Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
додека нашата влада е во тајни преговори
ОМО ИЛИНДЕН НИ ГИ ОТВОРА ОЧИТЕ
Република Бугарија на прво место треба ја признае македонската нација и јазик, затоа што овие реалности се главниот фактор за градење на добрососедските односи.
Ова се наведува во реакцијата на ОМО „Илинден“-Пирин доставена до македонските медиуми во врска со предлозите за потпишување на нов договор за пријателство помеѓу Бугарија и Македонија.
„Изразувајќи потполна поддршка за добрососедството меѓу Бугарија и Македонија и надминување на говорот на омраза во медиумскиот простор, не можеме да не изразиме чудење па дури и револт од некои аспекти на предложениот нов договор од страна на нашата влада“, се наведува во реакцијата на ОМО „Илинден“-Пирин.
Централниот совет на ОМО „Илинден“-Пирин предупредува дека понудениот договор претставува подготовка за блокирање на членството на Македонија во евроатлантските структури по примерот на Грција, па дури и на побеспринципиелен начин.
„Македонските организации во Бугарија се дело на македонското малцинство кое што живее тука, а не на македонската држава. Тие се создадени од државјани на Бугарија и не може Македонија да забранува на бугарски граѓани со македонско самочувство да постојат и да се организираат, ниту пак Бугарија може да го стори тоа“, се вели во писмото.
„Да се бара одговорност од Македонија за однесување на граѓани во Бугарија и со тоа да се заканува за вето за членството во ЕУ не е само барање за исполнување на невозможни услови, туку е изнудување на дел од бугарските граѓани да се откажат од борбата за своите права“, се вели во реакцијата.