The Avengers денес премиерно во Македонија

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
The Avengers денес премиерно во Македонија

Со проекцијата во 18 часот денес, МКЦ & 3D Кино Милениум, ќе ја означат македонската премиера на филмот „Одмаздници" (The Avengers) во 3D.


Филмот „Одмаздници" е добиен по ексклузивна постапка, веднаш по неговата светска премиера на 4-ти мај во САД. Досега, на благајните ширум светот, филмот брои заработка од над 700 милиони долари, што претставува апсолутен рекорд на сите времиња.

Акциониот суперхеројски филм „Одмаздници" e дело на мега популарната „Марвел комикс", најголемата светска издавачка куќа за стрипови. Филмот е работен по сценарио и режија на Џос Ведон а во главните улоги на американските суперхерои се сретнуваат Роберт Дауни Џуниор како Iron Man, Крис Еванс како Captain America, Марк Рафало како Hulk, Крис Хемсворт како Тhor, Скарлет Јохансон како Black Widow, Џереми Ренер како Hawkey) како и Семјуел Џексон во улогата Ник Фјури.

Филмот е направен со буџет од 220 милиони долари, што го прави еден од најскапите филмови на сите времиња.

Во филмот, суперхероите добиваат повик за акција од директорот на интенационалната мировна организација S.H.I.E.L.D, на чие чело стои Ник Фјури (Семјуел Џексон) да учествуваат во глобална рерутација на сите херои во тим наречен The Avengers за да го победат злото кое се заканува да се наруши светскиот мир и безбедност.

Покрај успехот на составот на тимот, Ник Фјури (Семјуел Џексон) заедно со неговиот долгогодишен соработник агентот Колсон (Кларк Грег), мораат да најдат начин да ги убедат супер хероите да работат заедно во единствената цел за борба против злото, а не еден против друг, посебно во моментот кога моќниот и опасен Локи (Том Хидлстон) добива пристап до "космичката коцка" и нејзината бесконечна моќ.

Филмот „Одмаздници" ќе се прикажува на редовен репертоар на 3D кино Милениум, со проекции од 18 и 22.30 часот.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
кино верзион-ист

 
Г

Гучи

Гостин
Конечно нешто добро што вреди да се иде во кино.:vozbud: Али не е сниман со 3Д камери, конвертиран е во пост-продукција (n)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Јас колку што знам филмов е одложен за другата недела...
 
L

Löwe

Гостин
Иначе во филмов има еден Македонски Каскадер. Прилепчанец кој живее во Лос Анџелес.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Филмот мора да биде добар со оглед на тоа дека сите херои се обединети штета ако е за вечер што неможам да дојдам :mad:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Јас колку што знам филмов е одложен за другата недела...
Еве сега видов сепак не бил одложен за другата недела и го одложиле одложувањето :).
Така да од денеска почнува филмов да се дава во Милениум.
Со вакви проблеми не би ме зачудило да се прекине филмот среде прикажување :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Конечно нешто добро што вреди да се иде во кино.:vozbud: Али не е сниман со 3Д камери, конвертиран е во пост-продукција (n)
Не го знаев ова да ти кажам, ме замисли сега...не би го гледал во 3D чим е така сниман, едноставно не е тоа тоа...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Идам на премиерата, се гледаме! :)
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Pfff, ovie pochekaa do posleden moment pa da kazhaat deka i vo MKD ke se prikazhuva, in the meantime jas pred edna nedela kupiv karti za utre vo tirana ke go gledam...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Development of The Avengers began when Marvel Studios received a loan from Merrill Lynch in April 2005. After the success of the film Iron Man in May 2008, Marvel announced that The Avengers would be released in July 2011. With the signing of Johansson in March 2009, the film was pushed back for a 2012 release. Whedon was brought on board in April 2010 and rewrote the screenplay originally written by Zak Penn. Production began in April 2011 in Albuquerque, New Mexico, before moving to Cleveland, Ohio, in August and New York City in September. The film was converted to 3D in post-production.

Штета :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom