Шознам.. пешки
Претежно пешачам. Средното ми беше блиску и стигав за 10-15мин, па не ми требаше слободна за автобус, и така се навикнав на пешки-идење. Најчестите дестинации ми се на 15-20 одење и не ми е тешко да се спремам и да тргнам малце порано. Плус, попрво мојот скромен буџет (добро де, не е толку скромен
) би го потрошила на јадење, пиење и влез во дискотеки, отколку на нешто што и онака не претставува тешкотија.
Ако морам да бирам, би одбрала такси. Поудобно ми е и побрзо. Само, далеку од тоа дека е почисто и поубаво мириса. Може до мојата (не)среќа е, ама секогаш успевам да влезам во кола што ја вози чичко што фоња на мишки и ракија, а тоа е практично еднакво на автобуска миризба.
Сепак, кога одам негде кај што би ми земало повеќе од 100 денари за такси, фаќам автобус. А тоа ми се случува ретко и затоа никогаш не ми е досадно во автобус. Си посматрам интересни ликови и го гледам градот од повисока перспектива