ОК е да потрошиш 50GB, aма дупло бе? Што правите бе, јас едвај 35GB трошам на мобилен и тоа некогаш фудбал гледам на него. Се видело неограничено и дај ќе симнам се што ќе најдам.
Би требало корсниците на тој пакет да имаат потпишано и договор за користење на тие неограничени услуги, ама под посебни услови. Ако има некој може да го сподели да видиме дали има наведено такви посебни услови за користење на ваквиот пакет со неограничен интернет. Не читаат што потпишуваат и после еј ми ја намалија брзината, ми го исклучија интернетот до крајот на месецот, ми го прекинаа договорот.
Со тие услови Телекабел се заштитени од злоупотреба на корисникот и имаат право да гледаат кој корисник каде и на што го троши интернетот. Ако видат дека корисникот за 24 часа има премногу потрошено, тогаш прво ќе му ја намалат брзината па ќе му го исклучат интернетот до крајот на месецот.
А и неограничените минути сигурно и се до 1000 минути, по што повеќе во месецот не знам кој ќе потроши.
Малку глупа реклама, ама што ќе биде ако сите трошат и по90GB и 900GB само затоа што платил 1500 ден?