Тарана-Јуфки-Кори

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.610
Поени од реакции
15.429
Возраст
70
Локација
Skopje
Домашна-и тарана,јуфки,кори,резанци,лазањи и други
1. Приготвување на тестото - состојки - рецепти
2. Месење
3. Рендање
4. Сушење
5. Печење
6. Складирање - чување
7. Помагала - машини - алатки
-----------
Има ли подобро од „домашно“- сам да си направиш, овој пат артиклите од насловот, не дека нема и купечки во трговијава, а и таму почнаа на обвивките-паковките да ги рекламираат-домашни,ама колку се домашни,кога се произведуваат во некој погони и во големи количини.
Јас не сум правел лично,но родителите да и стално ни давале дел од тоа направено - домашно.
Посебно би ги одвоил тараната и јувките, абре цела тава сам ќе ја изедеш кога си гладен.
Е незнам рецепти и приготвување - давајте рецепти и се од 1 до 6.
Јас може да помогнам за точка 7,бидеиќи имам познавање од тоа, порано тараната ја правеа со едно ренде кое го викаа ДРМОН, денес и јас правев едно.ќе го прикажам, а сега машините............
Picture 1561.jpg Picture 851.jpg Picture 847.jpg машини за тарана........
првата е од ГДР од 1974 год. крупното ренде е за тарана,тоа доле првото.
 
Последно уредено:
Анчо, каде има да се купи машинка за мелење тарана ?
 
Домашни јуфки

10 јајца
1кг. и 650гр. брашно
330мл. млеко
1 лажица сол


Сите тие состојки се соединуваат со рака во длабок сад. Кога тестото ќе биде тврдо го делиме на 3 еднакви дела, кои потоа ќе ги намачкаме со зејтин и ќе ги покриеме со најлон кеса. Тестото се остава да стои 3 - 4 часа.
Од еден дел се сечат 5 - 6 ленти, кои секои од лентите првo ќе поминат на машината за јуфки со број 2, потоа со број 4 и со број 6, но сето тоа ќе се направи без да оставаме лентите да се сушат.
Кога ќе завршите со лентите истите ги оставате да се исушат, откако ќе се исушат собирате по неколку ленти и ги сечете/кршите рачно.

:)
 
сакам тарана и јуфки ко ајкулата крв шо сака
 
Анчо, каде има да се купи машинка за мелење тарана ?
Само кај мене? (или од некаде за една употреба, китајска или туркиш)
само изрази желба, една е таква од ГДР, средниот модел е Италијански, последниот модел е Француски. Цена по договор.
Како што гледаш овие машини имаат повеќе ножеви и се универзални за секакво овошје и зеленчук-рендање,мелење,сецкање.
Picture 1569.jpg денес овој Дрмун,го правев, некој вид крупно ренде,не му ја знам намената,можеби за јаболка или печурки.
За тарана е крупно,ова ако го употребиш како за тесто ќе искочат ленти со ширина 1см,или џамлии од тесто. Ама такво бараа.
 
Прво иде сезона за јуфки, после сезона за ајвар. Тие две сезони ми се омилени. :D
Купечките јуфки можат вода да им носат на домашните. :D После некое време се лепат, тесто се прават, за разлика од домашните. Постапката е таа, како што напишал Сунѓерот. Само што ние прво ги поминуваме на 2ка, на 5ка, па 6ка. Малку да се потзасушат, па се сечат. Ама да не бидат ептен засушени и ептен меки, ќе се направат тутки. После цела недела треба така да се сушат врз чаршав на кревет/маса... ама нема врска тоа, битно после за јадење се... мх, мх. :P
Мене кршените не ми се по мерак. Нема некоја разлика, ама мене не ми го прават ќејфот. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom