Дали е битна големината?
Уметноста, литературата и народната медицина потврдуваат дека желбата за поголем пенис го следи машкиот дел од човештвото илјадници години. Сепак, ни Египќаните, ни Месопотамците, Римјаните, Феничаните, ниту пак Викторијанците го нашле лекот.
Човек може да ја избричи својата генитална област за да створи илузија на поголем пенис. Може да му се инјектира масно ткиво во пенисот, со што ќе добие на дебелина на некое време, поточно на 4-6 месеци. Освен тоа, може да го сецне лигаментот што му го држи пенисот за абдоменот, па да се зголеми делот што излегува надвор од телото. Ваквиот зафат дефинитивно остава впечаток на поголем пенис. Но за такво нешто потребно е да се дозволи некому да зарие остар скалпел околу најчувствителниот дел од телото, со резултати кои не се целосно загарантирани. Ваквиот зафат е своевиден хируршки комар.
Останува тајна зошто кај мажите опстојува заинтересираноста за поголем пенис. Човек би помислил дека уште од дамнешни времиња, кога се симнале од дрвјата жените се јадосувале една на друга, „ех да беше овој мојов малку пообдарен, ќе бев посреќна!” Тоа едноставно не е точно. Жените сакаат многу работи – повеќе бакнување, галење, па и кунилингус меѓу другото – но 2-3 сантима плус ваму или таму не претставува копбнеж за повеќето жени.
Разни психолози, сексолози и ним слични, сметаат дека желбата за поголем пенис е желба за други работи како релаксација, самодоверба, ослободеност, разбирање на жените, па дури и мудрост. За разлика од зголемувањето на пенисот, наброениве работи всушност се достапни. До нив може да се дојде само доколку мажот сака да осознае некои работи за себе и за еротичноста. Доколку е подготвен да се откаже од некои верувања, ставови, предрасуди и дезинформации.
Ние сега овде нема да споменуваме бројки, но се разбира дека сето горенаведено се однесува на оние што се барем блиску до долните граници на просекот. Оние пак што ептен потфрлаат – подобро нека размислуваат во валута, а не во сантиметри.
Извор: ИДИВИДИ