Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во Велес денеска беше откриена бистата на Тодор Александров. На свеченоста организирана во дворот на велешанецот Драги Каров дојдоа стотина почитувачи на ликот и делото на Александров од Велес, Скопје, Штип и Охрид како и од соседна Бугарија. Тие вееја знамиња на бугарското ВМРО БНД и делеа пропаганден материјал за ликот и делото на Александров. Се пожалија дека се обесправени. Им порачаа на Македонските власти да го прекинат теророт врз Бугарите кои живеат во Македонија
„Во овој момент јасно и гласно кажуваме дека во Република Македонија живее и население кое се чувствува блгарско според етничката припадност.“ - рече Виктор Канзуров - почитувач на делото на Александров.
„Виновен ли сум нешто јас затоа што прадедо ми бил со Даме Груев со Гоце Делчев. И кога дојде Титовистичката банда осум години го фрлија во затвор на стари години. Целото имање му го земаа.“ - рече Драги Каров -почитувач на делото на Александров.
Учесниците на денешната манифестација во Велес беа револтирани што рано утринава бистата на Александров била оскрвнавена и турната од постаментот. Се заканија дека за дискриминацијата,што врз нив, ја правеле македонските власти ќе побараат мониторинг од повеќе европски институции. Исто така побараа преиспитување на фалсификатите што егзистирале во македонските учебници по историја и на информативните програми на македонските телевизии.
Bravos za Veles, bravos za Gvujo...da se dozvoli na vakov nacin javno da se negira makedonskata istorija, e ova moze samo ovaa nenarodna i antimakedonska vlada..sramota i za pizdite od Veles..utre i nee vazno dali bistata ke ja bidne ili ne...
Прво , во Србија има Македонци признати , во Албанија исто , Турците ја искажуваат целата почит према македонскиот идентитет јазик и култура , Босна исто . Второ , тој што го организираше овој собир е еден од најголемите македонски душмани на денешницава и во секоја прилика ни оспорува јазик и постоење. И трето и последно , во склоп на горенаведеното и незаборавните зверства што ги направиле таквите како него , а и продадените души побугарените македонци кои висат по форумите, и во 21 ви век сакаат да убедат некого како да се чуствува . Народот МАКЕДОНСКИ со право добива нагон на повраќање од такви ѓубриња. Сега јасно ти е или не ??????? Изгледа не го виде , или не сакаше да го искоментираш човекот кој стоеше од страна со толпата збунети луѓе кој кажа дека се чуствува полошо него некој да му почине во семејството .Нешто си испуштил.:nenene:Македонија е демократска земја. Кога можат Албанците слободно со своја албанска иконографија( албанско знаме, албанска химна) да ги прославува своите празници, настани( Независноста на Косово), кога можат Србите да своите ставови ги манифестираат слободно со своја национална иконографија ( српски знамиња, срспка химна во Кучевиште, во Куманово), зошто да не можат и граѓани на Македонија кои се чувствуваат како Бугари да не можат да виорат бугарски знамиња? Луѓето јавно се изјаснија како Бугари ( тоа го видов на ТВ со сопствени очи). Ако во Македнија се признаваат Албанци, Срби, Турци, Власи, Бошњаци, Роми, Египќани и се не кои народи зошто да нема и Бугари?
„Има уште осум дела Бугарија да биде цела“, беше еден од рефрените на песните кои се пуштаа на свеченоста
Ама кажа јака работа. Па, сите балкански народи имаат такви песни. Какви се националистичките песни на Албанците, Србите, Хрватите. Ако се работи по нив Балканот треба да е 10 пати поголем за да ги задоволи нивните територијални аспирации.Па, нели, и ние го баравме Солун! Или, тоа се заборави.
Се убаво. Од кого е убиен (мислам на физичките убијци) и по чија наредба?
епа потруди се малку на гоогл или на википедија може ке најдеш па ке ни кажеш.
А и ако знае некој зошто бугарите толку многу го поштуваат тоест го слават?