„Те сакам“ или „Ми требаш“

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување
за мене ми требаш е многу покомплексно и поубаво за уши!те сакам ми нема никаква длабочина!
нормално дека знам да ги разликувам!кога на некого му требаш тоа значи дека не само дека таа личност те сака,туку многу повеќе од тоа!а сакањето е дел од требањето!
Јас би рекла дека е обратно-требањето е дел од сакањето.

Како може „те сакам“ да нема никаква длабочина, кога кажано од вистинската личност се зашеметуваме, опијануваме од љубов и се` се чини правилно?

Потреба имаме од многу работи, не мора директно да се сврзува со љубење и затоа ми има некое помало значење од `те сакам`. Инаку убаво си кажа Дивајн, ако го сакам ќе имам потреба од неговото присуство и тоа е тоа.:)
 
&

Како ќе знаеш да направиш базична разлика помеѓу тие два поими,кога самата велиш дека никогаш не си љубела...?

Зарем само љубовта кон некој дечко се разгледува како љубов?:uvo:
Јас не ги љубам моите родители, моите пријатели, моите роднини за да знам како изгледа љубов.
 
Зарем само љубовта кон некој дечко се разгледува како љубов?:uvo:
Јас не ги љубам моите родители, моите пријатели, моите роднини за да знам како изгледа љубов.

Како што знам ова е подфорум “Љубов и секс“, а љубовта спрема дечкото што би ја чувствувала некогаш,можеби ќе биде иста по јачина како љубовта што ја чувстуваш кон пријателите, родителите и роднините, ама од различен тип на љубов е и никогаш нема да биде ИСТА со љубовта кон партнерот,ама ај-ќе правиме муабет кога ќе се заљубиш и тогаш ќе ми кажеш дали истата љубов ја чувствуваш кон мајка ти и кон дечкото.:uvo:
 
"Те сакам" и "Ми требаш" некако ми се како неразделни едно од друго. Впрочем тоа и е љубовта. Да сакаш значи да чувствуваш и потреба да бидеш со таа личност.
 
„Те сакам„ е збор кој означува љубов, значи значи збор кој имате потреба да го кажете на некоја особа што ја сакате. „Ми требаш„ е во стил се немаме видено подолго или неможам сам/а перку сето ова, и одредена особа ви треба во даден момент и сакате да споделите нешто заедно. „Те сакам„ е нешто појако , по сентиментално и поиздржано од „Ми требаш„ сепак и второто не е за фрлање. Повеќе пати ми треба некој но не мора да значи дека го сакам. Додека кога сакам некого, „ми требаш„ е составен збор од сакаш.:helou:
 
Можеби, не велам не

Како што знам ова е подфорум “Љубов и секс“, а љубовта спрема дечкото што би ја чувствувала некогаш,можеби ќе биде иста по јачина како љубовта што ја чувстуваш кон пријателите, родителите и роднините, ама од различен тип на љубов е и никогаш нема да биде ИСТА со љубовта кон партнерот,ама ај-ќе правиме муабет кога ќе се заљубиш и тогаш ќе ми кажеш дали истата љубов ја чувствуваш кон мајка ти и кон дечкото.:uvo:

Не дебатирам за емоции кои да во право си, никогаш и не сум ги имала.
Вистинската љубов кон некоја друга личност која не ми е ниту родител, ниту пријател, ниту роднина, за мене е како земјата на чудата, сеуште не сум го поминала прагот на огледалото.
И не верувам дека тоа ќе биде истата љубов, но едно е сигурно, начинот ќе биде различен.

Додека моето изјаснување на темата е само хипотеза, мислење, ништо повеќе, никој не вели дека треба да е точно.
 
Јас мислам дека си се комплетираат тие две чувства.
Еднотото оди под рака со другото.
Плус мислам дека има разлика меѓу те сакам и ми требаш.Без разлика што сметам дека се зависат едни од други.
Ми требаш - кога сакам да го видам,кога ми е потребно неговото присуство покрај мене,кога сакам да е до мене
Те сакам - мислам дека нема потреба од објаснување за ова..:)
Сепак ќе повторам овие две идат заедно.Не може едното без другото.
 
за мене ми требаш е многу покомплексно и поубаво за уши!те сакам ми нема никаква длабочина!
нормално дека знам да ги разликувам!кога на некого му требаш тоа значи дека не само дека таа личност те сака,туку многу повеќе од тоа!а сакањето е дел од требањето!
tokmu taka... jas te sakam licno mnogu go koristam posebno koga sum mnogu raspolozena, srekna i vesela,a ne kao sto NEKOJ misli deka go koristam KOGA MI TREBA NESTO.... Mi trebas... e koga nekad ke recam mi trebas togas definitivno licnosta mi treba za da bide so mene
 
~

Многу луѓе ми требале во животот, но ниту еден од нив навистина не сум го сакала.
 
Многу луѓе ми требале во животот, но ниту еден од нив навистина не сум го сакала.

Токму ова и јас ќе го постирав.
Веќе и претходно кажав. Не мораш да имаш посебни чувства за некој за да ти треба. Некогаш само имаш потреба да биди некој до тебе за да не се чувствуваш осамено, за да мислиш дека едноставно не си сам на светот. Сосем друго е чувството кога сакаш некој..
 
Токму така!
Јас за разлика од тебе сум малку поегоцентрична, јас сум со некој само за да бидам сакана, никогаш за да сакам.
 
Ми требаш зошто те сакам...ете компромис:smir: :gush:

Добро речено, иако некогаш можиш да се изгубиш во тоа ми требаш. Човекот е себично суштество, не можи без да ги задоволи своите потреби и нагони. Значи пак идиме на то дека ми требаш е само задоволување на своите потреби. Барем за мене.

Токму така!
Јас за разлика од тебе сум малку поегоцентрична, јас сум со некој само за да бидам сакана, никогаш за да сакам.

Е тоа е веќе друга проблематика. Ти веќе ептен си, како да речам а де не те навредам..егоиста е претврд збор? :)
 
Добро да,звучи малце себично :)
Те сакам класика...но некако потешко оди да кажеш те сакам отколку ми требаш...што нели,Тамарче,пак не доведува до твојата теорија.
 
интересно.....ТЕ САКАМ И МИ ТРЕБАШ.....те сакам обично на љубената особа а и ми требаш...но повеќе ми требаш за другар другарка кога ми е тешко....дефинитивно има разлика....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom