Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
со какви врски можеш поточно да објасниш пошо и татко ми работи во т-хоум, па да искористам? :D
Поточно ми монтираја нови кабли од бандера до телефон и до рутер све комплет, а за брзината со братучед средив му реков што е можно побрзо да иде :)
 
Место да земат да стават оптика низ цела Македонија и да ги средат пакетите, уште си стојат истите оптик пакети со бедни лимити. :tapp:
 
Вака, до почетокот на 2013 година телеком ќе има поставено оптика низ цела Македонија. До сега, еве во кои градови е достапна таа услуга (како што можеш да видиш и во некои место во Куманово има поставено оптика). Телеком покрива огромен дел од територијата на Македонија и фала богу дека многу поспоро ќе се одвива инсталацијата на оптиката споредено со тој вашиот оператор кој работи само на територијата на Куманово и на кого му е многу полесно да се инсталираат тие 15 км оптик, на мвр им требаше 2 години за да се вмрежат сите камери и да се инсталира оптика од 300км. Со тек на време секаде ќе се имплементира оптиката на телеком, порано близу (кејблтел) кога почнаа со работа поставија лан мрежа во центарот на Штип, додека во другите места нема(ше). Значи ли тоа дека близу не чини ?
Друга работа, викаш дека имаш 69 АНАЛОГНИ канали, во тој пакет јас што го спомнав имаш 76 дигитални и 4 хд канали. Не верувам дека е потребно да си експерт за да ја воочиш разликата помеѓу овие два типа на канали. Понатаму, достапни ли ви се на вас опциите за снимање/паузирање/премотување/тв-тека/мозаик/закажување на снимање дури и ако не си пред телевизорот/бесплатна и ондеманд видеотека ?
А да не зборуваме и за опремата која што ти ја даваат бесплатно, дома имам 2 ресивера (црн и сив), оптички апарат и циско рутер сето тоа ми е дадено на користење бесплатно (после една година рутерот останува во моја сопственост). Црниот мп300 ресивер го видов низ неколку продавници чини 5000 денари, додај го и вториот ресивер и другите 2 апарати коишто ти ги набројав, вредноста на опремата надминува 10000 денари. За да ми приклучат оптика, влечеа кабел околу 250 метри и за тоа и за инсталацијата на опремата не ми беше ништо наплатено. Да не зборувам за ажурноста на техничката подршка што ја имаат, денеска во 5-6 попладне пријавувам проблем, утредента во 8 се веќе кај мене.
За крај би додал, доколку сакаш квалитет и стабилност ќе платиш повеќе, доколку домашниот буџет не го дозволува тоа, секако тука се и другите провајдери и нивните услуги.
Пак истата приказна, квалитет, стабилност бла бла. Абе искочете погледајте кај другите луѓе каков интернет имаат и услуга па тогаш фалете го фамозниот и стабилниот т-хом. Не се жалам од телеком го имав негде 4-5години, но и на овие новиве/мали оператори што им фали? Зошто да плаќам дупло поскапо, за повеќе канали? Дај понуда на т-хоум што нудат за 750ден па да споредиме. Сите спуштија ненормално ниски цени и близу и оне за едвај 1000ден имаш се и сешто, т-хоум за истите и ајде нека ти биде подобри/повеќе канали бара дупло поскапо, па после си имал снимање, паузирање бла бла, па имаш ама колку плаќаш?
Колку за информација велиш не си плаќал ништо за монтажа кабли бла бла, па и јас ништо не сум плаќал. Во ред, не гледајте лево десно, само правец тхоум салон, другите се мали оператори и нестабилни.
 
Другари, го менав јас пакетот уште минатата недела во Call & Surf Start со неограничен лимит...Е сега од овој месец ќе може да го користам неограничениот лимит така?
 
Другари, го менав јас пакетот уште минатата недела во Call & Surf Start со неограничен лимит...Е сега од овој месец ќе може да го користам неограничениот лимит така?
Лимитот ти е зголемен на 300гига во наредните 2-3 дена од продолжување на договорот. Бидејќи ти си отишол на нов пакет минатата недела, Да лимитот ти е зголемен на 300гига уште овој месец.
 
каналот HBO ON Demand ... сите филмови / серии / документарци / може да се гледаат гага , или се наплатува како и во видеотека за изнајмување на филм ?
 
каналот HBO ON Demand ... сите филмови / серии / документарци / може да се гледаат гага , или се наплатува како и во видеотека за изнајмување на филм ?
Бесплатно е, спаѓа во HBO пакетот.
 
Лимитот ти е зголемен на 300гига во наредните 2-3 дена од продолжување на договорот. Бидејќи ти си отишол на нов пакет минатата недела, Да лимитот ти е зголемен на 300гига уште овој месец.
Јас од петокот го продолжив договорот за 3макс старт и еве ми поминаа 30гб и ми се намали брзината .. се јавувам ми викаат заедно со макс тв ке го пуштиме тој интернет ..
 
Ма нема везе линијата, кај мене пример држи и до 23/1 (мада бакарна парица не иде преку 16) и пак пуштаат 12...
ако си на 3макс старт тогаш на 14 треба да бидеш,затоа што 6мбпс одат за ТВ ... значи за интернет ти остануваат 6 ,јави се ќе ти средат одма
 
Хмм последниве два дена не дига повеќе од 950kbps даунлоад со исклучени ТВ рејсивери, а во рутерот брзината е 12Mbps. Како иде кај вас со исклучени, крева 1.2MBps?
 
Место да земат да стават оптика низ цела Македонија и да ги средат пакетите, уште си стојат истите оптик пакети со бедни лимити. :tapp:
"Привилегирани" сме ние што имаме оптика , па затоа не држат во неизвесност сеуште :( Ми рекоа дека до крајот на месецов ќе има измени и за оптик пакетите , па да почекаме да видиме .
 
Имам од старите Pirelli DRG-A225G рутери. Нов firmware да не има за овие, овој внатре е од времето на Деда Ное. :rolleyes:
 
Место да земат да стават оптика низ цела Македонија и да ги средат пакетите, уште си стојат истите оптик пакети со бедни лимити. :tapp:

Ќе има промени и во оптичките пакети, неколку пати се јавував во 171 и ми кажаа најкасно до 25ти ќе биле корегирани цените/услугите.
--- надополнето: 15 мај 2012 во 22:59 ---
Имам од старите Pirelli DRG-A225G рутери. Нов firmware да не има за овие, овој внатре е од времето на Деда Ное. :rolleyes:

И јас го имав тој до пред оптичкиот пакет, апдејт неможеш да му инсталираш од причина што работи само со софтвер модификуван од телеком, јас еднаш експериментирав и целосно го заебав :D
Јави се на 0800, пријави дека имаш некаков проблем со него и ќе ти го заменат со спидпорт, исфрлени им се од употреба тие пирели рутерите, тебе најверојатно те имаат заборавено.
 
Еве веќе три дена во низа барам на 171..и тоа нивните оператори се зафатени во моментот т.е. чекањето е подолго од 2мин. ..колку е тоа подолго ни самите не знаат (може и сто да е, така?). Да не можи чоек договор да си продолжи. :unsure:
 
договор продолжување само во салон... барем така мене ми рекоа... или можеби дека јас земав оној 3 макс со „стикче“, па за да го земам стикчето?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom