Моја грешка, не биле 100 милијарди, туку 110 милијарди само за оружје и муниција, останатите комерцијални бизниси кои ги договорија во износ од уште 200 милијарди долари не ги спомнав.
Секако, сигурно ќе ги демолира на Твитер.
Се знае кој е проблемот - Ирачаните, Сиријците, Јеменците, Авганистанците и останатите за кои западната јавност молчи, не се на списокот на финансиери на западните медиуми, исто како што очигледно и плавиот Трамп не е финансиер на СиЕнЕн и останатите американски медиуми, па затоа за прв пат после бајаги подолг временски период американската јавност ја критикува федералната влада на САД, наместо да и` се клања и да вика амин, како што тоа го правеа со Барак Хусеин Обама.
Една работа за која им симнувам капа на Russia Today - секогаш знаат најдобро да направат добра нужда врз западните медиуми.
Најсигурно беше намерно, ама ај да не гледаме од пропагандистичката страна на телевизијата, бидејќи денес сите телевизии се пропагандистички медиуми - на 22 јули 2013 кога се роди принцот Џорџ во Велика Британија ете ти, сите медиуми - и американски и европски и балкански и македонски известуваат за приновата во семејство кое нема никаква поврзаност со нас, ама истата вечер на RT - документарец за жртвите на бомбардирањето на Фалуџа со осиромашен ураниум. Додека западов слави принова во семејство кое не му значи ништо на западното општество, руска телевизија прикажува Ирачани чии што деца умираат од рак, леукемија и други тешки болести пред да го дочекаат првиот роденден бидејќи се изложени на зрачењето од осиромашениот ураниум во кој САД и НАТО го бомбардираа Ирак.
Russia Today не се никакви цвеќиња за мирисање - но морам да ги пофалам дека барем отворено и јавно потврдуваат дека се финансирани од Кремљ, за разлика од западните медиуми - но секоја им чест за таквото известување.
Не се секирај за мене, ретко ги гледам западните медиуми, а и кога ќе им посветам малку внимание, секоја информација која ја објавуваат ја земам во предвид со резерва, односно не ја третирам како веродостојна од прва, исто како и информациите кои ги објавуваат RT и други телевизии. Телевизијата од поодамна изгуби секаква кредибилност како информативен медиум.