Тетоважи

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Возможно е овај "занает" да се научит во МК ?
 
Јас колку што знам овој занает повекето луѓе кои го работат во МК го научиле во МК многу мал број на луѓе го научиле надвор од МК. А тие што го научиле надвор секако дека го научиле занаетот на соодветен начин.

SKIN ART Macedonia - sending from iPhone using Tapatalk!
 
Јас ниеден тату мајстор незнам од МК што пред да почне да тетовира се обучил некаде или пак бил на курс за уметност или пак учел анатомија уметничка барем малку од малку образование. Нашиве одат од тетратка по дома хоби цртање право на машинка и прави го комшијата сликовница. После неможеш да препознаеш дали е делфин или човек на крст што стои (читај Исус). Катастрофа анатомија нула посто во цртежите. Али и народот е тука крив тетовирањето кај одреден мајстор е мода ако еден двајца отидат цел град понего а ниеден од нив појма нема како треба да изгледа тетоважа и уметничка анатомија и параметри. Балкан синдром што да пишам повеке.
 
Незнам шо е смешно тука ја на пр. сакам кубик дрва да се тетовирам :D
Стави си хаха може и секира.

Не е смешно, но глупава е. Сигурно му се расипал, па решил да си го тетовира.

Гледав некои слики од тетоважи од македонци и се молам после некоја година да не плачат што ги ставиле. :D
 
Еве јас почнав како чирак на татко ми, му спремав слики ме учеше разлика помеѓу цртање на кожа и цртање на хартија. После тоа бев на школување во училиште во италија каде што изучував медицински, кожни и др важни работи околу тетовирањето за да на крај од истото школо ме испратат на работа (учење) прво во студио во Милано а потоа во други две студија во Америка. Вкупно додека да почнам да работам потполно сам ми требаше 6 год едукација од кои 4 год теорија и две години работа. Нашиве ке кажат многу пријатељу ама ја сум горд што го познавам секој стил на тетовирање, знам да склопам, расклопам и наштелувам машинка како што мене ми треба да работи, знам да припремам секаква игла за работа, да измиксам секаква потребна боја (ден денес црната сам си ја правам) воглавно тие 6 год ме направија најмразен мајстор во МКД бидејки сите останати што тетовираат знаат дека никогаш во нивниот живот нема да можат сето ова да го научат :) ја среќа мојата едукација ја почнав на 16 и бев упорен - на 22 год го имав првото студио :)

SKIN ART Macedonia - sending from iPhone using Tapatalk!
 
На кои места обично се тетовирате со quote-реченици? :D
 
Уба нестава ама само Ријана мојт онаква фризура да терат.
 
Многу сувопичаста за мој вкус - повеке ми се допаѓа онаа девојка од Куманово што е истетовирана, барем не личи на никоја има свој вкус :)
4b3e7cae4a1469f0b599daa3c868e4ad.jpg

33beba2628e96553e4557868201247b7.jpg

aea358035fb5d374524e1a0f79c35fcd.jpg

SKIN ART Macedonia - sending from iPhone using Tapatalk!
 
Дечки ми треба помош, тие што имате релјефни тетоважи (од предлабоко бушење), дали сте нашле некое решение досега или сте пробале (сум читал за чист гел од алое вера дека помага за да се израмни тетоважата со кожата). Имам ситни букви на гради малку испакнати, не е страшно ама ми се смачи да ги гледам такви сакам да ги средам. поздрав
 
Прво рељефните тетоважи не се од многу бушење - кога е разлиена тетоважата тоа е многу бушење - кој те излажал и он толку знаел - второ рељефна тетоважа се поправа само со тетовирање врз неа,но пак треба да најдеш некој кој се разбира од такво тетовирање.
11715880_10207312116220475_309769627_n.jpg

На пример пред некое време ја правев оваа тетоважа - покривав белези,резови од пластична хирургија - знаеш дека исто како и твојата тетоважа така и резовите се испапчени,ке видиш на сликава како резовите не се познаваат кога е истетовирано :)

И пак ке напомнам тетоважа што е испакната не е од предлабоко бушење,тоа е исто како да мислиш дека иглата на машинката за тетовирање не оди рамномерно со убоди,сепак збориме за машинка,ниедна машина неможе да боцне повеке одколку што е наштелувана!
 
Прво рељефните тетоважи не се од многу бушење - кога е разлиена тетоважата тоа е многу бушењ?- кој те излажал и он толку знаел - второ рељефна тетоважа се поправа само со тетовирање врз неа,но пак треба да најдеш некој кој се разбира од такво тетовирање.
Прегледај го приврзокот 123989

На пример пред некое време ја правев оваа тетоважа - покривав белези,резови од пластична хирургија - знаеш дека исто како и твојата тетоважа така и резовите се испапчени,ке видиш на сликава како резовите не се познаваат кога е истетовирано :)

И пак ке напомнам тетоважа што е испакната не е од предлабоко бушење,тоа е исто како да мислиш дека иглата на машинката за тетовирање не оди рамномерно со убоди,сепак збориме за машинка,ниедна машина неможе да боцне повеке одколку што е наштелувана!

Друже,колку чини изработката на една тетоважа да се покрие лузна на рамо сосе горен дел на рака ?А и колку е временскиот дел на изработка ? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom