Некој љубезен да објасни на кој линк на Телеком да си ја платам фактурата за оптички интернет (а за која ми беше кажано од нив дека може тоа да се стори онлајн) ? :/
1.
Веќе имам профил на telekom (имам postpaid договор) но не можам да додадам "претплатничка линија за фиксни услуги" бидејќи:
A) Конто и телефонски број - конто број имам на сметка, но телефонски број... wtf ? А и форматот ми е чуден ( 00389 Х YYYYYY ). Телефонот оставен за контакт при склучувањето договор очигледно не е правилниот одговор. Препоставувам бараат фиксен број од телеком меѓутоа јас не користам таков.
B) ADSL корисничко име и лозинка - не користам ваков пакет.
2.
Било која сметка може(ло) да се плати на овој линк:
https://www.telekom.mk/plationline/
Од менито одбирам и внесувам се како што треба, само за да ми генерира сума од 504 денари, иако сметката за овој месец е 425. Полето "износ во денари" може да се промени во 425 и потоа да се додаде во "листа за плаќање" како би се извршило плаќањето но навистина ме буни тоа што првично генерираше сума од 504
Anyone ? Тоа под 2. е она што го барам, или ?