИ ОД НАДВОРЕШНИОТ ФАКТОР, СЕ ТИЕ ШТО ПОТОА НИ ЈА ДОМИНИРААТ ДОМАШНАТА ПОЛИТИКА. А тие таквите како Сорос и разните пратеници на „западот„ се тие што ни ги мешаат лончињата овде дома кај нас. Тоа посебно важи за Сорос, кој исто така бенигно (како што велиш ти) им направи цивилна војна во Украина. А ако таму се закрвија Православни со Православни, колку ќе е проблем (по потреба) истото да се направи и во Македонија - каде работите и онака „западот„ си ги држи како замрзнат конфликт кој во секое време може да се одмрзне и да се активира.