ТЕЛЕСМАРТ-Сигнал со брзина на светлината

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Локација
Ул. Темница Бр. Не се гледа
Операторот на големопродажни телекомуникациски услуги Телесмарт кој во Македонија е присутен од 2007 година, дури вчера ја имаше првата своја јавна презентација. Главниот извршен директор на Телесмарт, Благојче Димески, вели дека изминатиот период работеле доста во Македонија, на просторот на поранешна Југославија, но и пошироко, па сега можат да се пофалат дека имаат 5.200 километри оптичка мрежа (400 километри во Македонија), поврзани се со над 1.200 телекомуникациски оператори, провајдери се на над 25 оператори и големи компании. Тоа им овозможило минатата година да направат обрт од пет милиони евра.
- Нудиме телекомуникациски услуги на големо и тоа со голем квалитет и со голема брзина. Присутни сме во Виена, Франкфурт, Белград, Загреб, Будимпешта, Темишвар, Љубљана, Софија. За една недела ќе бидеме присутни и во Приштина и во Тирана, а за два месеци и во Сараево. Важно е дека целиот инфраструктурен проект го управуваме од Скопје - рече Димески.
Тој нагласи дека под концесија го имаат земено оптичкиот кабел на Македонски железници по должината на коридорот 10, со што се поврзани со Србија и Косово, а еден крак оди кон Косово. По должината на коридорот 8 се поврзани со Софија преку Деве Баир, а на спротивната страна оптика имаат само до Кичево.

Вкупната инвестиција е околу 15 милиони евра. Корисници на услугите на Телесмарт се мобилниот оператор Вип, Телеком Словенија, Кејблтел, Тарбс Мак, Сонет и други.

vecer.com.mk

:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

јас лани прочитав во клик списанието дека Вип и некои други оператори ја изнајмија оптиката на МЖ ама си реков тешко да почнат со такви услуги

но за среќа се спремаат и ке им бидат голема конкуренција на Телекомот и конечно да паднат цените на услугите кај нас..............се надевам дека така ке биде
:salut:
 
кој ги знае кога ке настапат со конкретни понуди.....
 
Ако сум добро запознаен Телесмарт нудат услуги само за правни лица, т.е. бизниси... Ние обичните корисници и натаму ќе бидеме стрижени со договорите помеѓу Телекомот, VIP, ONE, Телекабел, Cabletel...
 
Ако сум добро запознаен Телесмарт нудат услуги само за правни лица, т.е. бизниси... Ние обичните корисници и натаму ќе бидеме стрижени со договорите помеѓу Телекомот, VIP, ONE, Телекабел, Cabletel...

а тогаш од шо мака ми се рекламираат во вечер дека Вип, Телеком Словенија, Кејблтел и други ке имаат оптика а нема да биди за домашни корисници туку за нив УПМ
 
WTF?

Телесмарт не нудат интернет за мали/домашни корисници.
Операторот на големопродажни телекомуникациски услуги Телесмарт
Изгор скапи се патем(дури и за големопродажба), ко за инфо.
 
WTF?

Телесмарт не нудат интернет за мали/домашни корисници.

Изгор скапи се патем(дури и за големопродажба), ко за инфо.


ОК

не ми беа мене познати

ни остана само монополот
кој кај да е за 5 год ке ја покрие цела МК :toe:

а и Неотел нуди оптички ама само за фирми УПМ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom