Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Си добил буџет и толку друг нема во следниве две години односно кога ке ти помине договорот ако е така како што велиш можеме секој ден да потпишуваме договори и тие да ни даваат буџет тоа малку тешко .

Претпоставував дека е така, си правам само бајрам на душа
 
Би требало. Не е голема брзина 100 мегабити.

Јас вчера им се јавив на 122, сабајлето случајно видов на telekom.mk дека има нови брзини. Мислев поодамна ги смениле пакетите. Се јавив да прашам дали треба нов договор да направам за да ме сменат на поголема брзина и девојчето ми рече чекам повратен одговор, ама ги нема да одговорат и ќе те побараме ние, но никој не се јави вчера. Можеби во понеделник.

Сега ќе ти кажам, истото прашање го имав и јас, и ми одговорија дека мора да се потпише договор за новиот Магента 2019 та, за да се добие новата брзина.
Како што веќе знаете на некои членови, брзината им е покачена без нов договор.

Испратив нов меил, каде јасно го кажав тоа дека на некои нивни корисници веќе им ја покачуваат брзината, без да обноват договор, а мене ми бараат договор, додатно им го испратив документот во кој се обврзани од АЕК да достават минимална брзина од 30мбпс до 2020 та за сите корисници, односно 100% од домаќинствата.

Одговорот нивни беше, ако потпишете нов договор доколку има техничка можност, веднаш ќе ве префрлиме на новата брзина, инаку ќе ве префрлиме пак, но ќе треба малку време додека се направи миграцијата кај сите корисници. Рачунајте дека 2020 та, сигурно ќе ја понудат брзината 30мбпс во Магента С, Магента М ќе добие повеќе од 30мбпс.
 
Одговорот нивни беше, ако потпишете нов договор доколку има техничка можност, веднаш ќе ве префрлиме на новата брзина, инаку ќе ве префрлиме пак, но ќе треба малку време додека се направи миграцијата кај сите корисници.

Ако е така ќе почекам, не дека ми е потребна брзината толку, само да не испадне ништо, па да плаќам исто за упола брзина. Јас сум на нивниот „Интернет и ТВ“ пакет, не користам Магента 1. Можеби има разлика од Магента и останатите пакети со миграцијата затоа што Интернет и ТВ изгледа исто со иста цена само поголема брзина на интернет.
 
има некој 100/100 пакет L ? ако да, пратете еден спидтест да видиме дали стварно ги достигнува тие брзини...
За Телеком нема да има проблем да испорачаат и повеќе. :) Оптиката нивна е со неоспорен квалитет.
 
Таму каде што е` достапна.

А таму каде што не е достапна - Бањани, Горњани, Љубанци, Љуботен и преостаната Скопска Црна Гора ?

Сарај, Илинден, над 80% од Ченто - со исклучок на најблиските улици до поштата во Ченто, каде што е главната централа за реон Ченто, и со исклучок на Хиподром, кој исто така е дел од реон Ченто, а од неодамна почнаа да го покриваат со оптичка телекомуникациска мрежа ?

Рурална западна Македонија, над 50% од речиси сите населени места во јужна, источна и југозападна Македонија ?

Ќе мораат да инвестираат во појачала на DSL сигналот на нивната бакарна телекомуникациска мрежа за да достигнат VDSL Интернет брзини до 30 мегабита (3.75 мегабајти) во секунда. Или да бараат од АЕК да го пролонгира рокот после 2020 година.
 
Исто и кај мене во Ѓорче 2...сеуште нема оптика наваму, само по главната улица, а во споредните слабо, да не имаш информација кога и дали планираат да ставаат оптика тука по зградиве ?
 
Веднаш до поштата во Ѓорче Петров е сместен главниот магацин на Македонски Телеком за материјали потребни за местење на оптичка телекомуникациска мрежа, а во истиот објект е сместено и раководството на одделение за технички услуги за реон Ѓорче Петров и за цел скопски регион.

https://www.google.com/maps/@42.008...4!1s5K0RJWRha1AL6OW4EnYOTA!2e0!7i13312!8i6656

Најдобро е таму да прашаш, ако таму не ти одговорат за реон Ѓорче Петров, како и за цел скопски регион, тогаш навистина не знам каде би можеле да ти одговорат.
 
Ќе мораат да инвестираат во појачала на DSL сигналот на нивната бакарна телекомуникациска мрежа за да достигнат VDSL Интернет брзини до 30 мегабита (3.75 мегабајти) во секунда. Или да бараат од АЕК да го пролонгира рокот после 2020 година.
Јас сум оддалечен околу 3 ипол километри од локален приклучок. Сега околу овие појачала за DSL, на мојата оддалеченост колку појачала би требале да се стават за да имам можност за VDSL? И каква е можноста да ги натерам телеком да стават такви појачала? Каде би требало да се упатам дали знаеш?
 
Не знам на колкава оддалеченост ги поставуваат појачалата за DSL сигналот, но по логика на нештата би требало да ги поставуваат на секои 900 метри, почнувајќи од најблиската локална централа, па се` до улицата или до станбената зграда.

Тешко дека ќе успееш да ги натераш Македонски Телеком на таков технички зафат, за само еден корисник тешко дека ќе одлучат да инвестираат во таква опрема на толкава оддалеченост.
 
Во Битола, на 2 улици има оптика :tapp::tapp::tapp:
Се става оптика во Битола не е баш со две улици. Знам дека сега се умрежуваат новите згради кај касарната и сите оператори ставаат оптика. Во Битола е проблем големата сума кон општината. Повеќе од дупло треба да платиш во Општина Битола него на Град Скопје за метро кабел.
 
Јас пишав за каде СЕГА во овој момент може да одиш во салон и да побараш услуга базирана на оптика.

Во касарната знајме и гледаме како се одвиваат работите.

Дури да се населат таму ќе ги фати одредбата од АЕК за минимална брзина :)
 
Прееска зборував со агент на Телеком, повторно прашував за ВДСЛ. одговорот беше дека линијата за мојот број е одлична, вади 17 мбпс брзина но бидејќи сум во Магента М ограничена е на 12мбпс. Вдсл ставале само онаму каде што линиите биле слаби, на моето прашање како планираат да ми ја достават брзината од 30мбпс ако преминам во новиот пакет, кога максималната по бакар е 17мбпс, не ми одговори ништо.

Се надевам дека ќе си ја сфатат сериозно работата со ВДСЛ от и дека ќе го постават насекаде, да не испадне работава како со оптиката, се испофалија а дали 10% од земјава е покриена со оптика.
 
Ако не можат да ти донесат VDSL Интернет, а не е достапна ниту оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком на твојата адреса, прашај ги за хибридниот Интернет, можеби преку него ќе овозможуваат Интернет брзини од минимум 30 мегабита (3.75 мегабајти) во секунда од 2020 година па понатаму.
 
Прееска зборував со агент на Телеком, повторно прашував за ВДСЛ. одговорот беше дека линијата за мојот број е одлична, вади 17 мбпс брзина но бидејќи сум во Магента М ограничена е на 12мбпс. Вдсл ставале само онаму каде што линиите биле слаби, на моето прашање како планираат да ми ја достават брзината од 30мбпс ако преминам во новиот пакет, кога максималната по бакар е 17мбпс, не ми одговори ништо.

Се надевам дека ќе си ја сфатат сериозно работата со ВДСЛ от и дека ќе го постават насекаде, да не испадне работава како со оптиката, се испофалија а дали 10% од земјава е покриена со оптика.
Извини што прашувам ама каде си локациски? Не знам дали си пишал...прашувам чисто можеби имам инфо кога би се ширела оптиката по региони..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom