Tемјан
the Kingslayer
И мене ми се јавија сабајле.Ме интересира колку дозволени и “коректни“ овие политички анкети кои се спроведуваат преку телефон ..
Конкретно денеска ми се јавија од Скопски број со прашање за кого ќе сум гласал, настрана тоа што прашуваат за кого ќе сум гласал притоа ми даваат само два кандидати Аце Коцевски и Марјанчо Николов од СДСМ.. веројатно од таму и се овие што прашуваат, па за на крај и да ме прашаат колкави примања имам и каде државна администрација или пак приватно.
Ве молам без мешање на политика, ме интересира чисто со кое право ти се јавуваат од штаб, од каде мој број ?

Во партиите имаат списоци со имиња и презимиња и телефонски броеви на сите жители од градот. Имаат и прават списоци за се. Дискретност нема никаква. Најчесто ги делат на месни комитети и се знае за секого се.
Не е случајно тоа што ти се јавиле тебе, ниту пак мене или било кој. Овие сабајле се од СДСМ и јас и ти и сите што ни се јавиле сме кажани дека сме членови или симпатизери на ВМРО. Целта им е да видат дали делумно имаме сменето мислење и дали има тенки шанси да гласаме за нивни избраници. Kaко се ближат избори, овие "напади" ке бидат почести и ке почнат од врата на врата. Цела среќа што сум личен пријател со маалскиве есдеесовци и знаат дека не се добредојдени кај мене пред врата.

И не само твој број, туку ако си им влезен на пик во партијата, знаат се за тебе, кој ти се родители, кој ти се шефови и блиски пријатели, дали имаш швалерка, се знаат. Имаат луѓе кој буквално одат под џамовите и слушаат што муабет правите по дома. Седат по дворови со списокот и гледаат кога ке испаднеш од дома и каде одиш и со кој се сретнуваш. Кај мене на маало има локални штабчиња на ВМРО и СДСМ. Знам се што се случува во нив. Буквално удбашка шпиунажа.
Можда звучи ова смешно, ама секој кој бил подолго време во партија и се мешал со ортодоксни партиски членови, знае дека е така..