Тепачка - тивко етничко чистење

Статус
Затворена за нови мислења.
Чекај малку.
Јас сум албанец, 125ти член по ред сум на форумов. Ти си 21.971 колку за некаква споредба.
Значи на македонски форум, дискутирам, давам знаење, предлози, глупости тресам... на македонски форум. Слика на Лазаров имам како аватар. И тоа не ради соживотот, туку ради него како личност и што ме направи среќен денес.
Сум дал рака.
И што добивам. Вакви теми + закани и кењање по ПП.
И после јас лош? Ма не :)
 
Точно така ако им врие крвта нека одат по женски...
Нека се журкат заедно , па нека се и тепат ама не етнички...
Место вечерва во струга да се слави победата на МАКЕДОНИЈА они се тепале...
Не бе брат тоа треба да се спречи...
Намерно спомнав ПОЛИТИЧКИ КОНТРОЛИРАНИ , можеби не директно ....
А имаш право за лошото воспитување...
Сепак мислам дека Албанците ако подадат рака и се покажат искрени во нивните желби за соживот ќе нема проблеми...
Јас за време на војната 2001 си пиев ПИВЦЕ со Албанец , а на него влакно ме му фалеше иако во радиус од 5км беа само Македонци, а тоа кажува многу...
Ако има обратни примери со задоволство би ги слушнал...

2004, Кондово.
Пријател на семејството, Македонец, безброј пати доаѓаше кај мене дома, си одеше накај 2-3 часот по полноќ од тука. Никогаш немаше никакви проблеми.

Арно ама, политиката си го прави своето.
 
Лошо е тоа што се случи, меѓутоа ние не ја знаеме целата ситуација зошто се случила тепачката, во секој случај телевизиите ја претеруваат не треба толку да го експонираат тоа, прават омраза помеѓу луѓето, тоа требало да се реши на локално ниво, а не на државно. Телевизиите претеруваат вака не се прави соживот, гледаат на секој можен начин да ги наполни луѓето со негативна енергија.
 
Чекај малку.
Јас сум албанец, 125ти член по ред сум на форумов. Ти си 21.971 колку за некаква споредба.
Значи на македонски форум, дискутирам, давам знаење, предлози, глупости тресам... на македонски форум. Слика на Лазаров имам како аватар. И тоа не ради соживотот, туку ради него како личност и што ме направи среќен денес.
Сум дал рака.
И што добивам. Вакви теми + закани и кењање по ПП.
И после јас лош? Ма не :)

Ти давам и јас тебе рака за тоа што го правиш...
Само ти реков кога би имало повеќе како тебе сигурно не би биле во вакви срања...кои искрено секој ден се надевам дека ќе се надминат...
А за тие шо вреѓаат мислам дека не се репер, што всушност и на тебе ти е многу добро познато...
 
ах бе македонче македонче,од секогаш те газеле и за секогаш ќе те газат(ова од песна беше?)
абе се му дадовме и пак не се задоволни,пак ум ќе ни солат :nenene:....срамота
 
Точно така ако им врие крвта нека одат по женски...
Нека се журкат заедно , па нека се и тепат ама не етнички...
Место вечерва во струга да се слави победата на МАКЕДОНИЈА они се тепале...
Не бе брат тоа треба да се спречи...
Намерно спомнав ПОЛИТИЧКИ КОНТРОЛИРАНИ , можеби не директно ....
А имаш право за лошото воспитување...
Сепак мислам дека Албанците ако подадат рака и се покажат искрени во нивните желби за соживот ќе нема проблеми...
Јас за време на војната 2001 си пиев ПИВЦЕ со Албанец , а на него влакно ме му фалеше иако во радиус од 5км беа само Македонци, а тоа кажува многу...
Ако има обратни примери со задоволство би ги слушнал...

еве јас во липково во ресторанот кај браната со другар албанец и уште еден македонец (значи двајца македонци и еден албанец) , на чај во чаир , студеничани , донер на јаја паша , кафе во приштина , на свадба на колешка албанка во калабрија итн. итн. ..... ако се сака се може , еден од најдобрите пријатели ми е албанец , живеев во чаир 20 години и за време на војната па сум немал никакви проблеми и ден денес се дружам со истите луѓе таму и ко што гледаш жив сум :smir:
 
Дискутираме на теми од типот заедничко живеење и разбирање, а на истите очи си вадиме. На секој втор пост има или јавна или иронична осуда и проценка. И тоа се појавува само на вакви теми. На сите останати теми на форумов (со исклучок на поединци кои одат со намера да истресат нешто на национална база) се дискутира нормално, без осуди, без мерења, без барања чија вина е поглема, без да се гледа дали тој што постирал пред тебе е "наш" или "нивен". Кога збориме за економија, за љубов... за секоја друга тема е ок, ама кога се дискутира у контекс на политика се зазема друг став.
Знам дека има тепачки во кои страдаат и невини, случајно стекнати, но главно истите се предизвикани и се резултат на провокации без разлика од чија страна. Зошто мене до сега некој не ме истепа, од кога знам за себе шетам по Бит пазар и Стара чаршија сама или кога одев на факултет на сред Гази баба?
 
Марсовка не знам од која националност ама знам дека тоа што го објаснуваш не е дека фалело уште силување туку тоа било силување, за кое треба да летаат јаки тужби. Само колку за информација силување не е се важи само од пенетрација.
Ima eden мал проблем законски не можат да се судат деца испод 14 години и оние што се помлади малолетници (14-15) се испраќаат на надзор од социјални служби а ние знаеме како функционираат тие служби
Еј човече на едно девојче за малце ќе му ја расцепеа главата на радијатор знаеш како иреагираа службите во школото
цитирам ајде сеа извини и се
:nesvest:
не е проблемот во луѓето туку во институциите ако се стегнат школата и тие што прават проблеми се пратат во војнички камп на одмор да видиш како бубалки ќе се вратат од таму
 
Принц ако ти се осеќаш како гомно , кажи си за тебе, не збори за другите, посебни не на национална база.
Факт е дека кај вас албанците нецивилизираноста е заштитен знак. Секогаш сум ги почитувал оние образовани и мирни , луѓе свесни за тоа кои се и каде се.
Ако сме во Македонија сите сме Македонци , ако се чувствуваш како друга националност , побарај си го домот. Меѓутоа вашиот необразован кадар, вашите вандали кои многу често бараат закачки на национална база ве засенуваат и рушат се што градите и вие а богами и ние.
 
Steta ja naucija mladinaa da sledi politika duri i da e teska treba sega reverse na toj pro oroces i preobrabotka-na svakanjata da glasambez incident
 
Да си раскажам сега јас, една моја случка, накратко...

Пред точно една година, бев дел од проектот „Компјутер за секое дете“ - еден од ангажираните за премерување и снимки на старите училишта, во Скопскиот и Тетовско-Гостиварскот регион. За да ќарам некој динар плус од владикава, идев со приватно возило. За дивно чудо, од Скопски регион ми се паднаа Кондово, Сарај, Чаир и Бутел. Тетово и Гостивар...уште во кое село не влегов. Јас и партенр, сами, со сопствена, приватна кола...Кај „шиптаришта“. Е сега, фактите... Кога ќе влезевме ние во дворот од школото, и кога децата ќе слушнеа дека зборуваме македонски, се збираа околу нас, и се трудеа, од петни жили на најкултурен начин, да ни речат „Добар ден“. Пред да се претставиме и да кажеме за што сме дојдени, бевме најгостопримливо пречекани од директорите, или во најмала рака, од некој секретар, наставник... Немаше училиште, немаше село, каде не бевме поканети на кафе, слатко или ручек. И немаше попријатен муабет, од муабетот со нивните наставници, додека го пиевме кафето во нивна канцеларија. Не, не муабет како со „владини претставници“ (драпај си...претставниците), туку како со студенти, што и бевме. Беа почестени од нашите посети, и тоа го покажуваа безрезервно. И ни останаа во сеќавање.

Покрај погореспоменатите, поради недостиг на радна снага, во Скопје ми беше доделено и школото во нас. Ѓ. Петров... Директорка, колку што се сеќавам... Мислам дека, ако не избрзавме да кажеме за што сме дојдени, ќе не измаршира со обезбедување од ходникот. Не бевме удостоени нит со потписот кој требаше да се даде од вработено лице, како доказ дека школото било снимено...

И си седам после тие две седмици јас, со партнеров...и си коментирам...Де едните се праат катиљ, де другите. А де седниме на иста маса, за исти цели, за нешто шо носит напредок - оп, сите сме арни. Чак шта више, имат поарни и од нас (демек, за Македонци зборвам)...

Дај бре, деполитизирајте се...бар во обичниов живот, еј. Не јадат ваквите работи. Многу повеќе не јадат ваквите муабети, одколку шо самите сакаме да се јадиме. И сите сме свесни за тоа. И не тргајте одма со јатаганите, другарчиња. Им помина времето на тие така шо тргаа. Дај - искоритете го потенцијалот на младото размислување.

Се извинувам за должењево, се надевам ќе бидам сфатен. Благодарам.
 
истите тие што ти даваа слатко и кафе пред некоја година копаа ровови и ги криеа убијците на македонските бранители
се дури во земјава има вакви давајга*и ко тебе че ни се случува вакви работи......
 
А што ни се случува Мери? И од каде доби заклучок Мери дека Кире е давајгаз? Зошто Мери така зборуваш, кажи ни Мери. Кажи ни Мери што точно те мачи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom