Температура

  • Креатор на темата Креатор на темата ~DaRko
  • Време на започнување Време на започнување

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Дали ви се има случено неколку дена без престан да имате температура?
еве јас веќе трети ден имам покачена не толку висока температура, и најчудно е што воопшто не ме боли ни грлото, ни главата, ни кашлам, ни кивам ама буквално ништо :toe: пијам чај, апчиња, 5-6 бунди на мене носам и пак не се намалува. Чаре?
јас си викам да не ми расте некој умник инаку што би било. Ај пишете некој да не имал слично искуство, што правел, како правел........
 
Вака сега-константна температура без да се намалува,а притоа да немаш болки во грло,без кашлица и без течење на носот-е знак дека имаш некоја инфекција во организмот(на мочните канали пример)

Затоа одма на матичен лекар,прво треба мокрачата да се испита,да се види дали постои инфекција.
Ова од искуство ти го зборам,скоро имав проблем вака со температура,затоа ти кажувам побрзо да одиш и да не прашуваш тука.
После ке ти препишат сируп против инфекции и здрав ке си-како нов:back:
 
А да тркниш до лекар една инекција а? Не си играј 3 дена се премногу. Да не те плашам какви се не оследици може да имаш. ОДИ ПОД ИТНО
 
Дали ви се има случено неколку дена без престан да имате температура?
еве јас веќе трети ден имам покачена не толку висока температура, и најчудно е што воопшто не ме боли ни грлото, ни главата, ни кашлам, ни кивам ама буквално ништо :toe: пијам чај, апчиња, 5-6 бунди на мене носам и пак не се намалува. Чаре?
јас си викам да не ми расте некој умник инаку што би било. Ај пишете некој да не имал слично искуство, што правел, како правел........

Колква температура? Ако имаш 37, тоа е нормална температура.
 
најмногу се крева до 37 со 2, а најмалку 37 ни погоре ни подолу оди :toe:

инаку бев вчера и до болница ми дадоа фервекс или како и да се вика до сега се имам 2-3 чаши напиено и сега еве баш мерев 37 со 1 :nesum: пак не сака да се намали. изгледа пак ќе треба до болница
 
Не се замарај не е тоа некоја температура, веројатно си малку настинат.
 
фала за утехата ама сепак ќе навратам до болница пак. скоро цела недела не сум појден на школо и уште за викендов ако не ми помине :ija:
 
Баш таа температура од 37 до 37.5 степени е најзафркната, омалаксува, те праи да се осеќаш ко искористен кондом.

Убоо ти рече delfybuba, испитај си мокрача и крв и немај гајле, ча оздравиш.
 
Тоа може да биде и од бактериски ендотоксин, или нормална состојба на имуниот систем за уништување на термолабилните микроорганизми, каде што нема потреба од антипиретици.
Но прво мораш да идеш на лабораториски испитувања за урина и крв за проверка на бактериска култура.
и зашто очекуваш со 5 бунди да ти спадне температурата? :) нели е висока?
 
абе така е зборот оти викаат треба да се подиспотиш за да ти помине температурата.

инаку на болница утре ќе одам денеска не го најдов матичниот :icon_neut ама пак ќе спомнам не ми е висока 37 со 2 највисоко досега ( да чукнам во дрво)
 
Дали ви се има случено неколку дена без престан да имате температура?
еве јас веќе трети ден имам покачена не толку висока температура, и најчудно е што воопшто не ме боли ни грлото, ни главата, ни кашлам, ни кивам ама буквално ништо :toe: пијам чај, апчиња, 5-6 бунди на мене носам и пак не се намалува. Чаре?
јас си викам да не ми расте некој умник инаку што би било. Ај пишете некој да не имал слично искуство, што правел, како правел........

Обично коа сум болен!

абе така е зборот оти викаат треба да се подиспотиш за да ти помине температурата.

инаку на болница утре ќе одам денеска не го најдов матичниот :icon_neut ама пак ќе спомнам не ми е висока 37 со 2 највисоко досега ( да чукнам во дрво)

Чукни се у глата букова шо досеа не си пошол на доктор.
 
Обично коа сум болен!

Чукни се у глата букова шо досеа не си пошол на доктор.

абе појдов уште вчера на доктор пишав погоре ми даде фервекс она чајот ама уште имам температура. сега пред малку пак појдов ама не беше тука матичниот утре ќе одам.
 
Дарко,шо напраи бре...беше на лекар???

да бев на лекар и ништо најобична инфекција на грлото сум имал. ми препишаа апчиња и некои витамини мада температура уште имам :pipi: ама ај се надевам ќе помине побрзо
 
значи стварно некои доктори појма од животот си немаат :nesvest: матичниот беше на одмор и некој друг го заменуваше, ме прегледа и ми даде 5-6 врсти на антибиотици. јас пиев дома како не саглам и баш вчера се врати од одмор матичниов, му кажав јас се што пијам како пијам и овој в глава се мана. што ќе ти се бе толку антибиотици? ми вика фрлај ги сите и земи да пиеш по 3 до 3,5 литри течности на ден. па верувале или не денеска и вчера, да чукнам во дрво, ми падна. а јас како будала по 5 антибиотици на ден пиев и башка некои чаеви и сирупи и никако не спаѓаше температурава :nesvest:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom