Технички Универзитет Минхен (TUM)

  • Креатор на темата Креатор на темата Fly-X
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 септември 2007
Мислења
14
Поени од реакции
1
Здраво,

Дали има некој од вас, или пак познава некој што студира на техничкиот универзитет во Минхен ?
Пред некое време аплицирав за магистерски студии таму, па би сакал да поразговарам со некого кој има било какво искуство со тој факултет, или пак со некој друг универзитет ама во Германија.
 
Јас студирам на Техничкиот Универзитет Штутгарт..

Незнам некој што студира таму но условите воглавно се исти за сите Универзитети од ТУ9 групацијата (тоа се 9те државни Технички Универзитети во земјата).
 
Може да ни ги кажеш? :)
Студираш на пост дипломски или додипломски?
Ме интересира предавањата на кој јазик се, колку чини за пост-дипломски, како да аплицирам за таму и сл. :)
 
Мене па највеќе ме интересира колку пари месечно одат (оделно за: сместување, за храна, и друго)
На ТУМ, најверојатно ке имам интервју преку телефон накај јули, па сакав да прашам некој да не знае какви прашања паѓаат.
 
Се радувам кога ќе слушнам дека некој студира во странство. Посебно ако студира техника. Ја користам можноста да ги поздравам таквите и да ги замолам, по студиите, да се вратат во Македонија.
 
И што да прават во Македонија? Еве јас работам во Одделение за Истражување и Развој во една фирма во Македонија во автомобилската индустрија, како конструктор на производ. Ретко земам (смешна) плата... Сепак останувам во Македонија, но на помладите колеги им препорачувам да ги трошат парите овде, ама да ги заработуваат некаде настрана... Чисто од моја гледна точка.
Се извинувам за забегување од темата, само знам многу луѓе кои се вратиле од студии од странство и се разочарале во животот.
 
Се радувам кога ќе слушнам дека некој студира во странство. Посебно ако студира техника. Ја користам можноста да ги поздравам таквите и да ги замолам, по студиите, да се вратат во Македонија.
Јас студирам Aerospace во странство, ако се вратам во Македонија што ќе правам те молам објасни ми? Башка сум инвестирал овде може 50.000 евра и више за живот, факултет итн. Колку време ќе ми треба да ги отплатам тие со плата од 400 евра во Македонија, а башка кај би работел во струка? Дај боже да направам пари. човек од себе на своја нога па да инвестирам во бизнис/фирма во Македонија и да вработам наши луѓе, али да се вратам како вработен не фала.

Он топик:
Имам другарчиња што студираат во Минхен можам да ги прашам што како е и да те информирам. Да не биде само муабетов рекла казала може Бибо подобро ќе ти објасни.
 
Јас студирам Aerospace во странство, ако се вратам во Македонија што ќе правам те молам објасни ми?
Tи си стекнал знаења кои никој ги нема во Македонија и ако работиш овде целото наше културно ниво ќе ни се подигне. Затоа сите би сакале да бидеш со нас. Се разбира ти и секој друг треба да го следи сопствениот интерес, најнапред во стручното усовршување и никој нити очекува нити има право да очекува ти да се жртвуваш.
Сепак би те замолил, да одржуваш стручни контакти со стручњаците од Македонија. А нас повремено да не известуваш за напредокот на техниката - тоа можеш да го направиш и преку овој Форум.
 
Мене па највеќе ме интересира колку пари месечно одат (оделно за: сместување, за храна, и друго)
На ТУМ, најверојатно ке имам интервју преку телефон накај јули, па сакав да прашам некој да не знае какви прашања паѓаат.
Трошоците за сместување варираат од град во град. Источна Германија е поефтина, како и малите гратчиња кои се секогаш поефтини од поголемите како Минхен, Хамбург, Франкфурт и Штутгарт важат за најскапи... Е сеа зависи какво сместување точно бараш (дали сакаш сам да живееш во мало студентско станче или пак како повеќето студенти во Германија каде со 2-3ца цимери заедно ќе изнајмувате поголем стан во кој секој ќе си има своја соба и ќе делите кујна/дневна/купатило итн), ама да речеме (општо) просечна кирија месечно во Минхен за студент е 300 евра (не ме фаќај за збор, ипак е ова општа проценка од моја страна кога ќе споредам со цените тука во Штутгарт и со оглед на тоа што Минхен е најскап град, ама не сум прашал конкретно некој што живее таму)...
Покрај тоа ти требаат уште некои 200 евра за храна, искачање (превозот би требало да ти биде покриен како студент, ама во некои градови сепак и студенти плаќаат билети али поефтини), значи се на се доаѓа околу 500 евра месечно. Е сеа нормално се зависи од тоа ти колку сакаш да си дозволиш и како живееш, доколку парите не ти се проблем и сакаш (по)комотно да живееш нормално дека трошоците ќе бидат поголеми, но генерално 500 евра е просечно колку студенти трошат месечно (барем не само за мене туку и други што ги знам тука што студираат или пак мои колеги исто толку трошат месечно). Минхен како што спомнав е поскап така да може и нешто повеќе ќе се фати али не нешто драстично (не повеќе од 550-600)...

Во секој случај може и работа да побараш (лично највеќе би ти препорачал како келнер во некој кафич или што и да е) оти во принцип тоа е најлесна/забавна работа (боље него во супермаркет или незнам си што да праиш) и плус како келнер добиваш и бакшиш, што значи заработуваш дупло него ако правиш нешто друго, па со 2 пати работење неделно (на пример петок и сабота) ќе заработуваш (отприлика) доволно да си ги покриеш трошоците (не ме фаќај за збор, ама генерално). Е сеа не е баш лесно да најдеш работа (треба прво јазикот да го владееш и да имаш искуство да си работел како келнер порано) (јес да лично би ти препорачал и да немаш такво искуство, кога ќе те прашаат кажи им дека си работел порано во кафичи преку лето лол) али у секој случај ако си трпелив и бараш работа ќе најдеш ;)

И јас имав такво интервју али искрено веќе не ми ни текнува што прашуваа, али не беше нешто страшно. Мислам дека во главно прашањата беа што ме интересира да студирам, зошто сум се решил за таа насока, што ме мотивирало, зошто сум го одбрал нивниот универзитет, кои се моите интереси, во кои предмети сум бил добар итн Али прилично „безболно“ помина интервјуто (фини си беа, не беше нешто страшно) и уште утредента ми стигна потврда дека сум примен ЛОЛ
 
Ми кажаа Минхен бил најскап во Германија, повеќе и од Хамбург, а таму за 10-15м2 соба више плаќаш 300 евра. Нормално ова збориме за сместај во близина на центарот. Какви студии ќе правиш во Минхен? Зашто техничките се во „предградие“ кај што се патува околу 30 - 40 минути со Воз. Така да ако бидеш сместен кај факултетот смештај може да ти биде поефтин ама ќе бидеш далеку од центарот за искачање и шетање.

Покрај тоа ти требаат уште некои 200 евра за храна, искачање (превозот би требало да ти биде покриен како студент, ама во некои градови сепак и студенти плаќаат билети али поефтини), значи се на се доаѓа околу 500 евра месечно. Е сеа нормално се зависи од тоа ти колку сакаш да си дозволиш и како живееш, доколку парите не ти се проблем и сакаш (по)комотно да живееш нормално дека трошоците ќе бидат поголеми, но генерално 500 евра е просечно колку студенти трошат месечно (барем не само за мене туку и други што ги знам тука што студираат или пак мои колеги исто толку трошат месечно). Минхен како што спомнав е поскап така да може и нешто повеќе ќе се фати али не нешто драстично (не повеќе од 550-600)...
Работата е повеќето да, ама Минхен не покрива превоз за студенти така да тоа ти е додатен трошок што не е ефтино во Германија (месечна карта мислам е околу 100 евра). Јадење околу 150-200 мене ме фаќа без искачање и не јадам по ресторани ич, ама Холандија е мислам поскапа во тој аспект. Така да тоа зависи колку и со што ќе се храниш и одпочеток ќе ти иде повеќе ако не си научен (живееш дома со твоите немаш мерка што како колку) и додека не научиш каде што е поефтино.

Конечно за парт тајм работа легално си ограничен на 10 саати неделно во просек, т.е. 5 работни дена во месецот.
 
http://www.agrar.wzw.tum.de/ дали и ова спаѓа во истото или грешка сум ? пишете повеќе за факултетот инфо,дали треба претходно познавање на јазик и тн..... за животот знаеме дека е скап :)
 
Дај пишете повеќе информации околу процесот на аплицирање, не само за TUM, туку општо за техничките универзитети во Германија ме интересира, за Master програмите. Што се’ е потребно за аплицирање, кои работи се пресудни за да те примат, дали е тешко да се биде примен...?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom