Телекабел Аналогна и дигитална кaбелска телевизија (РОБИ) -генерална дискусија (новости, прашања.)

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Moze Li opcija Eurosport so anglisko verzija!?

Претпоставувам, мислиш на англиски коментар. Англиска верзија, неможе, не е ова желботека.
Јас па сакам македонски коментар. Не живеам ни во Англија ни во србија!
 
Profesore, [s) rbija.... Odi so golemo S... Eh profesore profesore.....
 
А можеби и намерно ја напишал со мало с... :)
А ти како грамар наци, може да користиш и кирилица, не троши премногу струја и интернет, наместо да го корегираш @Profesor Baltazar :)
 
Profesore, [s) rbija.... Odi so golemo S... Eh profesore profesore.....
Eхх, Тонка, Тонка... незнаеш да читаш меѓу редови :-)
Намерно ја пишав така. Ги чинело многу да имаат македонски коментар, а не ги чинело многу да купуваат права за Македонија. Тоа е оправдувањето за Спорт Клуб. Веројатно исто им е оправдувањето и за Еуроспорт иако незнам кој е нивни застапник за земјава.
 
Profesore nie sme po onaa stara dobra izreka od Vuk Karadzic"Chitaj kako sto e napisano"
 
Eхх, Тонка, Тонка... незнаеш да читаш меѓу редови :)
Намерно ја пишав така. Ги чинело многу да имаат македонски коментар, а не ги чинело многу да купуваат права за Македонија. Тоа е оправдувањето за Спорт Клуб. Веројатно исто им е оправдувањето и за Еуроспорт иако незнам кој е нивни застапник за земјава.
Профа, неќам да мешам политика (иако тоа ми е струка), ама ова иде накај онаа работа, северџанче, не му пречи ништо... Кога оди на северна граница или кога странец ќе дојде во Македонија, се пењави и крши јазик. :)
Правев истражување, јасно се покажа дека не пречи да слушаат српски коментатори... Им пречи да слушаат хрватски... Што иронично, но за мене е апсолутно исто бидејќи не е македонски.
 
Имаше и тука на форумов објавен линк до една таква анкета со многу прашања (веројатно е истата). Ама самото прашање „Дали ви смета да слушате српски коментар“ е глупаво само од себе. Такво прашање е недозволиво да се постави. Ако телевизијата решила да биде присутна во земјава (како што решила да биде и во Хрватска и во Словенија), ако решила да емитува реклами од Македонија, тогаш треба да има и македонски коментар, и македонска графика.
Истиот сопственик има канал за лов и риболов и за филмови. Незнам точно кој канал беше, емитуваа временска прогноза за секоја екс ју република посебно, само за Македонија НЕ. Незнам како е сега.
Ајде еве да не зборам толку против нив, Пикабу е со македонска синхронизација, и Нова С (со многу ефтина закупена сателитска фрекфенција) има македонски превод. Кај спортските канали е најголем проблем.
 
DaVinci Learning (Kids) не е повеќе дел од понудата на Телекабел :(
Aко некој вработен во Телекабел чита на форумов (верувам дека чита) нека им пренесе дека Travel Channel преку Телекабел може да се следи само со Дијазепам, каналот трокира, сликата мрзне, „квадратизира“, но ништо не се превзема, со прст не се мрднува...НЕ МИ СЕ ЈАСНИ ОД ТЕЛЕКАБЕЛ КОЈА ИМ Е ПОЕНТАТА СО НЕКВАЛИТЕТОТ НА РЕЕМИТУВАЊЕТО НА КАНАЛОТ :(:mad:(n)
 
Не само DaVinci, го нема ни Travel, го нема E! Entertainment, ја нема Al Jazeera, N1 еден ден го има - десет дена го нема. Ако некој знае зошто ги нема нека каже, јас ќе се јавам деновиве ама тешко дека оние девојките од телефонот нешто ќе кажат. Тие “ништо не знаат“. Фино би било некој вработен од Телекабел да објасни зошто тие немаат никаков ПР. Телекабел веројатно е единствената фирма која нема страна на фејсбук. Јасно е кои се причините. А веб страната им е посебна приказна. Веројатно е направена од некој аматер, а незнаат колку пари имаат.
 
Фејсбук страната на Телекабел е крчма без крчмар, од страната нема фајде за корисниците.
Техничката служба што е одговорна за телевизија ДРЕМЕ, уште се во зимски сон.
Каналите исчезнуваат од АТВ, на ФБ и на нивниот веб сајт пишува дека воведуваат нови технологии, јас искрено не гледам новитети, можеби се незабележливи со голо око, изгледа се видливи само за „стручното“ око на нивните техничари.
А кај мене на 50 инчниот телевизор поедини канали „блескаат“ со квалитет, бројам пиксели, коцки, посебно уживам кога пишува NO SIGNAL, па кога ќе се јавам во техничка подршка ми велат, цитирам „не ви чини телевизорот господине“, па експерите од Телекабел знаат дека Samsung, Sony, посебно оние од 50.000 денари се најлошиот бренд на телевизори кои не кореспондраат со нивниот врвен сигнал.
И да забележите иронија во мојот текст, извинете, ама не ми е гајле, тука е се 100% вистина.
Едноставно, ме боли главата од „филозофиите“ на Телекабел за неквалитетот на моите телевизори, за новите технологии, за воведувањето на HD канали.......
Одговорните за телевизија нека засучат ракавите и нека се фатат за работа, нека ги воведат тоа новите технологии, нека воведат EPG на сите канали, нека ги средат каналите со „фалш“ слика знаат они кои се не се од Марс паднати, да не гледаме слика со резолуција полоша и од резолуцијата на првото Nintendo, зошто конкуренцијата е еден гооолем чекор пред нив.
p.s . може ќе не изненадат и со HEVC ;), а не е чудно и со H.266 VVC.
Останете ми поздравени.
 
Druze a da se prwfrlis na drug operator?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom