Теорија на Шуплива VS Рамна Земја

  • Креатор на темата Креатор на темата Мацото
  • Време на започнување Време на започнување
Една од најстарите мистерии е: „каква форма има земјата“? Ератостен 240г. п.н.е. успеал да докаже дека земјата е топка мерејки го аголот на сонцето на две оддалечени локации и успеал приближно да го пресмета обемот на земјата. Аристотел знаел за заобленоста на земјата гледајки го хоризонтот и формата на земјината сенка за време на месечевите еклипси. Европјаните мислеле дека земјата е рамна се до крајот на средниот век и истражувачите од ренесансата.
Во последно време дебатава повторно станува актуелна. Во денешно време на авиони и сателити се појавуваат нови теории на заговор дека на половите на земјата има отвори кои водат до внатрешноста на шупливата земја. Образложението е дека секое небесно тело, кое има доволно маса: ѕвезди, планети, па веројатно и црните дупки, настојува да заземе форма на топка која внатре е шуплива. Шуплива затоа што: според физичките закони, во внатрешниот центар на секое вакво тело, гравитацијата делува во сите насоки со еднаква сила. Центарот каде што нема гравитација, може да биде исполнет со материјал, кој би личел на јадрото од еден џиновски атом. Спинот би додал на гравитација во внатрешноста на кората, а би одзел на надворешноста. Еве ви и слика.
hollow-earth-model.jpg

На сликава јадрото е претставено како внатрешно сонце затоа што во теоријата за шуплива земја се оди до таму дека внатре живее цивилизација со многу понапредна технологија од нас и велат дека имаат направено вештачко сонце во центарот. Сферата каде што пишува "Center of Gravity" е длабочината со најголем притисок, околу 1000 милји под земја. Гледате дека има нацртано и внатрешни мориња и континенти.
Мене оваа теорија ми се чини многу веројатна. Овде можат да се надоврзат и многу други теории, митови, религија, НЛО, но тоа на вас ќе оставам. Додека теоријата за рамна земја која стана актуелна откако стана лесно достапна оваа, според мене служи само за да го одвлече вниманието од вистината и да ја побие теоријата за шуплива земја. Во неа се вели дека: сонцето и месечината се многу поблиску и помали тела кои кружат над земјата и под сводот(купола) кој е споменат во светите книги. Кога господ ја создавал земјата ја создал и куполата за да ги оддели земските води од небесните. Ова можам да го сфатам само ако господ во тој момент се наоѓал во внатрешноста на земјата.
Еве слика и од оваа теорија.
Flat%2BEarth%2BHypothesis.jpg

Како што гледате во оваа теорија јужниот пол би бил многу поголем и границата на светот во кој живееме.
Земјата е рамна. Ова го кажувам за во сите теми овде на форумов. Не е плоча, ниту диск. Таа е неправилен елипсоид. Докажано од сто науки пред стотици години. Не сакам да ви должам со мои докази затоа само ова ќе го оставам тука
 
Нека стои, оставено тука !
 
Треба да се прекрсти темава у теорија на шуплива vs рамна глава на Зурла.
 
Земјата е рамна. Ова го кажувам за во сите теми овде на форумов. Не е плоча, ниту диск. Таа е неправилен елипсоид. Докажано од сто науки пред стотици години. Не сакам да ви должам со мои докази затоа само ова ќе го оставам тука
Попрецизно кажано водата со која се поврзани Тихиот,Атлантскиот и Индискиот океан и сите мориња со нив е во рамна хоризонтална положба.
 
Земјата е рамна. Ова го кажувам за во сите теми овде на форумов. Не е плоча, ниту диск. Таа е неправилен елипсоид. Докажано од сто науки пред стотици години. Не сакам да ви должам со мои докази затоа само ова ќе го оставам тука
Абе чичино, сега рамна е, не е рамна, елипсовидна е, крушка е? Каква е одлучисе, да знајме на што си :D
 
Абе чичино, сега рамна е, не е рамна, елипсовидна е, крушка е? Каква е одлучисе, да знајме на што си :D
Најточно е да се каже „неправилен елипсоид“. Се прифаќа и „кружна“ или „топчеста“
Автоматски споено мислење:

Најточно е да се каже „неправилен елипсоид“. Се прифаќа и „кружна“ или „топчеста“
Абе море леле сум почнал со „Земјата е рамна“ на првиот одговор пред ова. Значи тоа е чиста грешка. Можи затоа не се седи на форумот ова време

Све да ебам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom