Таков ми е периодот...

  • Креатор на темата Креатор на темата RealGirL
  • Време на започнување Време на започнување
Го мразам тој период кога ништо не ти се прави, кога само седиш и се нервираш без причина, ги нервираш сите околу тебе, па и кучето гледа дека не си ок, едноставно не ти е до ништо. Обично таков период ми се дешава кога сум уморна од се или кога некој не ме сфаќа, а јас немоќно се обидувам да објанам. Али брзо проаѓа.
 
Се почесто и почесто го слушам ова"Абе период ми е, ќе ми пројде"
Најчесто го употребуваме изразов кога ни самите не знаеме што се случува со нас,а чудни сме си и на себе си и на околината!
Сте имале ли вие такви некои необјаниви периоди!?
Или пак периоди на дивтарство,кога сте сакале да бидете излолирани од сите,а најчесто не сте биле разбрани поради истото?!Периоди кога сте биле презаситени?Период кога константно се што почнувате,лошо завршува и ништо не ви иде од рака?На што се должи тоа?
Или пак го употребувате ова Период ми е...кога не сакате на луѓето околу вас да им се отворите и да им кажето што навистина се случува со вас?
Што превземате кога сте во некоја таква фаза?
Дивајн ми го има собрано одговорот пред неколку месеци (:back: ) само што јас би го напишал во машки род :icon_lol: ,ама буквално немам што да одземам или додадам
А да единствената разлика е што во последно време не превземам ништо чекам периодот сам да помине,тоа е заебаното :nesum:
 
Па кога ќе ми дојде таков период, на пример на работа - се заклучувам во канцеларија и како што кажа Дивајн, пуштам песна на рипит, палам цигара и онака ќе се завалам на столица и ич не ми гајле за ништо еден период. Кога пак по 100 пат ќе се убедам себеси дека не е вредно да се нервирам за други, излевам и одам од канцеларија до канцеларија и ги рчкам другите за било што (ама на убаво) за да се насмееме. И така сите насмеани и ми поминува. :pos2: Важно е да ја победиш нервозата, а се знае со што може - со смеа.
 
Често знае да ми се случи да речам дека таков ми е периодот. А што всушност точно значи ова?
Барем кај мене се случува одредено време ништо да не ми оди како што треба, да мислам дека се` што ќе фатам со сопствени раце ќе го уништам, да ми биде мака од се` што ми се случува, да бидам нерасположена, постојано да правам грешки :toe:
 
~*~

Се почесто и почесто го слушам ова"Абе период ми е, ќе ми пројде"
Најчесто го употребуваме изразов кога ни самите не знаеме што се случува со нас,а чудни сме си и на себе си и на околината!
Сте имале ли вие такви некои необјаниви периоди!?
Или пак периоди на дивтарство,кога сте сакале да бидете излолирани од сите,а најчесто не сте биле разбрани поради истото?!Периоди кога сте биле презаситени?Период кога константно се што почнувате,лошо завршува и ништо не ви иде од рака?На што се должи тоа?
Или пак го употребувате ова Период ми е...кога не сакате на луѓето околу вас да им се отворите и да им кажето што навистина се случува со вас?
Што превземате кога сте во некоја таква фаза?
Според горе кажаното, јас сум 17 години во период.:wtf:
Не, не, ми се случувало кога бев помлада да велам дека нешто ми е период, подоцна сознав дека животот сам по себе е поделен на периоди и би било прилично тривијално да се правдам со нив затоа што на некој можеби не му се допаѓа тоа што сум моментално.
Константно сум чудна, тоа ми е карактеристика на персоналитетот, затоа и ја исфрлив таа фраза од мојот речник.
Не правам ништо, просто ја живеам „фазата“.:angelcic:
 
Порано многу често ми се случуваше да ме фаќаат периоди на депресија.Бев тажна,плачев по цели денови уста не ми се отвараше,самодовербата ми беше на најниско можно ниво.Сакав да бидам сама,не сакав ничие присуство околу мене,затоа што сметав дека сум само товар кој никој не може да го поднесе.Меѓутоа сфатив дека животот е убав,можеби не совршен,но сепак убав и дека треба да си го живеам без да се замарам за глупости.Се освестив и решив дека секој можен момент ќе го искористам за смеење,дружење и позитивни работи.Сфатив дека не сум совршена,но сум тоа што сум.Сфатив дека имам прекрасни пријатели кои секогаш биле и се тука за мене и ме подржуваат,а и ме караат по потреба.едноставно си го насочив мојот мозок кон позитивни работи.
За среќа го надминав тој одвратен период и сега некако сум друга личност и мило ми е што ми дојде памет во глава.

Имав ваков период да не речам беден лани пред точно една година...не бев за околина...незнам што се случуваше меѓутоа што и да направев погрешно беше..ме фати една параноја почнав да замарам дека ќе идам на бајачки чуда...но стоп плачев ама нај чудно беше што пред сите глумев среќа а се ми идеше наопаку и бедови од сите страни...тргнав на факс паднав први колоквиуми...нов телефон д820 самсунг го скршив,изгубив 10 000...нон стоп се карав со моите...мислев некој ме проколнал...тоа се само дел од баналните работи што ми се дешаваа перод октомври ноември 2006...среќа се опраив:pipi: значи се е до периодот..сите го иаме и тие што делуваме дека сме секогаш без прекорно позитивни и среќни
 
...ne ne mi se desilo takov period, kolku sto se sekavam, nema zasto stalno sum konstanten i se mi se deshava novo sekogash, i nema vreme za depresivni periodi...nema zoshto koa sve ide kao sto treba...
 
Хехехе... Период по дефиниција е откинато парче од една целина. Што правиме кога самата целина ми е ебан период?

Океј, да не претерувам да кажам дека цел живот седам на газот и ништо не ми се прави/не можам да комуницирам со никој, но имам големи, дебели, ќорави периоди на сивило кога не знам што со себе, а камоли со другите.

Презаситеност? Често. Премногу често. Многу лесно ми се случува после подолг период на неуспеси и порази да западнам во рутина и летаргија, да живеам по дифолт и да тонам во self-denial.

Но што со тоа? Суетата, а и нешто друго што не можам да го дефинирам баш најдобро ме спречуваат да се утепам. Можеби е надеж. За некое утре... За денес никој нека не ме р'чка. Денес цапам до колена во лајна и кондурите ми смрдат. Можеби маратонов во меѓувреме ќе се исплати, а ако не... јебига, никој не може да рече дека не сум пробал.

Sith
 
Јас лично имам проблем во врска со тоа каков став да заземам кога сум во ваков некој период кога ,,не сум при себе,, односно, кога се чини како да ,,бегам,, од сопствениот карактер и темперамент, а и околината го забележала тоа. Дали на ,,периодот,, да гледам како на нешто кое треба да го изигнорирам со надеж дека ќе си се вратам на старата јас или да се препуштам на промените по цена на жртвување на сопствениот идентитет ама пак од друга страна придобивање на нови својства или карактерни атрибути. Реплика од една минута, некој?:pos:
 
баш сега се наоѓам у таков `период`... не знам што правам, ниту што ќе правам понатаму...
 
Не знам последно кога сум имал таков период, ама кога сум имал таков период или сум бил напафкан или пијан цело време, за да не видат другите :)
Tochno taka, se pronajdov sebesi u postov:) mislam u vremeto na periodi. Koga mi e periodot slobodno mozam vaka da se izrazam: Zdravo na site, jas sum Igor i sum alkoholichar! :)
 
ммм јас обично ги предупредувам однапред тие со кои се дружам коа ке ми биде периодот за да знаат што да очекуваат од мене и како да се постават спрема мене...нервозна..да...избувлива..од време на време..чуствителна..премногу..срека што трае толку кратко иначе незнам како би ме истрпеле сите:pos:
 
Кога сум у тапа период зиам календар да видам да не сум у ПМС:pos2: .Па добро, ние женските понекогаш така се вадиме за некои работи...
 
Јас повеќе го користам изразот...ќе дојдат и моите 5 минути.
 
Нормално, сите си имаме такви периоди, не само ние женските во оние наши денови. :)
Ништо не преземам, нема што да се преземе, кога ќе ти дојде таков период, додека сам не помине - се е џабе. :toe:
Само кога сум на нула, или down, не се дружам многу, за да не мора и друштвото да ме трпи таква, покрај домашните. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom