Мене па највеќе ме интересира колку пари месечно одат (оделно за: сместување, за храна, и друго)
На ТУМ, најверојатно ке имам интервју преку телефон накај јули, па сакав да прашам некој да не знае какви прашања паѓаат.
Трошоците за сместување варираат од град во град. Источна Германија е поефтина, како и малите гратчиња кои се секогаш поефтини од поголемите како Минхен, Хамбург, Франкфурт и Штутгарт важат за најскапи... Е сеа зависи какво сместување точно бараш (дали сакаш сам да живееш во мало студентско станче или пак како повеќето студенти во Германија каде со 2-3ца цимери заедно ќе изнајмувате поголем стан во кој секој ќе си има своја соба и ќе делите кујна/дневна/купатило итн), ама да речеме (општо) просечна кирија месечно во Минхен за студент е 300 евра (не ме фаќај за збор, ипак е ова општа проценка од моја страна кога ќе споредам со цените тука во Штутгарт и со оглед на тоа што Минхен е најскап град, ама не сум прашал конкретно некој што живее таму)...
Покрај тоа ти требаат уште некои 200 евра за храна, искачање (превозот би требало да ти биде покриен како студент, ама во некои градови сепак и студенти плаќаат билети али поефтини), значи се на се доаѓа околу 500 евра месечно. Е сеа нормално се зависи од тоа ти колку сакаш да си дозволиш и како живееш, доколку парите не ти се проблем и сакаш (по)комотно да живееш нормално дека трошоците ќе бидат поголеми, но генерално 500 евра е просечно колку студенти трошат месечно (барем не само за мене туку и други што ги знам тука што студираат или пак мои колеги исто толку трошат месечно). Минхен како што спомнав е поскап така да може и нешто повеќе ќе се фати али не нешто драстично (не повеќе од 550-600)...
Во секој случај може и работа да побараш (лично највеќе би ти препорачал како келнер во некој кафич или што и да е) оти во принцип тоа е најлесна/забавна работа (боље него во супермаркет или незнам си што да праиш) и плус како келнер добиваш и бакшиш, што значи заработуваш дупло него ако правиш нешто друго, па со 2 пати работење неделно (на пример петок и сабота) ќе заработуваш (отприлика) доволно да си ги покриеш трошоците (не ме фаќај за збор, ама генерално). Е сеа не е баш лесно да најдеш работа (треба прво јазикот да го владееш и да имаш искуство да си работел како келнер порано) (јес да лично би ти препорачал и да немаш такво искуство, кога ќе те прашаат кажи им дека си работел порано во кафичи преку лето лол) али у секој случај ако си трпелив и бараш работа ќе најдеш
И јас имав такво интервју али искрено веќе не ми ни текнува што прашуваа, али не беше нешто страшно. Мислам дека во главно прашањата беа што ме интересира да студирам, зошто сум се решил за таа насока, што ме мотивирало, зошто сум го одбрал нивниот универзитет, кои се моите интереси, во кои предмети сум бил добар итн Али прилично „безболно“ помина интервјуто (фини си беа, не беше нешто страшно) и уште утредента ми стигна потврда дека сум примен ЛОЛ