The best of Коља

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми се збори за апашкиот закон за хонорарци. Сега максималната сума за плаќање придонеси е околу 6200 евра МЕСЕЧНО (12 просечни плати) , а максималната пензија е одреден процент од 2,8 просечни месечни плати. Македонија е земја со највисоки давачки за социјално, пензиско и здравствено осигурување во светот.
Е сеа апашки бил. Апаши прават апашки работи. Апаши ли се овие кои го изгласаа законот?
 
Абе луѓе шо е со вас шо водите озбилни маабети во ЧДА ?! :eek:
 
Ради Мијалков.
Знеш дека Јанко, Миленко, Мирка, Тони зимаат по пет кила месечно?
Па види ти сеа за тие 1-200 евра месечно (колку што даваат на интернет анонимни билбоарди), дали се исплати да изиграваш будала пред сите, за да браниш предавничка банда.
 
Реално, го преценуваш. Толку му е капацитетот него, ситен куропушач. И оваа работа му е премија.
 
Коља, покрај тоа што е нервно оболен, е и во право.

За жал политика не е ствар на тоа што е вистина, туку како изгледа, што би рекол Ристо Вртев, проштевајте на парафразата. А Коља изгледа на манијак што ги помешал дијазепамите со амфетамините.
 
Знеш дека Јанко, Миленко, Мирка, Тони зимаат по пет кила месечно?
Па види ти сеа за тие 1-200 евра месечно (колку што даваат на интернет анонимни билбоарди), дали се исплати да изиграваш будала пред сите, за да браниш предавничка банда.
Многу си информиран. Браос.Еве ти лајк без пари.
 
Последно уредено:
Навистина ли е се така бенигно?
Епа не знам колку е розов светот во кој ти живееш, ама еве неколку ОЧИГЛЕДНИ моменти (кои од авион може да се видат и) кои велат дека реалноста не се согласува со твоето мислење. Ја знаеш Реалноста? Она заебано нешто што не мава по глава секогаш кога премногу ќе забегаме?

Не? Нејсе, еве ги моментите за кои зборував:
- војната со претставниците на увезениот „албански проблем„ во кој „борци за права„ со оружје убиваа луѓе за да ги подобрат „малите права и слободи„ на малцинството кое ги има НАЈГОЛЕМИТЕ права и слободи кои некогаш некое малцинство ги имало било каде.
- отворениот етнички конфликт со кој нашава држава се држи како заложник повеќе децении.
- огромната количина нелегално оружје, кое во најголема мерка е во посед на албанската етничка заедница, оружје кое е алатка во дефакто заложништвото на Македонија.
- последната територијална поделба со која процентуално се намали бројот на македонските пратеници во собранието.
- огромна стапка на корупција на сите нивоа на власта.
- власт под заложништво на странскиот фактор.
- корумпиран најголемиот блок на опозицијата, под директна контрола на странскиот фактор.
- држава каде најголемиот дел од популацијата се зомбифицирано стадо овци.
- јавност без критичка свест и гласачко тело кое на изборниот процес му пристапува навивачки, со се знамиња и скандирање, без и најмала доза на разбирање на суштината на процесот преку кој се одбираат тие што ти ја одредуваат непосредната иднина.
- Итн, итн...

Можам бачка многу странци текст да пополнам набројувајќи ги проблемите од внатрешен план. Пак ќе ти кажам, не знам во кој свет ти живееш - ама во реалниов свет ПРОБЛЕМИТЕ НАМЕТНАТИ ОД НАДВОРЕШНИОТ ФАКТОР, СЕ ТИЕ ШТО ПОТОА НИ ЈА ДОМИНИРААТ ДОМАШНАТА ПОЛИТИКА. А тие таквите како Сорос и разните пратеници на „западот„ се тие што ни ги мешаат лончињата овде дома кај нас. Тоа посебно важи за Сорос, кој исто така бенигно (како што велиш ти) им направи цивилна војна во Украина. А ако таму се закрвија Православни со Православни, колку ќе е проблем (по потреба) истото да се направи и во Македонија - каде работите и онака „западот„ си ги држи како замрзнат конфликт кој во секое време може да се одмрзне и да се активира.
Знаеш кои грешки ги направи владата тогаш на меѓународен план ? Ти текнува признавањето на Тајван ? Палењето на Америчката амбасада ?
А да не правиме муабет за некои тајни потези, што тогашната влада ги повлекла на меѓународен план што им засметало на Америка и ЕУ.
Како држава во многу позаебана позиција бевме почеток на 90-ти додека не заврши војната во Босна т.е милошевиќ не падна од власт отколку таа 2001 и затоа ни го направија конфликот дур речеш пиксла и испадна тоа што испадна. Па еден Гадафи го кутнаа од власт затоа што си ги побара парите од нафтата (ако ти текнува Европската и Америчката турнеја година дена пред Арапската пролет). Затоа нема заебанција со тие сили доколку се согласиш својата надворешна политика да ја усогласиш со нивната и нормално за тоа ќе бидеш богато награден.

А на домашни проблеми мислев, кој што украл, што се изградило, што се рушило или со други зборови подобрувањето на животот на граѓаните. Мислиш Еу и Америка тоа ги интересира ?
 
Затоа нема заебанција со тие сили доколку се согласиш својата надворешна политика да ја усогласиш со нивната и нормално за тоа ќе бидеш богато награден.

Целата работа за која јас зборувам, а не гледам некој да ме разбира: е дека нас гласачкото тело нема потреба да не интересира кои се геополитичките интереси на други држави. Тоа нека му ја мислат политичарите, ама уште повеќе да мислат и за тоа дали ќе ги гласаат гласачите.

Затоа велам дека треба критичка јавна свест, и свесни гласачи. Ако политичарите не ја почитуваат волјата на народот - на следни избори ќе јадат клоца (а може и вонредни, ако е таква работата). И сеедно дали моментално на власт е левицата или десницата (или центарот). Клоцата на сите, па после нема му ја мислат на „богатите награди„ како што велиш (а всушност станува збор за корупција).
 
Значи вака, кога примаме донации, треба да знаеш дека за нешто сме се залагале, а тоа е нормално надворешната политика или одговор на прашањето за Американците или Русите ?
На обичните гласачи не им е битно за што сме, тоа им е битно на странците. Нас, граѓаните битно ние какво здравство, како образование, автопатишта и слично.
Е сега, бидејќи имаме лопови, тие прават пресметка, ние сме за Американците и дај да испокрадиме што ќе стигнеме (барем од 91 па наваму) и го направија општествениот систем да им одговара на нив.
Нема потреба од критична јавна свест, свесни гласачи уствари ти неможеш да имаш ваков тип на гласачи, ако нивниот живот зависи од тоа кој е на власт. Нас ни треба добар приватен сектор т.е стопанство што извезува барем во соседството (соседите + Турција се 100 милиона пазар) + свесни газди што ќе ги качат платите, нормално ако добро оди бизнисот. Кога нема да се молат луѓето за на државно ќе добиеш свесни гласачи, што ќе ја менуваат власта кога ќе посакаат т.е кога ќе донесат некое катастрофа решение.
 
Значи вака, кога примаме донации, треба да знаеш дека за нешто сме се залагале, а тоа е нормално надворешната политика или одговор на прашањето за Американците или Русите ?

На обичните гласачи не им е битно за што сме, тоа им е битно на странците. Нас, граѓаните битно ние какво здравство, како образование, автопатишта и слично.
...
Нема потреба од критична јавна свест, свесни гласачи у...

За тебе значи нема потреба од критичка јавна свест, нема потреба од свесни гласачи, на рајата „не им е битно за што сме„... а нашата надворешна политика треба да се гради на тоа да примаме донации? :facepalm:

Искрено - кога те читам вака што пишуваш (и не само тебе), ми станува кристално јасно дека право на глас не треба да им се дава на сите по дифолт.
 
Кој здраворазумен Македонец може да поверува во такви глупости? :pos::pos::pos:

Автопатите ги гради Синохидро, која е државна кинеска фирма, сопственост на државата Кина и под директна надлежност на кинескиот државен совет.

Еве инфо за Синохидро на Вики:
http://en.wikipedia.org/wiki/Sinohydro
http://en.wikipedia.org/wiki/State-owned_Assets_Supervision_and_Administration_Commission
Чим е државна кинеска фирма нема шанси и простор за корупција и криминал, затоа што, нели, Кина воопшто не е корумпирана земја.

Еве ти линкови од проектот, лажат-сушат.
http://eng.sinohydro.com/index.php?m=content&c=index&a=show&catid=46&id=386
Демек 56 милиона дале, а всушност 373 дале.
http://eng.sinohydro.com/index.php?m=content&c=index&a=show&catid=46&id=385
Демек 31 милион дале, всушност 206 дале.
 
За тебе значи нема потреба од критичка јавна свест, нема потреба од свесни гласачи, на рајата „не им е битно за што сме„... а нашата надворешна политика треба да се гради на тоа да примаме донации? :facepalm:

Искрено - кога те читам вака што пишуваш (и не само тебе), ми станува кристално јасно дека право на глас не треба да им се дава на сите по дифолт.
Кога не разбираш треба како на мало дете да ти објаснувам.
Не можеш да имаш критичка јавна свест, кога живеачката ти влијае од тоа кој е на власт (како што го имаме денес). Мора да има силен приватен сектор со добри плати, за да може тие луѓе да си го кажат своето мислење без притоа да мислат дали утре ќе бидат избркани од работа (ова на државно не може да пројде колку и да сакаш). Кога тоа ќе се реши и на државно ќе бидат послободни да го изразат своето мислење. А надворешната политика не треба да се гради, таа е веќе изградена уште по осамостојувањето, само треба да се следи курсот, а башка ние сме како од господ утепани за да може да се претставуваме како некој фактор, скоро ништо не произведуваме и се ние од увоз, гола сиромаштија и ние ќе правиме разни политички маневри за да им покажеме дека знаеме добро да играме дипломатија. Дај не заебавај, прво треба да си ја средиме државата, барем да заличи на Бугарија или Грција, да си го средиме животот и да пожелно е со донации, бидејќи сме гола сиромаштија. И се смееме на Грција дека имала криза, ова она, а ние плачиме да имаме таква криза.
Тоа ти е исто, кога некој со подобра плата во македонија (а такви се ретки), да почне да го слуша како треба да го води својот живот од тие што питаат по улица и ти викаш дека тоа е можно
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom