Tе изневерува со твојот другар/другарка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Peckoo^
  • Време на започнување Време на започнување
Двајцата се виновни...едната што тајно се измувала, а другиот зошто премолчи...Ако е вистински другар нема да го направи тоа. А во случај другарот го направи тоа, а ми признае пола ќе му биде простено...
Слушај брат, јас некој кој се измувал со моја девојка не би нарекол другар по никоја основа. И како ќе му простиш пола? Или простуваш или не.
 
Ми се има случено и тоа не еднаш него повеќе пати со повеќе различни лица. Сфатив дека не беше до мене едноставно секогаш налетував на погрешни лица и секогаш бев наивна. Ама затоа кругот се врти и истите дотични машки во период од неколку години се обратија пак кај мене. Само било поминало на некој начин сум ги израснала тие личности и нивните карактери па затоа веќе ни најмалце не обрнувам внимание. Секогаш на крај ќе бидеш рамнодушен а од тоа повеќе некој не верувам дека ќе го боли кога сака искрено да се покае и да си ја исправи грешката во минатото. Али јбг простено али не заборавено.

Првиот пат беше на мои 13 ипол години со првиот дечко. Идевме 6 месеци и на крај мојата најдобра другарка што идеше со негов брат се смува со мој дечко. Од самиот момент на дознавање веќе не постоеа и давајцата за мене.

Вториот случај беше уште позаебан.
На мои 15 години со дотичната втора блиска другарка. Се мував со дечко постар од мене 3 години и и останатите беа постари од мене ( можеби и тоа секогаш моја грешка) И другаркава знаеше дека го свиѓам и тоа многу, идеше пак со негов брат за на крај да се опне со него за мој роденден ( најиронично е што јас ја имав таа чест да ги фатам на дело). И останаа две ипол години во врска одкако истата го помина целосно тогашното друштво.
Третиот случај е тука веќе не знаев дали да плачам или да се смеам... Исто ми се свиѓаше еден тип со кој се мував месец ипол секој ден. Се погодивме целосно ама секогаш мора да се најде x личност што ќе замеша прсти. И фино лепо моја далечна роднина кај негова братучетка, се начукале и му дала се со цел да го мува ?!?! ( затоа што уште пред да биде со мене го свиѓала ама не сакал со неа ништо) Доброто во целата работа е што јас дознав многу покасно одкако она самата си се нарече себеси дека е ку*ва, затоа што типот и понатаму продолжи да се мува со мене пред неа и тогаш јас дознав уставри што била целата работа.
Чувството поготово првиот пат не може да се опише. Тоа е болка што истовремено ти ја задаваат две личности за кои имаш некакви чувства. Се сеќавам дека првиот дечко што ме изневери ми рече засекогаш да го избришам неговиот број и да не го барам. Дојде момент после 3 години самиот тој да ме побара и да сака да обнови врска со мене, ама овој пат јас бев таа што му го кажа истото. Иако никој не веруваше дека он ќе моли воопшто некоја, а најмалце па таа што ја заебал пред 3 години. Така да се си доаѓа на свое место.....
Моментално имам другарка што сме 7 години најдобри другарки што низ сите тие ситуации се повеќе се развиваше нашето пријателство и постоеше тука за мене. Истите дотични личности што ми беа некој краток период блиски другарки, беа се некој мивки притаени ороспичиња ама сега бар кога ќе видам некоја таква ја проценувам без проблем....
 
Ма нека ме изневери со кој сака, после тоа се знае што следи, една убава корпа, корпичка.
Инаку ми се има десено оваква ситуација, со дечкото раскинав ми беше одвратен, а со девојката сеуште сум другарка, само претпазлива сум и никогаш не ја мешам у друштво со мои дечковци:)
 
I dvajcata gi otpisuvam odma od mojot zivot -nema prostor za razmisluvanje:salut:
 
Не може да биде едниот крив а другиот не.Сепак разочарувањето исто така не е еднакво.Според мене разочарувањето е поголемо од страна на другар/ка од колку од дечкото/девојката.во секој случај се знае....бан за двајцата
 
за човек да те изневери прво треба да му дадеш повод...а таа другарка ако може да се нарече другарка ако била со него значи не те цени доволно или си и згрешила нешто па сака да ти врати или е љубоморна.... во секој случај таа е покрива од машкото бидејќи таа ако нејќела тој сигурно немало со сила да ја тера...значи чао и на двајцата има и други луѓе на светот
 
имам такво искуство со најверна другака кога мојот еx дечко ја шмекаше неа ама и таа знаци си даваше на крајо заврши со тоа што таа скрија нешто што мн ме повреди само за да му биде него другарка тоа беше мн мн болно:toe:
 
Пааа не сум била во таква ситуација, сега имам дечко, ама мислам дека не сум многу заљубена во него.. Така да ако би се он смувал со некоја моја другарка нема да правам ништо. Ќе се тргнам од двајцата. Ама кога би го сакала многу, уффф, да ме изневери, па уште со ДРУГАРКА... Има да ги нема !
 
Другарки може комотно да ми мува.
Али другар? Боље нека ме ркне у фаца.
 
Алоо чекајте малце. Во различни случки различно се постапува. Пример: Jas фаќам некоја девојка денес, и таа утре се мува со мојот другар што го знам со години, и јас да го расипам пријателството со него заради некоја овца што сум ја запознал вчера и најверојатно е лесна девојка што секоја вечер се мува со различен,:nenene: секоја ситуација е различна и различно ке се постапува, мислам дека не треба да се генерализира :salut:
 
Алоо чекајте малце. Во различни случки различно се постапува. Пример: Jas фаќам некоја девојка денес, и таа утре се мува со мојот другар што го знам со години, и јас да го расипам пријателството со него заради некоја овца што сум ја запознал вчера и најверојатно е лесна девојка што секоја вечер се мува со различен,:nenene: секоја ситуација е различна и различно ке се постапува, мислам дека не треба да се генерализира :salut:

целосно се согласувам!
 
целосно се согласувам!

Наместо да цитираш цел пост,следен пат дај му на членот репутација со која ќе му дадеш до знаење дека се согласуваш со неговиот пост.
Ако сите пишуваме така е,се согласувам,браво,каде би била дискусијата?
Ова како мало објаснување,бидејќи верувам дека си нов член на форумов:smir:
 
Ќе ги запалам. Со бензин прво ќе ги потурам а после едно шкорче ќе им фрлам.
НЕКА ГОРАТ ВО ПЕКОЛОТ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom