Теми за разговор во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата blabla58
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 декември 2010
Мислења
114
Поени од реакции
85
Ми треба мала помош. Правам презентација за Македонија,моментално не живеам во Македонија, и меѓу другото треба да напоменам за што може да се разговара, а за што не. Јас како Македонец немам појма за ова (веројатно е срамно), бидејќи бар кај мене, може за се и сешто да се разговара, дури доколку е некоја тема, на пример во врска со соседите, па да треба да се објасни и сл.

Накратко, направете некој список на теми за коишто може да се разговара и за кои не е баш дозволиво, па да видам од вашите одговори што да ставам во презентацијата. Или барем ставете некој линк, бидејќи се утепав од барање на таков начин.

Однапред благодарам.
 
Малце не сфаќам баш како мислиш... За што може да се разговара во Македонија, а за што не? :toe:

па за све се разговара.. :toe: „дури“ и за соседите... :toe:
 
Малце не сфаќам баш како мислиш... За што може да се разговара во Македонија, а за што не? :toe:

па за све се разговара.. :toe: „дури“ и за соседите... :toe:

нешто на финта : What to talk about? What not to talk about?
Некои табуа наводни за коишто кај многумина не е добро да се споменат и сл....
 
Ми треба мала помош. Правам презентација за Македонија,моментално не живеам во Македонија, и меѓу другото треба да напоменам за што може да се разговара, а за што не. Јас како Македонец немам појма за ова (веројатно е срамно), бидејќи бар кај мене, може за се и сешто да се разговара, дури доколку е некоја тема, на пример во врска со соседите, па да треба да се објасни и сл.

Накратко, направете некој список на теми за коишто може да се разговара и за кои не е баш дозволиво, па да видам од вашите одговори што да ставам во презентацијата. Или барем ставете некој линк, бидејќи се утепав од барање на таков начин.

Однапред благодарам.

За колку пари?
 
Види бацка..кај нас највеќе за политика се зборуе...тешки политичари сме така да кажеш таму...
 
Обично во Македонија секогаш се дознаваат информации за успехот на комшијата. Менталитетот е никогаш да не се посегне по креативноста во себе која безсомнено ја поседуваме како народ, туку да се фокусираме на неуспехот кој е можен на пријател или комшија.
Во Македонија можеш и многу да се снајдеш во муабетот за една ебана социјална мрежа facebook, секој ден полека полека се сведуе на тоа шо се случило на фб, кој се зачленил во која група, која кого тагнала додека се лижел со локалниот бич, тројца другари на Цеца итн.
Кога веќе сме кај Цеца она е исто така омилена тема во Македонија, коа ке им текне на бекстејџ нели? Па колку се смеам коа ке ми рече некој Цеца е Цеца... :icon_lol::icon_lol::icon_lol: Замислуам дека коментаров легендарен е измислен од некоја локална селска фаца у преградието на Белград со цел промовирање на истата кај простатазависнаодцицкиискандали раја...
Целта на муабетот ми е- во Македонија можеш за се да праиш муабет се додека тоа е ин и е дозволено на А1 и Сител, сите шо се противат на тие пропаганди се сметаат за нешо шо не се.
Уствари тука кај нас не се зборуе за напредокот на Македонецот како целина туку како единка, тука е раздорот.
А да, и курви мн имаме.
 
Види бацка..кај нас највеќе за политика се зборуе...тешки политичари сме така да кажеш таму...
Не само тоа ние сме ексерти за се од фудбал сите се разбираме посебно сега со кладилниците од историја стално се фалиме дека поќе знаем дури од некој професори на оксфорд па и географија сите држави ги знаме кај се наоќаат а ен како американците кој се глупи шо не знаат за Македонија кај се наоѓа шо знам са секс сме најаки сте сме ебачи прва класа и сите знаме да се фалиме абе брат се се збора кај нас ама ти реков најважно што ние сме сите експерти и од се се разбираме но имаме една мана не знаме како месец со месец да врзиме и да преживееме со нашите мизерни плати тој шо зема а другите нека му ја мислат(да молат по мам и тато за некоја банка за излегвање) :salut:
 
Ми треба мала помош. Правам презентација за Македонија,моментално не живеам во Македонија, и меѓу другото треба да напоменам за што може да се разговара, а за што не. Јас како Македонец немам појма за ова (веројатно е срамно), бидејќи бар кај мене, може за се и сешто да се разговара, дури доколку е некоја тема, на пример во врска со соседите, па да треба да се објасни и сл.

Накратко, направете некој список на теми за коишто може да се разговара и за кои не е баш дозволиво, па да видам од вашите одговори што да ставам во презентацијата. Или барем ставете некој линк, бидејќи се утепав од барање на таков начин.

Однапред благодарам.

Погледни ги темите на форумот, ете ти го одговорот.
Уклучи се на www.zulu.com ги имаш повекето ТВ програми и погледни некоја емисија студиска.

Жените повеќе разговараат за мажи, а мажите повеќе разговараат за политика и фудбал. :toe: Сите заедно ако се во друштво разговараат колку се паметни мажите а глупави жените. А секој на страна си свирка. :pos2:
 
Пред се овде треба да се има политичка коректност дури и во приватниот живот,(иако на јавни обраќања тоа и не е случај). Значи најчувствителна тема е војната, македонци/албанци, муслимани/христијани и слично. Тоа можеби не е случај таму каде што населението е чисто македонско или албанско, но во повеќето места претставува проблем. Ако сакаш да си имаш пријатели албанци и/или муслимани (а си македонец/православен, или обратно), тогаш дефинитивно треба да си пазиш на речникот.
Треба да се пази ако си во друштво на луѓе кои припаѓаат на една партија, да не спомнеш нешто против истата за да не ти замерат (зависи од друштвото, но има премногу такви кои ќе ти замерат а и премногу такви кои ќе те убедуваат во спротивното).
Инаку во суштина, за се може да се збори (со вистински луѓе). Оговарањето (спомнато беше,затоа и го наведувам) е општо прифатено се додека е во одредени количини, ако се претера таа личност ја губи довербата кај останатите. Тоа пред се се должи на тоа што скоро секој секого знае, така да, во што помало место се живее, повеќе ќе слушаш за луѓето. Како и да е, обично моабетот се врти околу плитки теми (како насекаде низ светот), народот се плаши да погледне подлабоко во работите кои го опкружуваат затоа што се плашат од тоа што ќе го видат па се обидуваат да не размислуваат за тоа. Стандард.
 
Избегавај за политика да разговараш, само нервози можеш да си навлечеш :)
 
Може да се разговара за се освен:
-Владеачката партија
-Хомосексуалност
-Секс
-Проституција
-Сида
-Судство
-Државна администрација
...
Овие се теми кој не се посакувани во нашето ценето традиционално патријахално општество.Ние и секако си живееме во 19 век,така да немој да се чудиш.

За се останато можеш слободно на тв да зборуваш,за овие точки треба два пати да размислиш.
 
^ ако проговориш за горенаведените, може да ти никне марихуана во бавчата :pos:
 
Можда е полесно да знаеш за што може без главоболи да се збори -за времето (моментално врне но рекоа попладне ќе...), за ајварот, ако избегнуваш тема за зејтинот и поскапување, за зелената глина, диети, мартинки. Нешто слично општо.
Озбилно, имаш миљон теми у наука (има доста наши со научни достигнувања), туризам и патувања низ Македонија, гурманско катче со традиционални јадења и пијачка, стари стилови и градби, носии, фолклор ...каде нема да имаш толку допирни точки со евентуалните проблеми со потпрашања.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom