Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Корисиник сум на 3мах старт пакетот линијата ми е пуштено до 14 мб, но ХД каналите праваат цело време проблеми сликата кочи, се мешаат боите , гледам во моментот на Prioritized не користи повеке од 8мб дали знае некој како да го средам ова ?
 
Како да се конектирам на wireless преку овој speedport?
Земавме макс тв и рутерот треба да седи во онаа соба ама кабелот за интернетот од компјутерот не стигнува до таму...и како да се конектирам?
Лозинката на speedport ти е telekom
Кликни на WLAN, па во
leer.gif
Radio Settings тука кај Name of the radio network (SSID) си пишуваш име како на пример Филип, следно ти е Security каде во WPA key пишуваш пасс за да не ти влагаат комшиите :) стискаш Apply и после во долен десен агол кај мрежата треба да ти пишува така како што си се потпишал. Кликаш десен клик Properties и пишуваш пасс(тој за да не ти влагаат комшиите) се контектираш и имаш wifi

П.С Уште си чекам миграција на нов пакет:facepalm: од премногу барања сега од 3-4 дена се чекало до мин 13. Со поминат лимит едвај на Кајгана се логирам
 
Одкаде оваа информација ?
 
Се јавив друже и зборев со оператор. Пред недела дена ми рекоа 3-4 дена сега искочи 13 премногу барања за миграција имало.
утре правам 14 дена :) држете ми среќа :)
 
Е стварно си играат со нас.
Минатата среда се јавив, ми рекоа за 2-3 дена. Еве уште ништо нема, се јавувам денес пак и ми вика таа во четврток било поднесено барање за промена, а во понеделник бил издаден налог и дека уште нема промена. Ми вика останете на линија, и чекав 5 минути за да ми се јави некој друг кој не е запознаен со случајот и да ми каже дека за 2-3 дена БИ ТРЕБАЛО да биде извршена промената. :tapp:
 
Најчестиот одговор е тој (2-3 дена)... Вчера се јавив 2 пати. Еднаш ми рекоа 9 дена, што е тотална глупост бидејќи јас веќе чекав 14 дена до тој момент. Вториот оператор беше поискрен и рече дека не знае. Можело да биде одма, утре или било кој ден

Веројатно е случајно, но после тие 2 јавувања вчера ми ја вратија интернет брзината. Исто така на https://moj.telekom.mk ми се појави MaxTV таб, али телевизијата не е активирана уште.
 
Мене ми го сменија пакетот,но телефонот од петокот не ми работи...и во двата правци.Се јавувам секој ден и ми викаат примено е...
 
Некој да не има инсајдерска информација кога конечно ќе ги објават новите пакети за call&surf optic?
не гледам ништо ново на страната на те хоум. :(
 
Мене ми го сменија пакетот,но телефонот од петокот не ми работи...и во двата правци.Се јавувам секој ден и ми викаат примено е...

Отвори http://speedport.ip, логирај се, и оди кај Telephony devices. Види дали ги/го имаш телефоните/телефонот таму. Доколку немаш ништо, кликни на configure new device. Мислам дека ќе се снајдеш понатака.
 
ај ќе пробам...ама нејазнам лозинката...која лозинка?
 
Лозинката се сетира при првичното отварање на страницата. Кој и да ти го сетирал рутерот за првпат ја знае лозинката, а доколку вработен на Т-Home го направил тоа, ништо чудно лозинката да е "telekom", без наводници.
 
го отворив иго најдов тел.број,што следува? треба refresh?
 
На листата на уреди провери дали ти се сите телефонски уреди. Доколку не се, додади ги преку configure new device.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom